Јас ставав мелени бисквити од очај, за да јаде. А не дека се здрави и треба да се прв избор . Почнав со пченкарните на Хип. Инаку житарките ги држат сити. Хип и Холе се сосем океј. Био и безбедни.
Здраво мајки да ве прашам Од 1почнуваме во градинка а на 11полниме 8м јадиме по 2оброка веќе еден месец и месо јаде, млеко кисело и јогурт.. Дали е во ред да почнам по малку да и дадам жолчка додека ми е дома, страв ми е несакечки да не и дадат таму..
Од вчера почнавме со дохрана. Морков дадов за првпат. Не беше многу воодушевена. Денес пак морков, со песни со лажење лапна некое лажиче. Вода не сака ни од шише ни од чаша. Со лажичка малку голтна. Некако мешето и кркори откако ќе јаде, нормално е тоа? Утре планирам ориз на Хип или тиквица. Ајде сега само челични нерви и трпение
http://www.hranazabebe.com/kasice-za-bebe/ Ја зачитав статијава,пишува за замрзнување на бебешка каша. Дали има некој што практикува ваков начин? Праз од 10 или од 12 месеци се даваше? Бидејќи е потежок за варење
Мајки од кога се воведува домат и црвена леќа? Две табели имам, двете различни а му направив сос од домати летото и имам купено леќа па да знам дали да давам... Да се пофалам бебе јаде се, од млечно, јајце, месо, зеленчуци и овошја, буквално се. Најмногу јаде за доручек, па ручек, а некогаш му давам и малку вечера и каснува по малу. Проблем ни е водата, 6 шишиња купивме од ниедно не сака да пие и крај. Е не го заучувам со лажичка и онака го дојам. 8+ сме и мора полека да воведувам оброци, ќе се почне на работа, во смени...
Денес воведуваме карфиол. 6месеци + 2 недели сме. Е сега најдов комбинации на карфиолот за понатака. Постирам слика некому ќе му се најде Е сега мене ме интересира начинот на обработка. Се дава само цветовите или и дршките. Колку време се подготвува.... @cinderella5 за доматот знам дека после 10ти месец се дава мада според мене мислам и покасно
За домат и јас прашав. По една табела ми стои 12+, на друга 9+. Секаде различно. Не е алерен, но киселоста може да му прави на бебето проблем на желудникот. Исто, од самата киселост, може да се исфрли околу уста. Јас сакав со шери домат да пробам. Но еве, за, две недели сме на контрола, па ќе прашам.
Домат и црвена леќа дадов околу 9от месец. За водата не се нервирај, и јас се нервирав дека не пие, од страв нели да не е жеден, па докторот ми рече половина час до час после оброк да му дадам да цица. Така тераме веќе месец ден, ќе си пивне малку млекце и брка работа. Таман и ако не бил најаден убаво за оброк ќе си надополни
Јас од карфиолот му го подготвував цветот, а дршките јас си ги грицкав дали може и дршките ќе прашам на наредна контрола. Не сум гледала на саат, но мислам дека половина час максимум се готви.
не пред 4 месеци и не поскасно од 7месеци мислам беше,ма да по табеливе пишува негде 7 негде 8. Ова го кажа др Сајкоски на емисијата 0м+,можело да се даде,но да не се давало секојдневно глутенска исхрана. едит: Какви млечни производи давате од 7м и од кој фирми, каде наоѓате свежо пилешко месо?
Не знам, на последниот преглед (8 и пол месеци) ми беше кажано дека можам леќа да дадам. Не потенцираше каква.
Давам кисело млеко, павлака Битолско, Мегле и моцарела имам дадено но не се сеќавам чие производство беше. Свежо пилешко не купувам, земам од тегличките на Холе.
@marchi-cool празот од 7 месеци. Редовно е во кашите на бебе готвач за +7 месеци. И мене ме интересира за амрантот како го подготвувате И со што комбинирате
Вишна Аронија Цвекло Црвена леќа Модар патлиџан Од кога ги дадовте? Повеќе ми е за цвекло о и аронијата за крвта се убави 7+сме