Да прашам брокула и карфиол во 6ти или во 7минсе воведува? На бебе готвач пишува од 6ти месец а на еден сајт педијатар.мк пишува од 7ми.
Здраво мајкички, ние имаме 4 месеци и 1 недела. Дали може да почнам со сокчиња и какви,педијатарот ми препорача по лајче варено пасирано морковче. Но му здосади за 3 дена и неќе сега.
Друго овошје пробај или зеленчук. Може јаболко, круша, тиква, тиквичка, слива... Сокови нема потреба, само празни калории се, ќе го полнат стомакот и ќе даваат чувство на лажна ситост.
Дали може да употребам утре кашичка од денес(морков,јаболко и ориз,варено и блендирано). Ни остана пола каша па дали ќе чини за утре или да ја фрлам.
Јас кашичката од морков ја редев во фрижидер за др.ден. па ја редев тегличката во зовриема вода за да затопли и му давав.
Штом има овошје во кашичка не може за другиот ден. Овошјето оксидира. Фрлај. Зеленчукови можеби би стоеле за другиот ден. Едино ако е купечкс тогаш може за друг ден.
Јас не фрлам што ќе остане, дојадувам Се правам свежо одма неотстојано да се јаде, освен месо, го мрзнам со водичката.
Мајки ме интересира каков ви е распоредот за јадење дома одат во градинка малите.. Ако има некоја нека пише? Друго дали е во ред да и воведам жолчка на 7м? Сакам да има пробано и од нејзе Додека е дома, колку што читав од пробување месо по 2 недели жолчка се давало поправите ме ако грешам, заборавив како беше памтам кога примаме вакцина ми рекоа можеш да дадеш жолчка ама да ме отепаш нз колку месеци беше 5г поминаа... А муабет да не правам на првата пред 8г што и давав и како... Остарев...
Јас дадов жолчка на 7-7,5 мес не се ни сеќавам веќе даваш прво 1/8, 1/4 па 1/2 па на крај му бапнав цела жолчка. Меѓу 1/2 и цела правев 1 ден разлика. Давав со спанаќ, блитва, палента. Јас со пробување на вкусови нудев 2 пати на ден од сам старт (од 6 мес). Бидејќи е јадач моето внимавав на количина. До 7-7.5 мес го држев до 50 гр оброк а потоа самото бебе си покажа дека е спремно за ручек. Класичен ручек од 200 гр. нудев па колку изеде толку, некогаш се јадеше некогаш ќе останеше, зависи. Не мерев строго туку тегличките ми беа некоја си ориентација.
Ајде девојки ми треба малку помош. Тргнувам на работа и подојот меѓу доручек и ручек ќе мора да го заменам со ужинка или измолзено млеко. Млеко неможам да молзам на работа, немам услови за тоа а и сакам да цица бебе (8+ сме) не од шише. Прашањето ми е следно: дали може да му давам вака: цицање во 6 ч Доручек во 9 - 9.30 Рулек во 12- 12.30 Цицање во 15. 30 Вечера во 18.00 Заспивање со цицање во 20.30-21.ч
АД млеко дај му... Јас додуша од почеток и ад пие и цица се префрливме од Бебелан 1на Бебелан 2 и здравје за во градинка ќе им оставам да и даваат она јаде кашички ама бара барем еднаш и ад млеко.. Планирам од 8м кравјо да и дадам можам да си дозволам да купувам ад со првото едвај до 6(неполни) давав ад морав кравјо да давам едноставно бевме во лоша финансиска состојба, второто и она мислам тука некаде беше ама најмалава цица и затоа не се троши толку купеново... Уште малку и јас тргам на раб.а уште доам па кажи како сте поминале
Поздрав. Задутре полни 5 месеци, вчера на преглед педијатарот ми рече да почнам со пробување вкусови. Ми даде листа и додека се пробаме ќе не фати месец и нешто. Па од 6 месец и прв оброк. Ми рече да почнам со зеленчук. Прашањето ми е како давате за вкусови? Варено пасирано или како сок? На листата пишува морков преку сок а за другите нема ништо. Сакам да почнам со морков, тиквица тиква спанаќ па потоа брокула пиперка компир. Измеѓу може некое овошје како јаболко Круша
здраво ...ние почнавме со вкусови скоро пред месец...синко сам покажа дека моето млеко не му е доволно па во договор со педијатарот почнав да внесувам дохрана...јас му варам и пасирам со водата во која варам.. прочитав еден куп мислења и најдов еден куп календари за дохрана ама тој на Spidi најмногу ми одговараше..досега внесовме морков тиквичка тиква јаболко пашканат брокула спанаќ круша слива батат компир ориз на хип...првиот ден давам само една намирница а веќе следниот ден ја комбинирам со нешто што веќе сум вовела..пример завчера внесов спанаќ а вчера го искомбинирав со ориз на хип морков и пашканат..се надевам ти помогнав поздрав до тебе и бебе