Знам.Но ете ја додадов за да добијам количински повеќе ,зашто тој си јаде по 200 гр горе долу за ручек,а само како палента не ми поминува, вака маскирана мислев да му ја протнам ,а од друга страна пак без неа треба да додадам повеќе компири а тој пак му прави запек,али некст тајм ќе пробам по "сиромашно".
Да прашам за бебиња кои се на доење млечните каши како би ги давале? ова ни го пратија во едно од пакетчињата за бебето. За него уште околу 2 месеци ни треба за да го пробаме,нели со наполнети 6 месеци ама да знам со време
Давал ли некој пченица на Holle? Да знам дали да ја отварсм или не. И, на секоја кутија пишува 3-4 недели од дата на отварање да се искористат. Се придржувате до тоа или додека не се истроши
јас стрикно тој производ не сум го користела ама до датумот се придржувам строго кога се работи за бебе. И на хипп АД млеко има рок 3 недели од отварање и 2 кутии повеќе од пола ги фрлив на почетокот кога беше со плус дохрана. За првото кога воведував гриз мислам и на него имаше рок и пред истекот ако не му го дадам ќе го искористив за нешто друго.
Јас купувам од Хип, ама не се замарам со датата. Ги користам додека се потрошат, само пробувам пред да дадам на бебе. До сега не се расипало ништо и два месеца да било отворено. АД млеко се расипа после 3 месеца мислам. Прво прочитај убаво состав, да воведеш се што има во кутијата засебно. Јас ги правев со мајчино млеко зошто замрзнував, кога се потроши со АД ги правев.
Ние ручкавме палента конечно, и испеков јаболко во повеќе вода и од таа додадов во водичката за палетата и ги изблендирав, изладивме скроз и се изручка, дури со рачињата се тргнеше по чиничето, значи едно јаболко и две лажици варена палента и направив, очекував да се мршти пошто ако има парченца несака или ако не е мазна смесата... Поздрав девојки
Ееее и јас со оризот на хип бев во недоумица и го фрлив, наместо да направат и во помало пакување они волкави големи кутии божем ние ќе јадеме..
@Ringishpil_ пробај со просо, сирење/намаз/јогурт зависи што ти јаде и жолчка. Така поминува најчесто. Можеш и со леб да дадеш кајгана на путер слободно време му е. Од тие варени комбинации почнувај полека да се придвижуваш кон обични, зошто некаде кај десети месец има изразен протест кон храната и се ќе ти одбива па да имаш златна комбинација за резерва. Месото прво на тапет е.
Ама тој си јади се пупу да не го подречам,и жолчката ја јади не дека ја осеќа па да ја одбива ,само палентата така чиста не ми ја јади ниту со јогурт никако,па затоа ја протнав со другите зеленчуци ама изгледа направив бомба па му дојде тешко па после подој ми поврати, али ум за друг пат што би рекле. Инаку уште јади блендирано,ако дадам пасирано или поголемо парче уста затвара и одбива да јади ,па некако подлегнувам да давам блендирано уште,а веќе е 9 месеци,мочко голем е веќе треба да се учи да џвака али полесно му е лапни голтни. Мое е само да нудам кога тогаш ќе научи.
Јаболка, круша, слива, морков, банана.. ова му дадов на синко за вкус.. што би можела сега друго За 3/4 дена ќе прави 6.
Здраво и варев тиква и крушка и додадов варена палента и ми испадна за уште две деца, да ја ставам во тегличка и утре да и дадам од истата ќе може ли?
Здраво кашичкава ни беше во НГ пакетче и дадов малку ама е мн грда на вкус, стоплена не ја сака. Има ли некој начин да ја подобрам да додадам пример печено јаболко
Сите каши исклучиво ладни ги јаде ќерка ми. И од фрижидер дирекно да се. Стоплени нејќе ни да ги мирисне.