Кој прв млечен производ можам да го дадам? За некој ден сме полни 7 месеци. Освен палента и овес со вода и маслиново, друго апсолутно ништо несака
@Leo-nora ја лупиш, сецкаш на тркалца и вариш 10-15 минути. Компирот варен па пасиран со вилушка. @srekice можеш со кисело млеко, јогурт од млечни да почнеш.
Тиквицата 15 мин максимално. Компирот со вељушка гмечен, и во двете комбинации можеш маслиново. Кисело млеко прво пробај 2,3 дена по малку.Прво давај чисто, мене мешано со храна не ми даде реакција, а на чисто се вцрвени во образите. Па не смета да ставаш во зеленчук, било како и со месо и без. Не ставај само во палента, ориз, просо и овошје.
Не сме уште. Искрено не ни сакам да дадам пилешко. Ќе почнам со телешко и мисиркино. @BabyT* кравјо кисело млеко?
луѓенца бебчо е 5+ и му дадов 2-3пати ноќна каша таа што е со праска јаболко и гриз,ама не сум видела дека има глутен. Немаше никаква реакција од кашичката ама па сеа ме јаде црвот дека после 7м е глутен нели. Да го рачунам како воведен или да го рипнеме до 7+?
не му давам вечера,кога го оставам на чување само ако побара да цица а нема млеко оставам кашичка колку да се засити малце додека дојдам..
Подобро остави чајче да се засите отколку да јаде навечер, безразлика колку е количински, на 5месеци е многу рано.
Цреши, вишни од кога може? Имам многу фин компот од вишни па сакам овошен јогурт да и правам. И уште нешто. Од каде купувате мисиркино, па и пилешко? Пилешко имав домашно, проверено, ама луѓево немаат сега.
За прв цел оброк колку е нормална количина кашичка? 100гр - 130гр? Исто колку една тегличка на Хип/Лино? Со домашни си почнав, па прашвам за точно да знам.
не пие ни чај ни сок ни вода,што има. врска ако во исклучителни ситуации јаде кашичка?сепак тие намирници и онака ги јаде за појадок и веќе месец дена јаде јаболче на пример,нема да му направи никаков проблем ако го јаде и навечер истото. Моето прашање беше поставено само за глутенот,одговор добив дека треба да го сметам за воведен и само тоа ме интересираше. Ви благодарам на одвоеното време ,имајте убава вечер
Не ти кажуваат со лоша намера, може не знаеш, може си неинформирана дека прв оброк се воведува како појадок дека навечер може да му биде тешко на мешето. А твое е дали ќе го прифатиш тоа или не, сепак секој си одлучува за своето дете. На пример ако ти е поприоритет да испаднеш навечер нека му даваат вечера додека те нема. Твое право никој не те осуди само ти укажаа како треба.