Ако си од к.вода има една продавница за млечни производи каро се вика. Пред кулите расадник во пролазот кај зегин.
Е таа де, се си купувам а никако да запамтам ахахах До утре пак ќе заборавам, толку паметот на една мајка 24/7 турбо инџекшн...
Користите ли на Лино производи? Какви им се житните каши? Каде ги има? @kikin а некни бев кај Талевски, и не мк текна да влезам во продавничето
Мене не ми беа убави, посебно инстант кашите му се вода, никаква густина не добиваат. А тегленцата не ми се вкусни.
Лино праска користиме ние некако погуста е од на хип а други не сум зимала, лино бисквитчиња(не се благи како џиџи бебе) и фрутолино
Ајде и јас да се пријавам на темава Пробавме тиквичка, тиква, морков, компир и батат. Реакција нема, а не е ни многу заинтересирана засега. Вчера ја чувала свеки и наводно многу и плачела и и дала од Хипп теглето чисто јаболко, и одма се вцрви околу окото и на челото. Значи можно е да е алергија од некој конзерванс? Досега се друго дома и готвев. Друго прашање, купив ориз на Холе, од кутија, дали може да ми јави алергија на него? Бидејќи читав на некои таквите житни кутии од Хипп ви правеле алергии. Ајде мајки, помош, изгубена сум со ова хранењето А и градите ми се полни катастрофа, пред мастит сум осеќам,ни пумпа не фаќа на едната
Можно е, да.Подобро на почеток само домашни, па по некое време пак пробајте купечки. За градите да не фатиш мастит, наполни леѓен или некој таков сад со топла вода и стави ги градите внатре во водата и стискај околу пупки да се измолзуваш колку можиш повеќе. Нагоре не, само околу брадавките. Неколку пати на ден,повтори.
Фала многу, ќе пробам обавезно Ве молам дали некој знае да не ја грешам работата, може ли да воведам ориз со оваа каша? 6 месеци сме, пишува дека нема глутен, само нигде не пишува дека не содржи млеко...
Мене овие дена ми се вцрвени во обравчињата, а дента дадов тиквичка прв пат. Сликав и пратив на педијатар и патронажна и двата ми рекоа не е алергија. Требало по цело тело и за пократко време да се јави ако е од храна. Супер си воведуваш. Леле мојата умира за јадење. Само што ќе види храна како некое куче душкало ја препознава и жвака, млацка со јазиче. Радости е штом ме види со лажичката и теглата. Педијатар ми вели дај и брокула но мешај со нешто бидејки од искуство не ја сакаат многу, а замисли мојата цела тегла ја изеде и тоа со апетит. Синко избега од миризбата. Денес авокадо исто со Јаболче си го изеде. Лапачка е мојава палчица. Мислам некој ден ни се разлика(21.0сме ние како сте со килажа? Ние уште нецели 400 гр триплираме родилна тежина. Родена е 2500 а преку 7100 сме. Исто и цицка си сака. Само душка и цица. Јаде и пак се врти на цицка. За маститот туширање и молзење. Ако не можиш со пумпа рачно пробај. И ставај бебе редовно да цица? И јас од овој ориз зедов еднаш и имам дадено. Ми рекоа чист ориз било. Поискусни мајки да прашам. Почнавме со дохрана 5+ сме. Скоро по едно тегле јаде на ден. Понекогаш цица и повеќе па давам пола тегле. Прашањето ми е дали може да се скокне јадење. На пример во денот повеќе цица и тој ден да не и дам ништо за дохрана само цицка? Или мора кога се Фативме на оро. Не дека не сака да јаде, туку цица доста и не сакам да ја пренајадувам. Лакома е многу, плус напредува ептен. Како топче е.
Фала ти, така и пишува ама ај да си прашам. Оф топик, малата има и егзема па затоа пазам, знам дека и тебе те читав во атопичен дерматит. Страв ми е од реакција затоа со се полека
Мајки денес дадов компир , мали лапна 3 лажички колку за проба но се гледа дека не му е по ќеиф , ми прави некои фацки. Дали ставате нешто друго за вкус?
Од кога ке проба повеќе вкусови можеш да правиш комбинации, или ако е на доење да капнеш малку млеко можеби тогаш ке го сака. Ова последното е совет од нашиот педијатар иако кај нас не запали.
Давајте идеја за брокула со што да комбинираме? Ја дадов чиста, па со компир и морков. Со ориз оди? Ориз само еднаш има дадено. И што друго давате-комбинирате при воведување вкусови. Се некако исто вртиме.
здраво ..јас брокулата ја комбинирам со морков кромид пашканат и ориз од нашето мени-тиква батат морков и јаболко спанаќ морков ориз кромид тиквица кромид пашканат ориз компир морков кромид телешко пиперка кромид морков и ориз батат морков кромид пашканат телешко во кашите додавам и 1 лажица маслиново...се надевам ти помогнав поздрав
Мајки ај некоја идеја за појадок, скоро 7 месеци сме, и уште сме со еден оброк..плус доење Некоја ваша комбинација
Дали некоја има давано од Лобело бисквитите без глутен, мелени со овошје за појадок? 6+ за појадок освен палента и просо немам друга идеја?
Јас ги давав ама многу не ги сакаше. Можиш да пробаш нема што да му мелиш за 2сек се топат и стануваат течни.