7,5 месеци е малиот, сакам да воведам глутен, имам овесни снегулки и имам млечна каша на хип со јаболка од тие инстант што се од житарки читам само пченица може ли нешто од овие две ? Или што е нај соодветно? Млечни производи од кога почнавте и со што? Имам секогаш дома кисело млеко домашно смеам ли такво да давам ? И уште ова како да го натерам да пие вода бар 10мл, пробав со лажичка, со чаша со клунче, со шише несака никако си игра ги стиска со забчињата и плука
Немам дадено белка, значи да барам посни, барав во маркетот но неможев да најдам, никогаш не сум купувала до сега посни и затоа сум изгубен случај . @Jana87 , можеш глутен да воведеш и со двете. За млечни јас почнав од 8 +, со кисело млеко и јогурт. Можеш и домашно да даваш штом имаш. За вода се е индивидуално, најчесто самите кога ќе пројават желба тогаш. Нуди постојано па со тек на време ќе зголеми количина. Кај мене малата од ич, сега сме стигнати до 60-70 мл на ден.
Авокадо освен за доручек, може ли да се даде и за ручек, вечера, и во кои комбинации? @Мецаа91 благодарам за рецептот јас утре ќе му спремам па да видиме дали ќе бендиса.
Ама не барај да пише посно. 90% се без јајца. Јас до сега се што сум земала е без јајце. Прво и јас барав демек посни, после читав состав, многу немаат јајца.
Макарони со што давате? Синко е 13+, уште му немам дадено тестенини (освен домашна тарана). Не знам со што да му ги направам?
Обични со сирење пробај за почеток. Или потпечени со јајце и сирење. Или со мелено месо како болоњеЗе сос. Зависно што јаде.
Искрено никогаш не сум погледнала колку време. Го проверувам со вилушка, кога е меко е готово. Исто како компир.
Според бебе готвач 11+, а општо сите шумски плодови и бобинки се околу година бидејќи се сметаат за алергени
Со млечните заедно. Ако си вовела јогурт/кравјо млеко/сирење онда давај без проблем. Макарони со мисирка варена. Свари парче мисирка или пилешко, свари макарони, стави рендана кисела краставичка и павлака. Измешај и ќе речеш фала после. Јас секогаш ги давам со бел сос кај мене јаде многу брокула така да истово плус брокула. Со месо, без месо, со маслинка, со лукче малку некогаш, сирење, стопена моцарела со макарони, стопен чедар, пиперка. Од сите овие состојки комбинирај ги тестенините. Ако ти јаде домат тогаш можеш и тоа да додадеш. Печурки исто.
Добро утро Мамички Пеле на Перутнина може ли за малава да давам? Планирам да го извадам стекот(белото месо) а другото да го варам се заедно и да си замрзнам од водата а останатото месо супа за нас
Дали секоја нова намирница мора по 2/3 дена да се дава? 6+ сме, и уште имаме нови за пробување Ако нема реакција, дали може некои по еден ден да се дава..цел оброк ќе не фати 7 и нешто...или во комбинација да ги правам...ај хелп малку ☺️
Веќе една недела како пробуваме вкусови. Јаболко, банана , ориз и вчера крушка. Од вчера имаме зеленкаста столица. Дали тоа се должи на промената во исхраната , затоа што немаме никакви симптоми на настинка ?