Ја ставив во супа и мислев ако не а јаде да ја измешам со к.млеко ама добро ја изеди. Уште ја воведуваме затоа се мислев да не има нешто друго. Фала
Уште подобро во супа, и тоа цело јајце рендано. Големиов не сака јајца воопшто, во супа не ги сеќава. Дека густа ја правам, го рендам вареното јајце и јаде.
Матичен може да биде било кој општ лекар, не мора да има завршено специјализација за педијатрија. Само сите ние генерално ги запишуваме децата кај педијатри.
Да прашам, сокчиња од кога почнавте да им давате? Имам неколку од пакетчињата, дали можам да дадам од тоа што имам воведено до сега, 6 месеци е малата.
после една година. И тоа сокче од домашно цеден портокал со лимон. Најмногу ради витамин ц во периодов на настинки. Инаку и тоа не би давала ја не би никаков до година. А и потоа само природни и тоа пак ретко. Такви купечки ич
Можеш да и ги дадеш. Ако толку ти е страв од шише мешаај во кашичките за да ги потрошиш. Јас поклонетите му ги давам, но да одам да купам сокче за да пие наместо вода нема шанси. И поклонетите готови кашички му ги давам не ги јадам јас иако сум поборник за стрикно домашни кашички
И јас и давам од готовите кашички тоа што може сега да јаде, а за сокчињата дефинитивно не и давам, по секако сакам да се научи вода да пие.
Ти си знаеш аама еве моево и вода и сокче си пие без проблем. Не значи дека ако пие сок нема да сака вода и обратно.
Имам неколку прашања во врска со просото. 1. Дали го накиснувате пред варење? 2. Дали го варите па го блендирате? (Нели логично е така, ама читав негде прво да се смеле па да се вари) 3. Со што го комбинирате?
Просото ако е лупено, а најверојатно е, не се кисне. Се вари дирекно. Нема ни како да го мелиш, баш е ситно. А и зошто би го мелела па блендирала? Тоа е малтене исто. Се комбинира и со благо и солено. Неутрално е.
Јас го киснам 8саати. До сега го варев па го блендирав ама не се блендираше убаво остануваа парчиња и не ми го јадеше, па за нареден пат планирав прво да го мелам па да го сварам. Го комбинирам најчесто со овошје, а и со зеленчук не е лошо. Дајте некој рецепт со целер
Мамички не ми јади кашички бебе ич. Си цица убо, а ја осеќам дека почесто е гладна, бара цице. Ама со кашички скарана е. Имав пишано комирот го сакаше. А сега не ми јади ништо. По 3 4 лажички со сила. 6м и 2 недели сме Хелп
Или се заби или скок во развој. Нуди преку цел ден по некоја лажичка, колку апне толку. Обично после таков период јадат како не видени. Исто е.
@Makedonka007 пробај потечни можи ке ги јади. Син ми едно време ги сакаше густи, па почна да ми се мурти на секоја каша дури да сватам дека сака лапни голтни @Mamy. да му купам замрзнати нема гајле?
@BabyT @flower55555 Фала мајки Иначе сега изеде речиси пола кашичка Морков со компирче, таа и е омилена. Густината беше таман овој пат. После пак почна да кемка, на цице и ете заспа. Скок е сигурно, често кемка и поќе спие.