зависи кога си почнала со дохрана ,ако си почнала од 4+ сега треба да има сигурно 2,а можеби и вечера, а ако си почнала од 6+ треба да има еден оброк
@Leo-nora Можеш следен пат да направиш 2-3 лаж. брашно и додаваш вода во однос која густина сакаш да добиеш. За да додадеш овошна каша бидејќи е потечна тогаш оризовата направи ја погуста и соедини ги двете. Ако мислиш дека е погуста тогаш додади вода. Ова ти е добар доручек како за почеток. Бидејќи малку јаде немора да правиш количини според упатството за да не фрлаш храна туку прави од ,,око,, колку што мислиш дека ќе јаде бебе
6+ сме до сега само вкусови пробувавме нормално и доење, е сега сакам да има цел оброк, ретко некоја храна што не ми ја сакаше..што би му давала за доручек, кои комбинации да ги правам..после колку време треба да почнам со ручек? Ај хелп малку, многу сум збунка со дохранава... И просо/киноа од кога може?
Можеш да му даваш појадок веќе штом сака да си ручка. Јас давав или само овошје, или овошје со житарка за појадок. Ориз, просо и палента дадов од 6+.
Со пире од зеленчук (од компир, од морков, од карфиол...), со ориз, со просо, со киноа, со палента...
Генерацијо @Septemvri @marchi-cool @PoisonGirl @maja1511 и не знам кои др што почнавте со вкусови како терате? Ние во 10 дена пробавме 4-5 намирници и до сега се јаде. Се разбира по неколку лажици. Цица убаво и сеуште си спие цела ноќ (од 19:30-8:00) со 1-2 станувања. Убаво напредува. Што воведовте? Ние до сега јаболко, морков, тиква, сладок и обичен компир.
Баш вчера мислев да пишам на темава, си ми ја земала мислата Досега имаме пробано јаболко, банана, круша, слива, морков, сладок компир, пашканат, тиквица и блитва. Уште сме на 3 лажички, бебе не сака да јаде баш...давам секој ден и се надевам дека ке почне. И тие неколку лажички ги јаде со песни и лажење, не е гурман дефинитивно ) блазе си ви на тие што ви јадат бебињата инаку треба трпение до небото. За цицање си цица убаво, навечер се буди по три пати во последно време.
поздрав...ние до сега внесовме морков тиква тиквица јаболко круша банана ориз пашканат брокула спанаќ кромид компир батат кајсија праска пиперка палента а од завчера и телешко мевце малку колку 1 нокт за проба и јаде....секое бебе е различно и секоја мајка знае што е најдобро на нејзиното бебе...јас гледам дека бебе има апетит и затоа му давам досега нема реакција на ништо фала богу супер си напредува и сака да јаде насабалје му давам овошје а после тоа зеленчук значи веќе сме внеле 2 оброк
Ние сме големи јадачи само ако во кашичката имаѓе овошје да дава блажина. Засега имаме пробано јаболко, банана, круша, морков, тиквица и ориз. Оризот не ми го обича ама ич. Купив и на Хип кутија ориз но ни тој не го сака, ама искрено ни мене не ми е по ќеиф, нема никаков вкус. Исти случај и со тиквицата. Со што може да ги мешам за да ги пројадеме убаво?
Маjки ме интересира кoлку време се дава прв oбрoк и какo преoѓате на втoр oбрoк и пo кoлку лажички давате на прв oбрoк? Нас ни е ранo ама сакам да знам..
чист ориз и мојот јадач не сака ...јас го комбинирам со и со овошје и со зеленчук...тиквицата можеш со морков и ориз...јас имав земено на хип ама го сменив со тој на холе
@PoisonGirl тиквичката ја мешав со компирот, ќерката големата ја јадеше и така тиквицата, ама понекогаш и со компир и ја мешав кога почна млечни производи плус со сирење.
Кај најдовте блитва? И ќе прашував само еднаш на ден даваш? Или на два пати? Ние почнавме со еднаш, па по препорака на педијатар на две пати делиме по неколку лажици да не се оптоварува Мешко. Стигнавме до пола тегле. Само што ќе земам голем мушамена лигавка и лајче, скока од радост. Знае кркало следува. Се собравме убаво за совети и предлози за јадење
Мене ми рекоа од 6 месеци цел оброк околу мала тегличка, а од 7 втор оброк. Или само дете ќе покаже. Ако му е тешко цел оброк наеднаш да се дава на 2 пати. Се зависи од бебушот