Поздрав мајки. Бебе е 4 месеци и 1 недела. На ексклузивно доење сме со еднаш во денот од шише молзено. По совет на педијатар и моја одлука до 5 и пол не давам ништо последната недела од полн пети месец почнуваме со вкусови, па после 6 по еден оброк итн. Последно забележувам имам повеќе млеко( зголемени потреби на бебе- расти) но бидејќи ноќе во 12 часа станува 1, а од страв од претрпени 2 мастита се молзам 1-2 пати. Тоа и го давам преку ден колку да не се фрла,но гледам нема потреба, го повраќа Прашањето ми е дали ако го замрзнувам може да го користам за приготвување кашички после 6 месец? Како е процедура? Или исто како и за пиење. Веќе имам залихи од почетокот.
За денес Тиква и крушка печени Чим имаш блендер ќе ти брка работа ја на почеток сакав да купувам готвач на пареа ама не земав и можеби поарно не дека не е убаво далеку од тоа ама и печам в релна и во тенџерче и варам така да за некое време ќе поминеме.. Еве го нашиот прибор Во чинијата на свекрвами од сервисот печам брзо загрева и да загоре се чисти лесно не купив мало тафченце за нејзе..
А да каже некој како да ја натерам вода да пие И колку време ви се случувало да немаат столица откако поминавте на дохрана. Денес е пети ден, цуфнува по малце и ми е шубе.
Вода пие само од чаша, мала, за ракија За какањето требаше некаде 1 месец да се стабилизира, после тоа си кака по 3 пати на ден.
Ние сме 5+ ,вода само од лажиче,а со шише ептен ептен реткко ако е жеден многу па да повлече неколку пати. Исто и сокчиња не сака да пие од шише ,ја гризе цуцлата ,ама сокчињата и поубаво што не ги пие
@hristinan12, @BabyT* моево се гади од вода, ја плука. Одвај 20мл цел ден ако испие. Со пипета од нистин капки и со дозер од сируп и давам. Ни лажиче, ни чаша поминува, за шишенце да не правиме муабет. Ги фаќа за цуцче и ги тресе, си игра.
Е тоа незнам, јас немам појма како треба да изгледа тоа кога излегува заб. Непцата и се онака бели, ама не набабрени ко што ве читам сите. Ќе знам кога ќе видам заб
Тоа и правам. Сто пати на ден. Една лажица, една, ке пројаде. Вода исто, сега ќе ја пресоблакам по милион пати на ден, ама мора.
Морковот во што го блендиравте? Имам нутрибулет, рачен блендер и едно друго од топ шоп како за смути..во ниедно не успеав каша да направам Хелп малку ☺️ 1.По три дена да давам или доволно ќе биде два или третиот комбинација? 2. Имам замрзнато слива, ќе може од таа? Само не ми е да лупена.. (да се одмрзне,па ќе ја излупам пред да ја варам) или да купам готова на хип?
Кога ќе ја извадиш сливата, нека постои десет минути на собна температура и љупи ја. Така е полесно. Јас и суви купувам, ги варам, блендирам па цедам со газа или цедалка за чај.
Фала, да поминеме со морковот, па сакам крушка, па ќе пробам слива. 5+ сме освен морков, друг кој зеленчук може? Компир(батат)?? На вкусови сме..