Мами дали прокељот можи да се замрзни? И каков кефир му давате на бебките, сакам да и воведам 9+ е, јогурт, кисело млеко си јади
Уште едно прашање Дали секој ден правите кашички или ги правите за два дена? Секој ден сум лом во кујна, се за едно тегличе. Ами по две кога ќе почнам, ами по три... Кај ни е крајот тогаш. Дали оставате во фрижидер за нареден ден?
Хаос сум во главата. (Дојдов малку да се пожалам) минатиот месец на педијатар (тогаш имавме 4 месеци) докторот рече почни со овошје. Патронажната два пати ми се јави тој месец рече немој до 6 месеци ништо не давај ако цица. Одам на трето мислење. Таму вика 4 месеци е рано ама 6 веќе е касно. Треба да има барем еден оброк. На крај почнав на 4ипол месеци да давам јаболче морковче круша и тиква по 2-3 лажички во денот чисто да вкуси,да смени храна да видам и меше како ќе поднесе и дете како ќе реагира. И тоа не давав секој ден. Денес одам на контролрн преглед утре правиме 5 месеци реков да прашам што понатака. Уште повеќе се запрепастив од кажаното. Давај сега солено, зеленчуци. Супа можеш да даваш и ко рече пире од компир давај навечер да го држи сит преку ноќ.... човек стварно да се чуди.
Која телепатија Емкеее Те мислев вчера, кај е женчето си велам и мислев да прашам денес за тебе, ама ме претекна ти. Не беше активна во последно или јас не те гледам??? Иначе да, лом правам се. Поточно се растурам за едно тегле. Лупи, сечи, вари, па во нутри, па турај во тегличе. Па ајде рани И после детално да се мие нутри, па тенџерче вади то шо останало, па мијај тенџерче, па тегличе... И секој ден така за 100гр. Ама ок и јас сакам тазе за бебе нормално. Ќе си растурам ќе си мијам, немам друга работа сега. Сакав и друго мислење.
Марчи жити се кој те советува вака аман??? Какво солено, каква супа бре. Мали се уште нашиве. Ние уште цицаме, па еве сит е ништо не му фали. Греота на стомачето да му даваш такви работи уште од сега.
матичниот. Бев денес на контролен рутински преглед и започнавме разговор околу дохрана и воведување на прв оброк. Од една страна вика супер напредува на 5 месеци 8кг од друга давај да јаде. Се изненадив. Истиот матичен и на првото дете ми беше (уште е) ама вака глуп и безвезе совет не ми дал. Тогаш советуваше супа од варено месо крај на 6ти а месо почеток на 7ми. А сега .... Не, сериозно сум изненадена.
Баш отворив тука да прашам а @Мариаа. И @marchi-cool веќе дискутирале. Ние ближиме 5 месеци и сеуште сме на екслузивно доење. Се консултирав со педијатар и патронажната за дохрана ми рекоа ќе видиме наредна контрола. Веќе недела дена сме во Банско и немам претстава како сме со килажата ( бидејќи дома ја мерам), но како повеќе да цица и некако живната е. Ептен се разгуга, се врти многу пати од меше на грб и обратно. Покажува интерес зза храна страдни сме да јадеме пред неа. Плука цуцла и жвака напразно. Се слушнав со друг постар педијатар за друга работа, па ми рече крајот на јануари да почнеме со овошни каши и сокчиња. @Yowannty @Septemvri и вие сте ни генерација, дали почнавте со вкусови? Како планирате? Знам дека мајката знае најдобро кога треба, мојата ја гледам спремна за дохрана ама ми е жал убаво си цица и напредува
@PoisonGirl не те спомнав горе во генерацијата, а читам почнавте со вкусови. На доење сте? Како прифаќа бебушко нова храна?
Со оглед на тоа што денес прв пат почнавме со кашички супер беше , битно да има нешто во уста. Си шлапкаше со сласт синко , дури ми се дигаше од релаксаторот додека зинуваше. Инаку да , само на доење сме, со чат пат лизнување на јаболкце , кива , мандарина.
за кива внимавај алергена е. Знам бидејќи една пријателка ја даде на 10 месеци и девојчето и фати алергија. На педијатар и рекоа дека требало да ја воведе после 12 месеци. Јас во изминативе 2 недели дадов да лизне јаболко круша морков и тиква. 3-4 лажички каша 3-4 вода и доста му беше. Ама па си сакаше си бараше уште. Се изненадив што морковот со сласт го јадеше за разлика од првото дете кое не сакаше ни да го мирисне,нели блуткав вкус има.
@Presrekna ако убаво цица и напредува нема потреба од форсирање, но секако како што кажа и сама, мајката си знае што е најдобро за своето дете. Ние сме на контрола во понеделник. Јас ќе добијам листа со намирници за почеток, ама не почнувам сеуште. Мојава па уште не покажува никаков интерес за храна. Единствено вода проба. Со оглед на тоа што додека ја бањаме знае да оближе усни, а и глодалките од фрижидер поради промена на температура се влажнат и ги лиже, си реков нема да е штета ако и дадам да лижне малку и со намера колку да и видам реакција, значи и дадов на 2 пати по неколку капки и гледам шмука ли шмука.. и тоа е се од нејзината заинтересираност. А како тргнала со забиве, наскоро ќе има заби и за “ореви кршење” ама таа уште ќе си љуби цицка.
Лелееееее,абе тебе сум ти пишала....леле сега те приметив женче,сум одлапела скроз излеа јас хахахаха не те познав или толку сум перципирала леле не ми се верува,,,извини Македонке мила, срценце... појма немам како тоа така... офффф... ма и јас лом се праам ама некако излеа се испраксирав, па брзо ми оди, хахаха плус не ми се во исто време ,, можеш да замислиш, таман си средил една, ајде на ново за друга, за да нели не и стои ако и напраам оддеднаш за двете,абе хаос... Добра сум срце, слабо активна да, само менија за бебушкиве барам, едни те исти јадења им ги вртам, незнам шо да измислам а да не одзема многу време за праење хахаха... абе дома сме уште и затоа иам време и живци та иначе... кашички имам купено ама така им стојат, незнам кога да им ги дадам. секој викенд набавуваме зеленчук и овошје и некако ми е жал така се тоа да стои а да давам во теглички... и така...тераме.... вие како сте мила??? се ли е во ред??? срце мое, те гушкам силно....
Здраво мајки Вчера јадевме спанаќ супер помина со компир и го дадов се тепаше по чиничето, денес исто спанаќ компир и морков ќе додадам... Оризот за утре го планираме поздрав од нас
Емчее срце, Немај гајле знам како е. Читаш, пишиш умот не ти е тука. Важно ме препозна срце. Алал да ти е стварно. Со две по цел ден ти е многу забавно. Нахрани едно, па друго. Па пелени сменвај една, друга. Па заспивај, и во круг. Ако, вреди! Јас со едно сум и така еден дел од денот сум позитивна, друг дел омалаксана без енергија, ама нормално. Ај да не бегам од темата, често се случва овие дена.. Да си кажам почнав со палента, ја сака колку и се друго по 10 лижичиња. Иначе вчера морковчето со компирче го јадеше пола, ама покасно ми поврати. Значи компирче ич не и прима стомачето, а го јади најмногу. Ќе одиме утре на преглед, па ќе ни кажат и за храна шо како да прајме со бебушот. Маки со јадењето... Брзо да помини само.
Ќе биде срце, не се секирај, како викаат Децата и вака и така ќе си пораснат Полека само смирено, да не те фаќаат паники, јас на почеток бев таква сеа колку толку се опраив...иначе,да,напорно е, како растат се повеќе се захтевни, па треба да ги занимаваш, па намалија со денско спиење, шо да ти кажувам, единствен одмор ми е за викенд и тоа еден ден шо ќе излезам да се видам со луѓе, па ги причувуваат бабите, иначе ќе збрлавам без издувен вентил Мене од компир ми поврати едната ама мислам зашо после тоа некој си 2 саата и дадов млеко, па излеа и дојде тешко, од тогаш внимавам...