@flower55555 , цвеклото исецкај го на мали парчиња и побрзо ќе се свари, но посебно треба да се вари, не заедно со другите намирници заради тоа што водата треба да се фрли. @ifv , најдобро е органско, но и немора.
Најчесто го рендав на ситно или ако е меко, со вилушка го пасирав. Од банана со лажичка гребев и давав. И од други помеки овошки така. Вода не додавав оти самата овошка пушта. Зеленчукот до година барем варен, после тоа внимателно со свеж, пошто е потврд, зборам за зеленчук кој се јаде и свеж и варен. За скробните зеленчуци при пасирање додавав од водата во која се вареа, плус малку путер. Блендер никогаш не сум користела.
Да се надоврзам на коментарот на @Annath и јас не користам блендер, освен за месо оти некако ја задавува. Се пасирам. Е сега муабетот ми е од кога можам да давам покрупни парчиња на пример парче месо да грицка сама? 8+ е и има 2 заба доле.
После година, динстано месо на тивко, од тоа давав поголеми парчиња, да може да се џвака лесно, да не е тегаво. Имаа моиве заби додуша. А пред тоа ситно сецкав со нож, не користев блендер. Или па мелено месо давав.
Ја пратив мајка сабајлево, само такво имало во здрава храна, па реков да земе..фала ти многу. Инаку оризот на хип, како го приготвувате? Утре сакам прв пат да му дадам па ме интересира вие како го приготвувате..
100ml вода/млеко со околу 2супени лажички и мешаш,ако е ретко додаваш од оризот и тоа,можеш да додадеш внатре нешто овошје за вкус и тоа е
Здраво мајки лепотици За денес ќе и варам спанаќ и ориз... Прашањето ми беше дали да и додадам едно лажиче јогуртче.. 6+сме
Како го спремате спанаќот со оризот, заедно ли се вари? И дали мора да е свеж или давате некогаш и замразнат спанаќ?
Еве јас сега баш варам Прво ги варам оризот со морковче кога ќе се сварат ги вадам настрана со малку водичка, потоа во останатата вода го ставам спанаќот(моментално имам замрзнат) од кога ќе почне да врие го оставам така 3-5мин и го вадам само спанаќот а водата во која се вареше ја фрлам таа не ја користам за разредување на кашичката затоа претходно си оставив, е имам и читано колку е точно нз дека во секоја кашичка што има спањаќ морало да има и млеко дали мајчино,ад или јогурт, кисело млеко јас планирам да и дадам со јогуртче имам битолско 2,8%
Тоа кај анемични. Инаку по правило, треба да има млечно во спанаќот, за да ги врзе оксалатите за да се исфрлат полесно од организмот, во форма на калциум оксалат. Во спротивно, оксалатите знаат да направат проблеми со бубрезите. Не кај сите, секако.
Хгб на синко му е 115. Обично му давам ориз, блитва и телешко месо оти само зеленчук не јаде. Грешам ли што ме му давам млечно во комбинацијава?