Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    3.120
    Искрено кај него не сум била лично на преглед, така да неговиот пристап не можам да го коментирам, ако е навистина толку дрзок, срамота ќе речам. Но, го имам гледано во многу емисии, и неговите ставови и тврдења се секогаш издржани, затоа во неговата стручност мислам дека не би се сомневала. Секој со своето искуство и размислување. Има педијатри кои исклучиво се држат по препораките на СЗО, други се држат по некои застарени методи, наше е да одлучиме што е најдобро за нашето дете.
    @cinderella5 прво дадов кифличка што содржи цело јајце, после дадов да проба и чиста белка, околу годинка некаде.
     
    На BabyT* и happygirl им се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Глутен воведов со гризот плав со бебе.
    За јајце незнам како да те советувам, за жолчка ок ама за белка некако многу рано е. Посебно ако има дерматит треба многу бавно и внимателно да ја воведуваш.
    Околу столицста ќе се регулира сама после некој период. Ставај сливи и избегавај секој ден храна што ствара запек.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.013
    Пол:
    Женски
    Немам лично искуство со докторот, ама она што го зборува по емисииве е точно, конкретно ова со глутенов, пошто тоа не е само негов став, туку и на СЗО.
     
    На kukla21, BabyT*, sweet.november и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Кај нас за околу месец дена траеше адаптацијата, ама се зависи и што јаде ако јаде слива, круша, тиква, јаболко повеќе пати кака ако и дадам банана, ориз, морков, компир може и два дена да не кака и затоа гледам да и комбинирам од се по нешто, ако и давам ориз и давам во текот на денот сокче од слива, а и не е страшно и нормално е да не какаат како порано не се само на млеко сепак да не е повеќе од една недела а ни се има и тоа случено на 8мата ден да кака...

    Ме интересираше нешто м.масло додавате кога ја блендирате кашичката или и во варењето може да додадам?
     
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    И ова со белката после година е жива глупост. Ако нема бебето атопичен дерматит или предиспозиција за алергија на јајце нема зошто да чекате толку за да воведете белка кога истата е богата со протеини и е супер храна за деца во развој. На 6м воведов жолчка, набргу потоа и белка. Сега на 9м давам од нашата храна, кифли, кајгана, урда со јајце, спанаќ со јајце...

    Ако детето е алергично нема ништо да сменат тие 2-3 месеца, дури и по најновите истражувања алергиската реакција е побурна кај поголеми деца. Претпазливост треба само првите 2-3 пати додека го воведеш алергенот, да дадеш по малку и да следиш реакција, ако нема ништо тогаш зошто да го лишуваш детето од нешто толку корисно?
    Некои мајки пре би дале шеќер, палмина маст и сл отколку белка или цитруси, е тоа не можам да го сфатам.
    До 9 месеци речиси сите алергени и ги воведов и млечни и јајце цело, риба, јаткасти, домати, цитруси (сите можни), киви, зрнесто овошје секакво.... ништо досега не направило проблем.
     
    На cinderella5, Spidy, BabyT* и 3 други им се допаѓа ова.
  6. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Јас маслиново додавам на крај во кашичка. Во блендер само еднаш ставив и одвај го измив:D
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не би да навлегувам во дебата дали си во право или не, ни самата немам некои поопширни познавања на темава за да тврдам било што. Најчесто се водам по совет од педијатар и понекогаш сопствен инстинкт.
    Меѓутоа морам за едно нешто да те оспорам од лично искуство. Велиш дека 2-3 месеци не прават разлика. Прават, и тоа како. Некои намирници не треба да се даваат прерано и можат да јават алергија доколку се рано воведат. А подоцна не. Мое внуче на 7 месеци појави алергија на малини. Демек ајде сега има свежи убави. И заврши со инекција. Следното лето кога веќе беше година ипол пак проба и немаше никаква реакција.

    Ете ти си имала среќа, имам и јас. Дадов порано многу намирници и ништо не ни покажа реакција.
    Но ова како совет на нови мајки сметам дека не треба да се дава и дека стварно треба внимателно со воведувањето

    Да, генерално никои немаме проблем. Ама толму поради таа една мајка и едно дете кое ќе појави алергија, препораките мора да бидат претпазливи
     
    На Makedonka007, Coco31, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    4.998
    Пол:
    Женски
    Деновиве сакам да воведам жолчка, а во деновите кога ке паузирам дали да воведам глутен? Да не му е премногу?
     
  9. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Направи бар 2 дена пауза пред да воведеш и глутен. Иако ако има реакција ќе јави одма, ама јас така сум правела.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.013
    Пол:
    Женски
    Реакција на глутенска житарка нема да се јави одма. Се јавува ако има алергија, а глутенот не дава алергија. Алергија дава самата житарка. Да не се мешаат тие работи.
     
    На Spidy и happygirl им се допаѓа ова.
  11. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки денес ручкаме
    Тиквичка
    Карфиол
    Батат и малку
    овесни снегулки
     

    Прикачени фајлови:

    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. holly33

    holly33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    801
    Што се воведува од 6-тиот месец натаму? Кога се воведува месо? Што се воведува во 7 и 8 месец? Кога може да се даде компир,ориз, житарки,глутен?
     
    На Makedonka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    4.998
    Пол:
    Женски
    Со што го даваше јајцето на почеток и која житарка за глутенот?
     
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Докторот е врв, со знаење и се затоа немам коментар. Јас немам убаво искуство со него, дадовме 20 000 за испитување и прегледи за накрај да не ми крене слушалка. Ѕвонев 10пати и уште толку пишев, од страв да не завршиме пак во болница.Притоа сам тој рече дека ќе се слушнеме телефонски. За мене е доволно да не се вратам кај него.
     
    На cinderella5, Spidy и Annath им се допаѓа ова.
  15. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.667
    Допаѓања:
    4.998
    Пол:
    Женски
    Сега го гледав видеото, сериозно 5 пати во неделата треба месо да се дава?
    Син ми ги обожава месните кашички, што е до мене би дала, ко што сме со брз метаболизам и јас и татко му па и тој ручек без месо не не заситува.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.870
    Допаѓања:
    203.013
    Пол:
    Женски
    До година да, им давав и на двајцата пет пати неделно месо, некогаш и 6 пати. Како пораснаа, намаливме на количината на месо. Ама 4 пати неделно има.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Жолчка на почеток давав за доручек само со овошје, само така ја јадеше. Цело јајце уште како дел од оброк уште не сум дала, само кифла или палачинка која содржи јајце. Планирам викендов да пробам.
    А глутен воведов со гриз.
     
    На cinderella5 и flower55555 им се допаѓа ова.
  18. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Женски, без глутен беа киноата и просто, така?
     
  19. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    3.120
    Да, и јас давам сигурно 5 пати, некогаш може и секој ден да има месо во оброкот, додуша сега е и голем веќе 18 месеци е. Месар е и мојот, многу работи и не ми ги јадеше, па со месо ги пројаде, на пример леќа:)
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Може да ми кажете костен со што може да се искомбинира? Знам за 12+ е ама да се информирам со време