Јас зимам од дм органската, кога ја потрошив продолжив со на дивела. Можеш да ја комбинираш со јаболко, банана, круша, слива , мн е убава со овошје. Или со кисело млеко,јогурт или павлака,доколку имате воведено
Ние сме на ад воведивме со препорака од педијатар втор оброк бидејќи стануваше ноќе на секои 4 часа тоа било така бидејки бил гладен инаку имаме 5 оброци 2 кашички 3 млеко а да те прашам каков ориз се користи? Јас сега му давам рижолино па незнам да не има некој друг
@Dijana993 Јас на моево по препорака на педијатар давам секој ден маслиново масло по малку. За столицата плус е здраво. Од 6 месеци се дава. Ние сме 5 и пол
Морков, јаболко, батат, компир, круша, тиква, пашканат, ориз и вчера тиквица. Прво зеленчук давам и 1 ден пробува чист, нареден мешам со дотогаш пробаните вкусови и ставам масло. До сега се сака. И нема реакција. До 6 ќе тераме со вкусовите па цел оброк ќе почнеме. Инаку на доење сме И не знам колку и дали доволно цица. Важно е расположена, полни пелени, цела ноќ спие и напредува
@Presrekna и ние се од ова имаме пробано освен тиквица баш планирав утре и тоа да го проба,како ја подготвуваш? Се додека полни пелени и цела ноќ спие значи дека е најадена така да продолжи си како што правиш.
Тиквицата ја лупам И варам на пареа околу 10 мин. Вчера ја дадов така неколку лажичиња, а денес ја измешав со компир и пашканат. Утре со морков И компир или батат планирам. Ти благодарам на одговорите.
Mlecni proizvodi kako kiseli nleko yogurt pavlqka uste ne sum i dala. Od koj mesec moze da i davam? Dali prvin da vovedam mlecni proizvodi pa poslepalrntatw da ja mesam so niv?
3+ е прерано за друго освен мајчино млеко или АД. Не дека не може да му дадеш но многу е мало и голема тежина на мешето му се прави бидејќи не е спремно за таква храна. Според мене и 4+е рано. Ние на 5+ почнавме со пробивање на вкусови и тоа по препорака на педијатар и некако рано ми беше. Сакав до 6 на ексклузивно доење да сме.
Ме интересираше оти свекрва ми цело време вика ајде уште малку после 3 ќе ручкаме итн. Оти со претходнио внук така правеле и сга се исто прави. Но ќе и кажам кога ќе дојде време дека е сеуште рано па мора да прифати ја сум мајка не таа.
Да те остави тебе свекрва ти да си бидеш мајка на твоето бебе. И мојата дрндаше па до пуни 6 само цицаше. На 7+ почна со вкусови. Ни Ад ни чај сум давала. Ај мафни ја тамо. Од такви паметници коса ми се крева.
@Tinkerbell11 на твоето бебе си мајка ти и само ти. И ти најдобро знаеш што е најдобро за твоето бебе, не дозволувај други да ти ја рушат самодовербата. За се што не си сигурна ке прашаш педијатри, не баба децата ги носиме на педијатар не на кондураџија, затоа ужувај си во улогата мама
ќе дадеш повеќе вода и ќе биде потечен. Јас обичен ориз давам овие ми се некако.... инстант за почеток не би дала. на 3+ никако. Децата уште се мачат со грчеви уште тешко им е млекото а не па каши. Јас на 10 дена пред да направи 5 месеци почнав со кашички и тоа пробување,по 4-5 лажички.
Среќиче, мојата никогаш не пропи млеко. Сум кажувала, ни АД (2 - 3 врсти пробав), ни кравјо, па чак ни чоколадно не сака. За вечера секогаш имаме млечно, јогуртче, кисело млеко, сиренце. Ужива во вечерата. Доволно е. Некогаш за ужинка јаде пудинг, и тој е млечен. Слободно давај јогурт. Мислам дека бевте скоро годинка, ако не грешам.
Женички 7+ е бебушката моја. Не е јадач воопшто ама сака да си лапни по 10тина (максимум) лајчиња од кашичките. Прашање ми е сега во 7ми што продукти да воведам? Како да ве имав читано за месо ама не можам да барам назад... И некои комбинации кои можам да и ги дадам?