Дали може да се готви на сув воздух за бебе (конкретно апаратот на делимано). Оти читам готвите на пареа или варите повеќето. Дали може да готвам за бебе во тој апарат да му печам тиква, карфиол, брокула, јаболко... буквално се?
Смеам ли да дадам пилешко од продавница? Неможам да најдам домашно а сакам супи од копанче да му правам.
Мајки, во секоја каша ставате маслиново? Знам, глупо прашање ама ај да прашам. Малава ми ги празни цревата ретко, на неколку дена. Значи не е опстипација,ама на неколку дена е сепск, и се стега по малце, се напнува. Вчера дадов хип гриз и се олесни. Мм ми вика ставај маслиново. Он да јаде со маслиново. Што да воведам од храна за подобро варење?
Сезона на костени.Кога за прв пат дадовте? Бебе е 8+. Моцарела каква давате, никогаш немам зимано, па дали да гледам состав/сол?
Јас ставав во зеленчукот. Пола мало лажиче. Во зеленчук. Така јас би го јадела. Моцарела користам од Зот. Ја има во маркет - МОЦАРЕЛА classic ZOTT. Несолена е.
Со што давате компир? Сакам да воведам и компир,досега има пробано јаболко,круша,морков,праска,ориз,гриз и банана.
Костени дадов пред да наполни 8 мес и бебчо ги обожава, така да слободно давај. Мислам дека моцарелите во глобала се без сол или имаат ептен малку, така да давај и тоа. Во зеленчуковите ставам маслиново а во овошните кокосово масло кога нема да заборавам , слободно ставај
Домат сакам да воведам, 10 месеци е полни, се мислам дали да дадам свеж кои веќе се никакви, не им е сезона или подобро да дадам болоњезе од тегличка, таму нели има дома? И што друго воведовте после 10м?
Имам од она на Bio cosmos од аптека. Тоа може така? Кажете кои намирници се царат полесно, да не ја мачи стомачево.
Девојки утре ќе и давам пашканат прв пат, да го варам само или печен? Како ви го прифатија вас ангелчињата
Да, битно да е органско ама мислам дека овде кај нас што се увезуваат се сите орг. и био. Овие први намирници што се воведуваат се лесно варат и затоа се препорачуваат. Ако ја мачи стомачето тогаш тогаш оди со 2/3 овошје или зеленчук и 1/3 вода да бидат по ретки кашите.
Јас чист пашканат никогаш не дадов,ставав малку колку за шмек зашто има интензивен вкус. Го ставам во супа, чорба. Како бебе во секој ручек по едно кругче ќе ставев по слатко го јадеше. Печено не знам како би било, мислеше така да и дадеш лажиче пашканат? Нека кажат други како, јас само вака сум го дала.