Купив овесни снегулки од ДМ, сакав прво јас да ги пробам, но горчат. Ставив и мед и суво грозје внатре, но не, пак горчеа. Таков е овесот горчи или ?
Во скоро време почнуваме со дохрана. Ме интересира за првото воведување на житарки дали да е само житарка или да ја измешам со веќе пробано овошје или зеленчук? Пример ориз, дали ќе го сака така само сварен? И кои житарки не содржат глутен? Знам за просо, ориз, палента, друго нешто за почеток?
@Magic13 Јас сега за сега и давам само инстант ориз , до нареден месец тоа и цицање ми рече педијатарот. Би требало да може да се меша, јас не сум пробала , за овошје нас ни рекоа 10 дена пред да наполни 6 месеци. Туку јас сакам да прашам бананата ја гмечите со вилушка или ја ставате во блендер? Јаболчето исто во блендер? Сум заборавила како сум правела
Ако е шест месеци се почнува со пасирано. Блендирано е за бебиња од 4 месеци. За да не те боли глава околу текстура на храна давај фино пасирано на почеток со вилушка она што може, она што не може како месо иде блендирано и измешано со пасираното.
Ќе ги фрлам овие и ќе купам на Виталија. Добро што не му дадов нему, не знаеш колку мед ставив и горчината не се покриваше. Благодарам на предлог.
Јас од житарки само ориз имав дадено и денес прв пат палента инстант на хип. Дадов со круша и јаболко. Инаку сакам да воведам и просо. Како го приготвувате? Гледам освен ноќната каша за 4 месеци гризот палентата и оризот на хип од 4 месеци се други има глутен?!? Или се лажам
Ма слободно. Јас едно кесе од Имуно земав.Изгор скапи се. Овесот не спаѓа во група на намирници кои се контаминирани со висок процент на пестициди, така да нема потреба од Био. Биталија е топ. Јас нивна хељда и киноа користам и супер се. Што да давам на бебе за ручек.? Детево несака ручек, месо никако. Денес дадов кус-кус со морков и тиквица. Сврте глава. Доручек и вечера ми јаде едно исто малтене секој ден.
За тоа со пестицидите не знаев, а додуша и никогаш претходно немам купувано. За ручек ориз, брокула и тиквичка, на што би додала кромитче или лукче. Компир и спанаќ; спанаќ, ориз и кисело млеко. Ништо од зеленчук не јаде?
Јас планирам со морков, тиквица да почнам, па ориз, просо и потоа со овошје. Пак да биде мешано и зеленчук и овошје. Кај нас има таков ориз, знаеш ли? За син ми обичен давав, како за нас. И мелен имав пробано, ама не го сакаше. Бананата ја гмечев, во блендер не ми се допаѓаше, мирисот го менува. @Presrekna просото мислам треба да се кисни од вечер. Од хип користиш палента и ориз?
@Magic13 јас ваков ориз земав на Фрезидерм , не знам дали и овие ги носат во Зегин , овој поточно содржи АД млеко внатре и само се приготвува со вода. Има ист и без млеко.Не содржи шеќер. На Хип не сум го пробала, наредно може од нив да пробам. Мене ми рече да воведам банана и јаболка пред да наполни 6 месеци негде почеток на март , ама си викам од утре да почнам малку по малку да и воведам прво јаболка неколку дена, па банана, па да ги мешам. Кашата и ја давам приквечер негде околу 18-19 часот, гледам претходно да не цицала или да не е успана
Ќе видам во Зегин, фала. Како и се допадна на ќерка ти? Ајде успешно хранење и да бидат лапачки Јас од понеделник планирам да почнам, да се опремам деновиве со потребните реквизити.
Од вчера е нерасположена заради вакцината па и давам пола од тоа што пишува на кутијата ок е , ја јаде, баш прееска и направив ја изеде, сега за сега не се жалам Фала многу исто и на вас ви посакувам , се да си јаде без проблем
@Magic13 да на хип ориз и пченка и давам. Деновиве мојата лапачка не сака да јаде. Врти глава кога ќе ја види лажицата. Чудно колку менуваат децата. Се надевам дека брзо ќе и помине оваа фаза
Бебево мое се гади ако не е скроз мазна кашата. Пример, вчера му дадов киноа, изблендирана, и се гадеше од тие како топчиња што останале. Денес од палентата (исто изблендирана) пак се гадеше што не му е скроз мазно Пасирано не доаѓа у обзир. Ваљда нема да треба да му блендирам до полуматура а?