Мајки имаме дозвола од педијатарот да почнеме со месо и млечни производи - к.млеко,јогурт,урда. Ама некако не укапирав во која комбинација одат млечни производи? Насабајле му давам житарки со овошје а за ручек зеленчук со ориз или компир. Сега еве и месо ќе вклучам за ручек. А јогурт кога, со што? Ваши искуства и препораки. Фала ви
А кој јогурт /к.млеко го користите. Се нешто слушам ставале прашок ништо природно... Некој откри ли кој бренд е најдобар за бебе, па и за нас воопшто
Што е со мене што неможам цејлонски цимет да најдам??? Купив кус кус денес, освен со зеленчук, со друго нешто иде? Фала
Синко е 12+. Можам ли веќе во појадокот со житарки и овошје да му додавам мелени ореви, лешници, сончоглед, семки од тиква на пример?
Можеш Хепи после годинка се. Голем е, убаво е се да проба. Ако немате историја на алергии, давај од се по малку. Јатките се ептен здрави во умерени количини.
На колку време ви бараат јадење? Моиве на 3 саата, без разлика што имале обилен оброк, компир,месо посебно.... И со што да појачам оброци за да ги држи саглам,посебно навечер, со бисквити и млеко? друго? ај ве молам некои солидни комбинации, полудев со ноќнине барања за млеко, само едната, другата е добра.. еднаш се буди само, цела ноќ..
Не бара оти е гладна , бара од навика. Многу е тешко ноќното одвикнување. Ќе успееш само со презаспивање. Плачат на почеток , се лутат, ама после ќе се помири дека нема млеко додека спие.
Леб со к. млеко, палента со к. млеко, сутлијаш со АД и ке ставам и некоја бисквита па некогаш и банана, гриз со АД и банана, овесни до АД и банана со какао...гледај да има глутен, глутенот е тој што држи доколку мислиш дека се гладни. Јас одамна не давам цицка навечер па пак се буди бебчо, некогаш повеќе некогаш помалку некогаш па ич.
Од утре сакам да почнам да му дадам дохрана..ептен се мислам, сакав барем до полни 6 да бидеме на ексклузивно доење си мислам да не е касно..па се решив да почнам... Никаде не можам да најдам непрсксно, и да има некој знам дека ќе ме излаже, но немам мое дома.. Некој ми подспомна дека може во вода и сода да постои некој саат...знае некоја или џабе ќе ми биде... Плус малку ми е страв и дека сме со атопичен/ алергиски најверојатно дерматит ако има некоја реакција нема да знам од што ќе биде... Со што најпрво да почнам, по колку, што/како... Може некоја да ми каже, прво бебе и не сум уходана многу, а педијатарот не ми кажа многу... Кое време треба да биде?
Аха, значи додаваш АД во се... ќе почнам и јас така... гриз посебно... уште кисело млеко им немам дадено а и леб... фала ти! иначе, мојата ад пие ама излеа стварно е од навика само...
Офффф, каков тежок карактер е...цела зграда ќе ја дигне...и да, приметувам дека не е гладна пошо не ја лапа цуцлата со таква стрвност ко порано него онака као ај ќе се напијам..