Има ли некое упатство на производот? Педијатар што ти рече? Мене ми имаше кажано на почеток чист да го дадам и од кога ќе го прифати по некое време ќе можам да го мешам и со овошје/зеленчук
На упатството пишува дека се прави со вода и постапката како се прави но дека прв пат давам гриз ваков треба или има некој друг што се користи
Јас чист го дадов. После знаев и слива да и ставам внатре. Ама нема потреба, превкусен е така како што е Јас го обожавам
@Dijana993 да , тогаш само вода додај и види колку лажички пишува дека треба да ставиш од гризот само тоа , не мора овошје да додаваш според мене
Имам ад млеко,пишува на него од 0 до 6. Не е отворено,го купивме за не дај боже Дали кога ќе почнеме со дохрана ќе можам да го користам за во каши?
@Sofi.ja да , можеш на пример јас на големата ќерка и давав каши со житарки (прво почнав со ориз) и купував баш такви што содржат внатре ад млеко
@srekice Тој гриз на хип со глутен е или без? За прв пат колку треба да се дава? Исто 2/3 лажички? Инаку житарки колку пати неделно може за појадок?
Мислам дека ништо нема да биде баш и другиве нека дадат некој совет Првото дете како што почна да јаде од кашиве (на нив пишува дека содржи 35% ад млеко што се користи од 0-6м) а она беше 8
И јас мислам дека ќе може. Можеби како оброк ако е на АД би му било слабо,вака за во каши не би требало. Бар да се искористи после 6м
Јас на ќерка ми и давав од овие каши на Frezylac производство на Frezyderm се. Од сите видови за 4ти месец, само една е без млеко, другите содржат АД млеко (исто нивно , на Фрезидерм) само ги растварав во вода според упатството. Исти се и тие на Хип мислам сега ќе чекам кога педијатар ќе ни даде дозвола да почнеме
За доручек викаат житарки со овошје. Па ваљда може пет пати неделно. Мојата јаде овесни со овошје.Види сама што сака дете да јаде па направи си комбинација. Моево дете јаде луѓе само пет работи. Сливи, овес, авокадо, палента и јогурт. За друго не отвара уста. Во состојба е да цица цел ден, ама не попушта. Што ќе правам, јас незнам. Кажувајте некое чаре
Како да направам сутлијаш со адаприрано или гриз со млеко? Нели не треба да се вари адаптираното? @Мецаа91 , лепче и кисело млеко, авокадо, моцарела и кисело млеко, овошен јогурт со кисело млеко, ова е нешто што јаде кај мене