@Мецаа91,  мојата свекрва не се уморува, верувај ми. Ако и вратиш нешто, дали јасили мм, она и свекор ми креваат нос, се љутат неколку дена. Не доаѓа ни внуче да види, и после си тера пак по старо. Џабе е се, само смешкај се,и жали се на фемина Инаку, јас денес и дадов : -Д: Овесни, гриз инстант на Хип и круша. Изеде 40 гр -Р: печена тиква, компир и брокула варени. И од ова одвај 30гр изеде. И да додадам. Овошје давам од тегличка, Hipp и Holle. Ок е така?
Многу ти се чудни комбинациите Пример тиква и брокула ми нема некако врска. Компир само со брокула е ок. Појадок ставаш и овес и гриз? Стави или тоа или тоа. Инаку океј е да ставаш од тегличките. Немаш потреба толку работи да мешаш. Или ставај кромид, лук со плус уште две.
Несака гриз со млеко па бидејќи сака овес, онда и го шлепам по пола за да јаде Ова со тиква, брокула и компир е топп вкусно. Наместо морков користам тиква. Малово несака кромид ни лук. Се мршти
Тогаш пробувајте откачени комбинации Иако многу малку е тоа на грамажа, ќе пројаде кога, тогаш. Инаку да ве прашам дали кога е веќе воведено козјо к.млеко и благо козјо може да се даде сирење? Или и тоа треба да пазам? Т. Е прашањето е дали е исто или може пример на сирење да покаже алергија.
Жени каде грешам со комбинациите со жолчката.Минатата недела дадов жолчка со палента,грашок ,боранија бебе ми поврати.Паузирав малку,денес дадов пак жолчка ,палента,компир, морков и брокула,и пак ми поврати после 2 часа поминати од оброкот.Дефинитивно нешто не оди заедно .Инаку воведена цела жолчка речиси две недели наназад ,само што на почетокот ја давав со ориз ,спанаќ и брокула. Реакции на почетокот немаше никакви.Јајца органски од сам старт користам. Уф колку грижа на совест само имам.
И мене ме интересира ова со млечниве производи. Кај мене во табелата од педијатарот ми стои прво младо сирење, јогурт па тек во 8-ми месец кисело млеко. *Sara* јас не и давам банана. Не ја сака едноставно, и не и форсирам. Можеби зашто ни самата не јадам.
А да пробаш поедноставни комбинации. Јас давам јајце со палента и моцарела, или спанаќ и јогурт. Пробај со 2-3 намирници само.
Помислив дека премногу работи мешам и јас, сигурно му е тешко на стомачето, ќе намалам од наредна недела па ќе следам
Да пишам една шала на моја сметка Во првиот брак ми се погоди свекрвата, ама мажот не се погоди Сега мажот се погоди, ама свекрвата не Кога можам да дадам вишни?
Не иди на трета ни двајцата нема да ти се погодат Вишни се сезонски сега јас би давала на твое место се што е сезонско.
ќе ти биде ли тешко да споделиш од која страна се тие податоци? И јас не сум баш спретна околу комбинирањето со храната
Исто и јас поминав на моја кожа мн добро знам ама било па прошло, затоа сега не се замарам со џеврие моја... Поздрав девојко
http://www.hranazabebe.com/ Еве ја страната со секој одбран зеленчук или овошје има опис кашички рецепт и најдоле со што се комбинира
Туку купив авокадо ама е камен тврдо сигурно е зелено го ставив на топло да стаса така ми кажа продавачката, треба ли скроз да омекне па да го дадам, со што го комбинирате читам со банана има... Не сум купувала никогаш прв пат ми е
А зошто палента во сите комбинации?Или давај жолчка со палента или жолчка со грашок.За грашокот можеш плус за вкус да додадеш малку морков,компир и кромид, ама по малку.Јас давам и со црвена леќа,пиперка и малку компир. Битно едно да биде главна намирница,а другото се смета за зачин.