И јас баш то се прашвам. Нека ни кажат поискусните. Искрено мислев 1 тегличка 125гр шо е. Ама овошните не ги сака цели, зеленчукови и се вкусни повеќето но ако ја изеди цела се прејадува и е многу и ми повраќа. А убо си цица, напредува во килажа. Денес пример изеде само 10 лажички од слива и јаболко. Ама како шо реков убо си цица. Водичка зависи 5,6 лајчиња.
Дај му од чаша, време е да учи да пие само. Можеби така ќе пие повеќе, иначе колку сака, толку нека пие.
Се ве читам наназад и пишавте дека повеќе од 6 намирници не се даваат во еден месец ама па 80% од намирниците се воведуваат во 6ти и 7ми месец. Е како??? Значи сепак би дошло повеќе намирници во еден месец да се дадат. Освен ако не се почне порано со воведувањето
прв пат слушам јас за ова ,јас за еден месец и една недела имам воведено 11-12 намирници, 2-3дена едно,па наредните 2-3дена друго. пример кога воведов 3дена јаболко,наредниот ден воведов крушка и немаше реакција па наредниот ден дадов јаболка и круша заедно. ако има алергија одма ќе се покаже,но за секој случај се воведува 2-3дена . Јас имам едно друго прашање ,во пакетче добивме сокче од јаболко грозје и вишна,ова сигурно е за после година дена или ?
Зависи кога ќе ги воведиш сите. Пример јас грозје дадов летото кога беше сезоната некаде имаше 8м,вишната исто.
Мајки ве читам и велите палента на 6+ давате. Јас купив на Corn од Веро. Пишува Без конзерванси, без вештачки бои и ароми. Но и назад пишува може да Содржи Глутен и соја во траги. Како да постапам? Или на сите пишува така, па се замарам до детали???
баш тука во оваа тема читав за тоа. Некаде после 50тата страница. И цело време се повторуваат тие коментари
И да содржи глутен веќе и ви е време да го воведете доколку се уште не сте. Глутенот треба да се воведе не порано од 5ти и не покасно од 7ми месец.
Не покасно од 7ми? Ауу не знаев. Окау фала мами Некои тука имаат по две, па и три дечиња и се повеќе искусни. Јас сеуште сум на почеток, учам секој ден
Кажано од др. Александар Сајковски, според мене еден од најдобрите педијатри, посебно кога станува збор за исхрана. Еве и линк каде што зборува за истото, некаде 6:50 минута, а убаво е да се изгледа и цела емисија, многу поучна е. Јас воведов глутен на 6ти месец со спелта, сепак вие си знаете најдобро за вашите деца.
Да и јас го ценам овој доктор, меѓутоа нас Паскалов ни е матичен и за мене неговиот збор е закон. Ќе ја изгледам и емисијата секако. Благодарам.
Учен доктор, само ако не гледа материјал кај твоето дете за лечење, односно начин да извлечи пари, не те ферма. Толку прочуен доктор, се изненадив од неговиот пристап. На сите едно исто кажува, на сите едно исто препишува и препорачува и притоа не крева на мобилен иако така сте се договориле,едноставно за да платиш пак преглед кај него. Извини се изнервирав немаше врска коментарот.
Да, го имам пратено порано, ама сега малку пркна бебка и по неа цел ден,не успевам да стигнам да гледам видеа, емисии со педијатари. @BabyT лично не го знам, ама по тоа што го имам гледано и слушано добар е.
Од збор до збор. Подрзок човек не сум сретнала, а доктор педијатар. Инаку да не сум офф, со што воведовте глутен прв пат? И јајце како почнавте да давате? Бебе ќе тргне од 9м во градинка и совет од градинка е да има воведено јајце, нели и за вакцина барем месец порано. Друго, бебе од кога премина на цврста храна никако не кака, само ако го држам јас со нозе во вис, сам нема шанси. Кога се регулира столицата кај вашите малечки?