1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.938
    Пол:
    Женски
    Со компир, некогаш со морков. Најчесто со круша.

    Обично на почетокот се вари или пече овошјето и зеленчукот. 15 мин на пареа доволно е. Барем мене така ми рекоа. Со рачен Блендер полесно се блендира помалку храна.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. llama.mamma

    llama.mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    100
    @marchi-cool фала ти многу :) утре и темава убаво ќе ја разгледам, за да можам од понеделник со мирна глава и средени информации да си почнам :D
     
  3. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    @koritsaki
    Ти имав пишано дека се блендирам, ама денес пробав банана пасирана, за ручек компир и морков пасирани, и ми ги јадеше. Мојата е 7 и пол, но имај искуство за малку покасно. Баш и повеќе ја заситват.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    1.512
    Пол:
    Женски
    Ај од мене едно малку чудно прашање. Што е разликата помеѓу џиџи бебе , на хип бебе бисквитите, плазма и обичните бисквити ? Кои се најдобри за додаток во кашите за бебушките?
     
  5. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Значи, бебе не јадач... Хелп жени со искуство. Првото 6 теглички да му спремев, ќе изедеш се, а ова не и не... Не знам дали уште се опоравува од вирусот ама даваш лажичка, пола ја плука, дел можда ќе подголтне... Сите варијанти се пробани и сега ми требаат финти. Ја повикувам @Lolipop23 да каже како пројаде малата...
    Едит... Замислете ни смоквите на Лино не ги сака ниту бебешките бисквити на ло бело...

    @PoisonGirl колкава е беба? Некои имаат јајце па ако немате воведено ќе е проблем. Ло бело ти се скроз бебешки.
     
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.537
    Допаѓања:
    18.933
    Сигурно во составот е разликата.
    Еве нешто најдов и хип и плазма содржат шеќер,а џиџи бебе има и јајце.
    Ло бело се доста актуелни бебешки бисквити.
    Screenshot_20200222-113202_Chrome.jpg Screenshot_20200222-113040_Chrome.jpg Screenshot_20200222-112832_Chrome.jpg
     
  7. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.194
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам
    Ќе и варам супа пилешка со морков, грашок, ориз и кромидче и п.месо дали може и к.млеко да и додадам кога ќе јаде?
    И дали може просо неколку зрнца да додадам не се кинсати во вода одвечер?
     
  8. Мецаа91

    Мецаа91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2018
    Пораки:
    981
    Допаѓања:
    2.194
    Пол:
    Женски
    Штотуку откриено
    За да не минете низ цедалче цела кашичка од грашок или со грашок направете го ова
    Ставете го грашокот(замрзнат користам) во врела вода во сад да постои и потоа само притиснете ги зрната со два прста лушпата магично ќе испадне.. И потоа варете
     

    Прикачени фајлови:

    На Zhozefin, *Sara* и Mia Fuentes им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.304
    Пол:
    Женски
    Леле Кикин, кај ме најде, ова ми е слаба точка и кога и да зборувам за тоа на плачење ме тера. ;(
    На мојава одамна престанав да и правам каши и ја префрлив на нашата храна, зашто од неа колку толку јаде. Еве сега ќе ти кажам што и како јаде. За другите што не знаат, 10+ месеци е.
    Значи на сабајле најмногу јаде палента со путер и сиренце (солено) и тоа и е единствениот оброк од кој може да изеде поприлично доста (да не си помислите кој знае колку, 150г-200г). Па така преку еден ден и правам палента. Измеѓу кајгана, или пржени лепчиња или урда со јајце, спанаќ со јајце....
    На работа сум од 8-12 па и оставам по 1 Хипис да и даде свекрва ми и тој на 3 пати го јаде. Чудно Хиписот иако е овошен го јаде, друга домашна овошна каша не сака ни да помириса. Во овие 5 месеци една банана нема изедено, стотици тегли со компот кој го направив летото за неа ми останаа така, нечепнати. Е калинка многу јадеше додека ја имаше, ќе и изронев на столчето и сама си земаше и по цел саат се замаваше. Понекогаш проаѓа и парче јаболко и мандарина/портокал, ама колку е тоа, нема ни 20г. :doh:
    Откако ќе си дојдам од работа па до вечерта ја молам од нашето јадење. Супа сака со зеленчук и пилешко ситно надробено мевце и тоа е единствениот начин преку кој внесува месо.
    Манџи секакви топени со лепче, гравче, леќа, компир манџа... јадеше и зрна со лажица, ама во последно време одбива. По 3 пати во денот и давам манџа. За вечера пак манџа оти ниту една друга комбинација не ми проаѓа. :D
    Јаде и риба, ослич, ќе и ја исчистам и сама сака да си јаде со раче. Ќе заборавев и од сармите на мајка ми јаде, ќе си изеде цела сармичка со сласт. Друго НИШТО!
    Стрвна е за грицки и благежи кога го гледа батко и, се сака да проба, од мака и давам и од тоа да си апне. И воведов се можно во надеж дека нешто ќе прифати, ама не и не.
    Нашиве моми изгледа уште од сега внимаваат на линијата и држат диети. Тешко нам! :D
     
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Се ова што наброја уште немаме пробано, 8 + е немаме заби, блендирано и правам. Ти барем не си ги чепнала теглите, стојат, јас со надеж отварам, правам фрлам.... :(
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.304
    Пол:
    Женски
    Фрлав и јас, како не, само ние кога почнавме имаше сè свежо, па кога дојдоа на ред теглите јас веќе се имав откажано од каши. Најкриво ми е за домашното месо што го испофрлав, а петлиња чувани специјално за неа беа. |(
    На таа возраст колку твојата некаде почнав да и давам од нашата храна, ама мојата имаше 6 заби тогаш.
    Значи скроз спротивно од батко и ја хранам. Некој да му дадеше на син ми храна со сол и зачини на таа возраст ќе го задавев. Или пржено лепче недај Боже! :D
    Сè што критикував тогаш, сега јас го правам. Од очај!
    Финта не знам да ти кажам освен и ти постепено да пробуваш со фингер фуд ако нема заби.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.507
    Пол:
    Женски
    јас да ти кажам искрено месец дена пред да почнам со дохрана почнав од почеток да ја читам темава и да фаќам прибелешки исто и комбинација со апликацијата бебе готвач. Па на крај со сопствен заклучок стартував.
     
  13. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Кога за прв пат воведовте грашок и со што?
     
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.038
    Пол:
    Женски
    Ај некој нека ме просветли, зошто мозоков си го иступив и пак ништо не сфатив.

    Дилемата е следна:
    Месо, млечни производи и глутен.
    За сите три вика дека треба помеѓу 6-7м да се воведуваат.
    Не е некако многу натрупано тоа?
    Што да почнам прво да воведувам?
     
  15. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Јас прво глутен, млечни, сега крај на месец планирам месо.
    Одлично ги прифати и глутен и млечните
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    И јас на почеток многу се паничев, шо како зошто, ама полека се навикнав, влегов во шема и многу полесно ми е. Ги знам повеќето комбинации, новото брзо го сфаќам... Опушти се, ќе се прилагодиш.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.106
    Допаѓања:
    10.420
    Пол:
    Женски
    @kikin душо. Ако ти е за утеха и мојата ништо не јаде. Само сливи со авокадо и киноа, и палента и павлака. Крај за друго. Се помирив, нема ништо на сила.Твоето и моето се ептен врсници, чинам и на ист ден се родени:D Близнаци :rofl::rofl:

    Сакам да пробам домат шери да дадам. Од кога можам? Може ќе ми се посреќи да пројаде со тестенина :@
     
  18. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.248
    Пол:
    Женски
    Глутен и млечни пред месо, мое мислење.
    Не би дала месо пред полни 7.
    Син ми на 7 и пол месеци проба месо. Исто планирам и сега.
    @Turna грашок може со компир, со морков, со тивица, со цвекло.
     
    На Turna и Мариаа. им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.537
    Допаѓања:
    18.933
    Од Томи има лажички со долга и кратка рачка,кои се попрактични?
    Дали е подобро силиконски или пластични?
    Се мислам силиконските да не се кинат со забчиња:D
     

    Прикачени фајлови:

  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.110
    Допаѓања:
    191.418
    Пол:
    Женски
    Не се кинат со забчињата, ама мене сите ми се исфарбаа портокалови од морковот. :| Се префрлив на пластични попрактично ми е. Силиконските се попрактични за тие што почнуваат порано со дохрана.
     
    На The Unicorn, Magic13 и Sofi.ja им се допаѓа ова.