А денес пошто имавме вонредна состојба блендерот е на поправка јадеше малава Лино бисквити во сок од круша (хип) растопени и додадов пола тегле слива и јаболко(хип) Мн е вкусна и ја изручка со апетит
Мајка од кога може да се даваат бисквитите и дали има некаква врска составот на бисквитите со тоа што досега сме дале како дохрана?
Еве ги на нив стои 6м содржат глутен а се неутрални на вкус не се благи како џиџи бебе, содржат млеко во прав ама ги а дов пошто на ад млеко пишува содржи млеко, соја и риба а го пие ос раѓање
Дали киснете зеленчук во сода пред варење? Овошјето обавезно го киснам, особено тоа што се лупи, али за зеленчукот не сум сигурна што како...дали би имало ефект и дали е потребно?
Јас го оставам да стои “гадниот” зеленчук. Како спанаќот на пример, да бидам на сигурно дека ќе биде чист
па ионака ова време а и наредните месец-два тешко дека нешто посебно ќе има. Сем банана јаболко и морков генерацијо убаво си даваш. Остај ако се изеслии бебињата не значи дека се треба да изедат и јас давам ептен колку за проба. Дали 5 до 10 лажички. Да оставам простор малку да му спадне па да дохраниме со цицање. Мора постепено да се навикне мешето. јас прв пат слушам за семки од тиква дека се киснат.
Добро утро мамички,ме интересира дали сте давале ваква каша и од колку месеци? Бидејќи има ананас а тоа немам воведено ,од колку месеци е ананасот? За 5дена ќе правиме 6м.
ананас мислам дека после 11 - 12 месеци. Инаку сакав да прашам дали сте давале/дали давате кокосово/бадемово млеко. Ми изгледа како добра опција за млечни каши.
Не. После полна година може за такво млеко да мислиш, педијатрите не препорачуваат растително млеко во исхраната на бебе.
Здраво души За денес јаболко и круша печени +4-5лино бисквитчиња колку да не пушта кашичката водичка...
Да прашам за бананата,ја пасирсте само или ја блендирате? Ние кашите потечни го правиме со малку вода. Бананата дозволува ли таква комбинација? Блендирање со вода. Или да ставам мајчино млеко за да испадне поразредена кашата
Мајки, малиот е 6+, пред некој ден воведов месо, па ме интересира колку често давате месо? Исто и какао од кога може? Сакам просо со какао и банана да му дадам.
Според мене 2 со тоа што доручек веќе имаш а за ручек сеуште си на пробување вкусови и правење комбинации за ручек Јас давам какао на Краш и не го варам туку само додавам во кашата. Не се оптеретував со изнаоѓање на био какао или мелење на цели зрна какао