Јас, не цела кашичка али овошје, тиква, брокула се посебно у тегле и у фрижидер. Кај ке постасам доручек, ручек, вечера за нас. Па и за мм за работа па и колаче, торта и уште за дете да спремам се кујна да досредам и садови да измијам. Компир само немој а друго зашто да не
Абе кешки она да јаде, јас по такси ќе ти праќам, кај за две па и за три ич не е проблем Секој ден свежо....
Десет минути да врие, се познава.Исто како за вас што вариш.Можеш пиперка, кромид, лук, морков да ставиш. @Emma2, пази што си рекла Денес кркна телешко
@Emma2 Алал да ти е пак ќе речам. Сите сме мајка сите сме најмајки за нашите, ама ти си дупла! Ајде кога ќе пораснат па дупла помош ќе имаш и плус две најдобри другарки, шо сакаш поќе Иначе Емче, само да јади со песна ќе ги прам кашичките. Ќе гледам да ја навикнувам поќе пати дневно, па ќе почни и моето да си јади ко сите. @srekice И ти машала в кујна си останата. Готви, само нека јадат најмилите.
Пиле на Перутнина може ли за малава да давам? Не им било сезона на домашните сите имаат големи кокошки стари..тегави се баба се смее вика со клинец(шајка) да ги вариш ќе треба(кога ќе се свари клинецот тогаш и кокошката) Овие во НГ пакетче ни беа ставени сте ги користеле ли? Да и испечам јаболко и едно две од овие да ставам?
Откако ќе се воведе прв оброк,бебето после спиење наутро цица па по одредено време јаде или одма кашичка му се дава? Во колку часот е појадокот на вашето бебе? Со колку полни месеци почнавте со пробување на вкусови,дали прво со овошје или со зеленчук?
Мене ми се паѓаше да се подразбудува околу 6ч наутро, па тогаш и давав да цица и презаспиваше до кај 7, 7 и пол. Кога ќе станеше давав доручек нешто пред 9. Почнав на 5 месеци со дохрана. Почнав со јаболче - 3 дена. Третиот ден колку сака. Круша, слива, морковче, пашканат, тиква и тиквица ми беа првите намирници. Додека ги воведов тие, се опуштив и си фатив ред - брокула, карфиол, компир, батат, телешко на 6+месеци. Доручек прво ни беше само овошје, ама не ја заситуваше, па брзо воведов палента, просо, ориз со овошјето. Пред 7миот месец дадов и глутен. Лапачка беше и уште е. Ретко ми одбиваше било што за јадење и со леснотија воведов и давав се. Месо дадов на 6 и пол месеци по препорака од педијатар заради низок хемоглобин. Околу 6 и пол месеци кога воведов ручек - распоредот стана: 6ч цицање 8 и пол доручек 11ч цицање 14ч ручек и понатака цицање колку сака. Кога воведов вечера, се направи многу убав ред: 6ч цицање 8 и пол доручек 11ч цицање 14ч ручек 17ч цицање 19ч вечера и 20:30 - 21ч цицање и спиење Како растеше така ги укинував дневните подои и ги заменував со ужинка (околу 9тиот месец, кога тргнав на работа). После година цицаше само за ноќното заспивање. На 13 месеци ја одбив и од тоа. Не дека праша волку детално, ама убаво ми дојде да се потсетам
Убаво си пиша,си направив скриншот Фала на деталниот одговор,уште ова да те прашам, мали се буди за цицање околу 6,па после 9. Значи кога ќе дојде време за дохрана во 9 да му давам каша? Зошто после пак продолжува да спие уште саат два.
Па јас таков ред фатив. Дали било точно, грешно, добро или лошо не знам. Слично беше моево, се будеше околу 6, со цицање се доспиваше. А кога ќе станеше право на доручек идевме. Не и давав да цица пак, за да јаде од храната. Ќе се редактирам: Поправилно да се изразам - бебето ми наметна таков ред.
Kakp vovedovte meso kaj vasite bebinja? Dali prvo davavte vodakaj sto se verelo mesoto oli pocnavte so malakol meso pa postepeno ja zgolemuvavte kplicinata? Vi blagodaram.
Еве ја, завчера дадов месо прв пат почнав со телешко. Дадов бујон со компир. Вчера дадов месо, компир и кромид.
Душо како и го направи бујонот и го вареше месото или од коска, јас сега варам моментално месо мало парче и се мислам дали месото ќе стое за утре варено за денес да и дадам од водата во нејзе зеленчуци да сварам...
Само месо сецкано на коцки и во вода без додатоци никакви. Кога ќе зоврие со лажица тргни ја пената. И нека се вари. Да се излади стај тенџере на плочки. После тоа смрзнувам во силиконски здели со се вода. Цело кило сварив и си вадам секоја вечер да се одмрзне во фрижидер. Инаку сварено во фриз стои два дена без проблем. Еве како изгледа во здела за мафини.
Го ставив кај 8ипол да се варе месото само едно кафено лажиче пена собрав толку имаше, сега ја сменив водата нема ништо чиста е, планирам со јаболко и морков да и го дадам....
Многу го вариш. Не менувај вода нема потреба. Во Веро ке бараш да ти дадат пафлак, бејби биф. Се вари за 20 минути.