Здраво мајки, наздравје нека им е на бебињата! Ние почнавме со вкусови бебе има 5 месеци, ве читам дека бебушите ваши јадат и по цел оброк, а моево едвај 3-4 лажички, дали е нормално дека е почеток или треба да се загрижам?
@NewMama не се грижи, доволно е и толку , на бебето се уште `главно јадење` му е млекото давај му неколку дена толку потоа постепено давај повеќе. Се уште се им е ново , моево исто 5 месеци има ја шмука лажицата Ние дека почнавме од понеделникот со ориз , според упатството се водам па почнав да и давам пола од смесата. Вчера баш и направив повеќе (на кутијата пишува 130мл вода плус 5 лажици супени од оризот) и гледам дека го изеде скоро цело , една лажичка остана (почна да плука и викам ајде доста е) Него мене нешто ме мачи со дохранава.. гледам пред да и давам да јаде да не цица , ама па градиве камен ми се стврднуваат и морам млеково да го вадам со пумпа
Од каде мислам во кои продавници во Грција ги има овие производи? Често одиме Грција па да пробам? Што друго има и по која цена ги земаш? Ти благодарам
Можеби подобро него да ти се истушени , јас се радувам кога ке ми се фтврднат поќе млекце за бебчо, а мн пијам течности се трудам да одржам млеко, бидеќи за жива глава не сака да пие од шише со цуцла, па немам некој избор друг дури да фати ред со јадење... а ме интересира од кој ориз му даваш ? И дали оризот не му прави запек и слично?
@Presrekna Овие на Фрезидерм ги има по аптеките (скоро во сите) , зависи каде како околу 4.50 евра им е цената. И давам од понеделникот и некако брзо ќе ми заврши 200гр е , па наредно ќе и земам од супермаркет од др марка. Има и во супермаркетите , во лимени кутии се тие ( Jotis , Nutricia , Nestle ) и малку поевтини се а составот е ист , можеш и нив да ги ѕирнеш ако овие на Фрезидерм ти се гледаат скапи.. Од 4 месеци се тие каши со ориз (има три врсти , само ориз , ориз и ад млеко и ориз ад млеко плус некој мирис на ванила) јас тоа со ванилата и го зимам зошто педијатарот така ми кажа. потоа од 6 месеци - второто по ред овесни снегулки , и од 8 месеци микс од други некои житарки (мусли) Има уште некои со овошје внатре ама искрено не сум користела никогаш нешто такво за првата ќерка , може горенаведениве креми да се користат во изгмечено овошје домашно приготвено Spoiler: креми @Yowannty ми спомна и за оваа марка дека ја има во супермаркет , @NewMama да , знаеш колку се чувствувам безвеза , ми е страв да не си направам некој мастит и иако треба да го заменам доењето со оброкот , јас по оброкот и цице и давам знам дека не правам како што треба а за какање , баш денес сабајлето кога стана од спиење, гледам лом се неправила , протекло дури од пелената чаршави , облека се за перење. А претходно кога само цицаше какаше на 3 дена. Сега секој ден кака еднаш на ден , нормален е изметот јас вода и давам од шише со клунче , ама уште нема сватено како да пие баш @Yowannty имаме исто шишенце , го испробавте ли вие ?
Јас прво би сакала да ги испробам тие на фрези ми се допаѓа дека се органски, сепак е мало и гледам да му давам од природно потекло се. Меѓу другото мислам дека се доволно големи да заменат доење со оброк. Јас го правам истото како тебе хаха . Инаку испробав и на хипп каша но со овес ,подоџна прочитав дека подобро било од 7ми месец да се почне со житарици па оставив.... И колку различни се сите бебиња да се чуди човек, моево дури беше само на доење имаше столица по 2-3 пати на ден. Од кога почнав со кашички на 4 дена се пеолонгира хахаха прашав педијатар ми рече дека е нормално па сега тоа е...
А зошто вода давате од клунче, а не од шише? Јас од шише давам си пие убаво и сега ме ставивте во мисла
@koritsaki знае да повлече ама најверојатно не сака вода. И давам со лажичка почесто оти чашката со клунче е термосче не може да се види колку испила, а највеќе ја земав оти овде од скоро ќе биде многу топло па сакам водата да не се смлачува како во шишињата што си ги носам за мене, ја исто секогаш имам шише со вода со мене. Иначе 8+ е меџик кап, таква некапечка чашка сум во план да земам понатака за да си се научи на чаша, не сакам шише со цуцла да давам.
Да да , да ти кажам и млекото што се молзам и го давам некогаш на мм да ја причува, ќе почнам да го ставам во шишево. Имам уште едно на Чико баш прееска пробав од него подобро пие отколку од ова на Нук , ама се дави по малку , најверојатно пребрзо и тече водата. Ама ќе се навикне. И јас не сакам од цуцла да ја учам вода да пие, со големата ми успеа од 10 месец да ја научам од чаша да пие, се надевам исто ќе биде и со ова
Забораив да пишам, ја го пробав ова на Нук, многу тешко се влече. Дури и мене ми беше тешко да повлечам. Чим го преферира Чико, може и до тоа да е. Има 2 дупчиња од страна, јас ќе и ги проширам малку. Од 10 месец супер си напраила со првата. И ја од 9-10 месец сакам со чашката да почнам.
П:крушка, батат и јаболко печено Р:тиквичка,брокула, ориз и пиперка лукче и кромидче по малку, дали можам да и додадам к.млеко за да ручка
Грешка во превод, не грашок туку црвена леќа е на списокот од почеток. Кога воведовте вие? Кога се дава да проба лебче и со какво се почнува? Читам имало апликација бебе готвач, ама не ми ја наоѓа... има некој трик нешто за да ми излезе во резултати?
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.bebegotvach Види вака пробај. Ако не успее ќе ти пишам лп.
А што кога имате непијач на вода? Доволно е само да цица или да пробувам со нешто друго? Чај или? Педијатар ми рече со цврста храна мора и плус течности. А он се гади од вода, прави фаци, ја плука. Сто пати пробав. И со шише и со клунче, нејќе.
Бесплатна е. И јас си ја симнав кај маж @Мариаа. И мојов не пие. А почнавме со цврста храна пред 1 месец. Пробав му ја затоплив малку и така пивнува неколку голтки. Ама он у принцип ништо нејќе ладно. Ни млеко, ни каша, ни чај. Се да му е топличко. Може затоа запали финтава. Ама колку е правилно топла вода да пие појма неам Чим нејќат, сеа за сеа доволно им е млекцето. Кога тогаш, ке пропијат.
Здраво на сите се приклучив на форумов за да соберам информации за дохрана. Малата е 4+, цица и пие ад дополнително, зашто качи многу малку на килажа. Советот од матичната е од понеделник да почнеме со пробување вкусови, ама на табелата што ми ја даде од 4-6 месеци стои само житарици. Знам дека може ориз, што друго од житарици е дозволено за почеток? И тиква кога би спремала, дали може да ја исецкам на парчиња и замрзнам, па секој ден да вадам и спремам? Сигурно ќе имам уште милион прашања
Хм. Па искрено јас не би житарици во стомак на бебе што е 4 месеци. Подобро би почнала со круша, јаболко, слива, банана...
Тиквата можеш на мали коцки колку за еден оброк и во кеси за замрзнување да ги ставиш, една коцка во едно ќесе па по потреба ќе си вадиш. Многу малку сакаат да се обарат. Кога почнав со дохрана т.е пробување на вкусови на 4+ месеци давав прво јаболка, круша, банана, слива, морков. Со житарки некаде од почетокот на 6 месец и тоа само ориз па после тоа палента и гриз