@Presrekna не мислам на коктел, повеќе вкусови заедно, туку ако 3 дена и давам одреден зеленчук дали следните 3 може да дадам овошје.
Можеш. Како сакаш комбинирај. Не е грешка. Всушност кога ќе фатиш ред ќе видиш оти не е никаква филозофија и нема стрикни правила.
А на што да внимавам? Напред пишува Без шекер Без сол Без конзерванси Без глутен Без вештачки бои Без млечни протеини Вака изгледа Кој изгубен Германец сум. Се изначитав месециве и пак ко на почеток се осеќам.
Во кој маркет ги има кремиве? Јас денес оризова каша и земав на Фрезидерм , па здравје може и ваква да и земам наредно
Овие ги има само по аптеките сега прв пат ќе и давам на големата ќерка и давав од Јотис и Нутрициа, горе долу исти се сите со составот
јас ги планирам некаде средина на 7ми месец ама сепак да си прашам. И уште дали може замрзната брокула да давам? Секако претходно сварена или мора свежа?
Е баш ги видов Нутрициа и мислев да прашам и за нив ама забораив како се викаа. Ја во василополус се снабдувам со био овошје и зеленчук па ги погледнав и кремиве дур бев таму. Иначе да не заборавам во новиот каталог на лидл има такви силиконски лигавки што ги зборевме. Мислам од четврток ќе ги има во маркети, погледни ги може ќе ти напраат мерак.
Да можеш. Тоа е твоја желба. Од намирниците кои се за 6 месеци можеш да воведува од кои сакаш. Гледај да е повеќе зеленчук бидејќи овошјето го јадат. И мешај И зеленчук и овошје. @Larahappy и јас се надевам дека е скокот, од бајче бебе сега ѕвере е. @maja1511 ти благодарам на советот. Но некако мало ми е за 2 оброци. Да не бидам погрешно сфатена секоја мајка одлучува за своето бебе. Но моево е родено 39+ недела, а заведена е како 36 недела и првиот месец се водеше како прематурче бидејќи не растеше во мене скоро месец па морам да внимавам особено заради мешето кое и беше 5 недели поназад при раѓањето . Плус со синко воведов дохрана многу рано на старт од 4 месец и наеднаш 2-3 оброци, И давав намирници кои не беа соодветни за возраста, па подоцна разви алергии на глутен, гојазност. .. И сега се плашам искрено. Но тогаш не бевме информирани како сега. Интернетот тогаш влегуваше во употреба, а смартфон беше научна фантастика. Сега е друго време. Ти благодарам И баш ми е Мило што терате со синчето убаво. Но вие колку паметам сте родени со убава тежина и затоа имате дозвола од др за исхрана. Разговарав И со педијатар не ми одобри 2 оброк нити друго млеко освен мајчино И ад. Сега ќе се молиме И мачиме за капка повеќе мое млеко.
Не знам дали ме прочитавте но кои овесни снегулки ги давате на бебе? И ве читам за вечера. Што е најдобро за вечерен оброк? @duffi си ставив грижа на совест.. Велиш Фрутолино не, има шеќери. Од сам почеток реков ќе внимавам на се и ме јаде сега то шо и давав Фрутолино, па може 6 пати и имам дадено. На подарок ни беше и ајде ќе го пробам си реков. Уфф..
пиј сок од јаболко безалкохолно пиво...ти мислам и лактил капсулите ги пиеше...синко се роди 3770 минатата контрола беше 7500...секоја мајка си го знае бебето најдобро...не се секирај опушти се ...се ќе биде во ред поздрав