Мојата матична ме караше оти сол не сум му ставала во кашите. Потребен му бил внес на јод. Со педијатар немам разговарано за солта, незнам дали да му ставам по малку.
Мила телешкото одговара и со јаболко и круша од овашјата знам невообичаена комбинација иде како свинско со суви сливи или патка со вишни, ќе пробам не ме мрзи ќе испасирам јаболко и морков и башка морков и компир ако не јаде од едното од другото ќе дадам... Ама знам дека во која кашичка да има јаболко она ја јаде.. Кажи некоја комбинација што успева кај вас
Месово е од касапница купено ама газдата му го дал на свекор ми како за своите внуци што бирал така му рекол, а за водите мењавање читав некои по три пати смениле затоа инаку и првата беше ок, остатокот од месото го исеков на парченца и во кесе секое одделно го замрзнав свежо ама за нареден пат како тебе ќе направам...
Бебето прво треба да ги научи основните вкусови, па после кога ќе ги прифати вообичаените вкусови, да се дадат и нови. Ако вие по дома јадете свинско со сливи или брусница, или патка со вишни, ок, давај му месо со јаболко. Месо сум давала со зеленчук, морков, компир (како поголеми) со грашок, леќа, во чорби, со ориз или со палента.
Јас колку што знам до 1г, децата немаат потреба од сол, со тоа само им се оптеретуваат бубрезите. Видете мислење од педијатар
Јас од старт давам свежо. Овошје не сум варела никогаш, освен ако наменски печам или правам компот. Не се добива така вистинскиот вкус на овошјето.
На 8 дсдпв пиперка. Мисиркиното бидејќи го купувам свежо го сецкам на парчиња, го варам и го замрзнувам во кесички за по еден оброк
Мајки, дали е можна алергиска реакција на просо? Денес дадов прв пат и после повеќе од саат забележав ситни брумки по лицето? Во меѓувреме бевме и на вакцина, примивме трета доза рота и хекса. Не знам дали и тоа има врска.
Секој ден правам, за секој оброк. Овошје не стои направено, секако оксидира. И со прво и со второ дете правам секој оброк посебно. Не знам што толку е тешко едно палента да свариш и со јаболко да изблендираш...едино што може месо да сварам за два три дена да го стаам како пастеризирано во фрижидер. Друго ништо. Пс. По голку грама треба да биде оброк на 7 м?, знае некој (сум заборавила)
Секогаш кога имате вакцина ден порано или таа ден како кај вас не и давај ново бидејќи нема да знаеш од што е... Почекај ден два по вакцината па дај и нова намирници... Како поминавте со вакцината ние сега во петок ќе ја примаме 3доза рота, а инаку на претходните супер беше немаше никаква реакција!?
Што воведовте на 11 месеци? Што ново да дадам, некоја нова намирница, некој пример..некако се едно исто му е на менито.
Имам слушнато за мајки кои ги прават за два дена, во фрижидер ги чуваат. Ме интересираше како правите тука. Не е ништо тешко, ми одзема време, плус кујната ми е заедничка, не готвам само јас.