Мислам дека нашите се генерација, не треба да блендираш воопшто освен она што е потврдо, па не може да се згмечи со вилушка. Мене така педијатар ме советуваше. Грашок кога воведовте? Мене ми стои меѓу први намирници. Педијатар ме советуваше, ако одбива да јаде подолго време да капнам лимон во кашичката поради вкус, правел некој така?
Ако за прв пат менуваш текстура почни од оние кои фино се пасираат авокадо, банана, компир, ориз. Киноата како лушпички имаат зрната може затоа му се гади. Кај мене се гади од на грашок лушпата. Или земи тегли 6+ и 8+ тие имаат покрупна текстура.
Гризот на Хип го комбинирате ли со нешто? Вчера дадов прв пат ама не му се бендиса, па дали се комбинира да пробам така.
Колку гр се смета за оброк? Околу 120? Кога ке стигне до таа грамажа да ја јаде дали се зголемува постепено или некое време по толку се дава? Ми бара повеќе,ако види дека се тргам со лажицата пишти. Нели прв ден две три лажички втор 10,трет колку сака. Епа мојов сака повеќе. Да не му е многу
грашок покасно оди. Мислам околу 7ми или 8ми месец. Не е баш лесен за варење во мешето. И тоа препорачуваат да се дава без лушпа па ако имаш време да требиш зрнце по зрнце и лушпите на топчињата да ги ваѓаш ќе биде супер. давај колку што сака. Ама пред и после кашата да има размак барем од 2ипол часа меѓу оброците. Мене првото дете така,како ненаситно беше. Колку даваш толку јаде па мене мерка ми беше тегличка од купечка каша па се дома што подготвував во неа сипав и давав. А ова сега јаде се што сум вовела ама количински помалку одколку што јас очекувам
Добив препорака од педијатарот од 5+ да почнеме со вкусови, овошјето како компот да се спрема,зеленчук термички обработен. Но добив ваква препорака, прв ден да му дадам од водата во која се варело овошјето,втор ден овошје+вода неколку лажички, трет ден еден оброк каша. За житарки не ми спомна ништо, само ми рече да бидам претпазлива со кајсија и праска,ама зошто не ја разбрав.
Повеќе се алергени праската и кајсијата. Кога ќе им дојде редот јас со купечка каша ќе ги воведам. Другото планирам домашно подготвено. @Yowannty мислам рано ви е за грашок. После 7-8ми месец.
120 гр. и повеќе ако сакаше му давав после две недели од како воведов оброк. Кога пробуваше вкусови исто така му давав прв, втор, трет ден. Третиот ден му давав колку ќе имав направено и потоа го доев.
Исто и мојата бараше плус од 120гр. Ама на почетокот. Можеше лајче две плус да и дадам, сега се заситува со толку и не нудам повеќе. Може од скоков не сака многу. А колку оброци даваш1 или 2. Просо органско на био Космос зедов. Се кисни па се вари. И со што комбинирате?
1 оброк давам. И јас од био космос земав. Читав тука 8саати се кисне. Ваљда со некое овошје е убава комбинација.
Сте забележале ли вакво нешто кај вас... И спремам на малава за ручек сега да го кревам компиров гледам како млеко има наоколу до сега не сум забележала Инаку ќе јадиме Батат,морков, тиквичка и кромидче А појадовме просо и к.млеко
Јас пред легнување навечер ставам две лажици просо во вода во ладна соба, наутро ја фрлам таа вода во нова варам и со кисело млеко и дадов денес баш..
за кромидот сакав да прашам. Како го воведувате за прв пат? Чист варен мешан со друг зеленчук.... И за супа домашна сакав да прашам. Педијатарот ми рече во вода каде што се вари месо да ставам фиде. А друго што може? Морков исто знам дека може а друго??
Баш денес му дадов комбинација, гриз на хип со банана. Јадеше бебе, исто и чист ми го јадеше Вкусно е со банана, и од мама има
И ние сме во банано мразачи групата. Ама јас не нудам за да се нервирам. Здравје некој убав сончев ден ќе дадам пак. Ама затоа сме по месо, лук и кромид, бебе коа ќе ждригне смрди корне Јас имам непрскани јаболки вреќа, го утепав детево од јаболка на сите начини, само со различни житарици. Давам некогаш друго измеѓу.
Ќе пробам, не знае дали се меше гризот, палента и просо со се мешам. Колку често давате млечни производи, воведов пред некој ден, па да знам колку често може.