да и јас таму гледав за 7+ е ама доста имам читано дека е намирница која е тешка за варење искрено и мене некогаш ми е тешка а сум љубител на праз. Затоа реков и тука да прашам
Majki kako vovedovte zolcka? Na razmak od kolku dena i po kolku? Bebe e 8+, po listata od pedijatarkata treba sega da vovedam
@Magic13 колку има малото? Јас во понеделникот почнав со дохрана, на 4 и пол месеци. Почнав со ориз, првиот ден лизнуваше само, вчера веќе јадеше повеќе. Мешето претпоставувам им кркори зашто им треба време да се навикнат на храната, сепак потешка е за варење отколку млекото.
5+ е моето. Само првиот ден така му кркореше, сигурно дури да се навикни. Многу не јади, а и не ја форсирам, има време, колку за проба. Три дена планираш иста намирница да даваш?
Има некоја чие бебе одбивало се да јаде на почеток да дае некој совет? Значи живци искинав. Само што ќе го види тањирчето почнува да вреска. Утрово мислам ја слушнаа до Закинтос. И врескаше се дур не ја стаив на цицка, па уште цицаше и плачеше луто па заспа. Не знам што да праам, се пробав. Ми иде да земам да изнафрлам се што сум купила и да ја дојам до 10 години.. па понатака ќе видиме.
@Yowannty кога си ја хранела да не била успана , изморена , или па да не цицала претходно? Јас гледам да и давам ептен кога ќе стане од спиење па ќе почекам едно пола саат и тогаш ќе и давам. Или ако цицала , ќе чекам три часа да поминат па потоа да и давам. Најубаво е исто време да јаде секој ден ама на почеток тешко дека може тоа биде. Поготово дека цицаат па стомачето ќе им се засити и потоа не сакаат До сега што и имаш воведено? Јас сабајле и дадов денес прв пат јаболче и банана заедно приметив дека така поубаво го јаде отколку само банана. И приквечер и давам оризова крема.
Баш читав пред некој ден имаше пишано една мајка, ако бебето не јаде некоја храна ставете ја во друго тањирче. Пробај со обично,може го препознава нејзиното
Смени чиниче и јас така знам. Сосема да биде поразлично од тоа што си и давала па и чаша нека е или тегленце за кашичка. Инаку батат како давате. Свеж или печен? 6+ е нели?
@koritsaki мојава цица на 2 часа. И гледам да и дадам храна измеѓу тие 2 часа. Денеска не фрлив, сега кога ќе стане пак ќе пробам. До сега проба: морков, компир, брокула, ориз, банана, јаболко, авокадо, круша и киноа денеска. Кога велам проба, се мисли повеќе на лижнато и плукнато. Бар од банана знаеше 3-4 лажички да проба сега ни тоа. Педијатарката ме советуваше да ги мешам од старт намирниците оти не се очекува реакција од нив. Ама јас сакам да знам што конкретно ќе и се свиѓа па и давам по една различна намирница секој ден. Тие што се алергени ќе ги воведувам нели на рати. Тањирчиња мењавам, џабе е. Отвора уста значи и чим вкуси вреска и толку е. Не може да не и се свиѓа ништо до сеа. Реагира ко да нема да и дадам цицка ако појаде друга храна. Некоја девојка ми посочи гриз на хип без глутен нешто така.. Па маж ќе тркне тоа да набави за утре.
Како мислиш свеж? Неможеш да дадеш свеж батат компир. Јас го печам. Инаку можеш и да го свариш ако сакаш. Можеш да го дадеш на 6+. @Yowannty еве го гризот. Можеш да додадеш банана, или да го направиш со ад или молзено. Стискам палци
Еееее фала многу за сликата. Баш го гуглав не бев сигурна. Уште нешто да прашам. Слива од кашичка да пробам? Ај кажете ми кашичка што нема шеќер и такви ствари, само слива чиста да е.
@Yowannty те читам се мачиш со бебла, па да прашам? Како и ја даваш прихраната? Кога велиш јаболко, мислиш свежо изрендано или како? Моево беше јадач, па ич не ми текнува како ги почнавме тие ритуали, знам се препотував и спремав камера за првото залче, и успешно беше, иако не ми текнува што беше. Ама моето беше на ад дохрана, цицаше рекреативно. Се сеќавам дека страшно многу сакаше кашички од тиква, мислам цела година тоа јадеше без исклучок. Ама главен хит и беа кашичките од варени јаболка, лупено-варено-блендано. А вода, сок, чај пие или ништо? Веројатно уште не и е времето, не се фрустрирај, ќе биде- сите пројаделе, сите проодиле, само некои порано, некои подоцна. Ми текна на видеово од пред некое време. И ние вака, ќе седнеме, па ќе и зборувам- види сега колку убаво јадење имаме, ти си големо девојче, ќе јадеме заедно бла бла бла. Пробај филм да и го направиш јадењето. Spoiler: Бебешки расправии http://www.femina.mk/забава/видео/најслатката-расправија-мало-бебенце-на-свој-јазик-се-кара-со-мајка-си-бидејќи-не-сака-да-јаде
Да да, пробај пак кога ќе стане, почекај нека се расони убаво и дај и мојава сега за сега ги јаде вака мешано јаболчето бананата и оризот, само приметувам дека уште јазикот го вади надвор, лажичето пробува да го шмука Гризот што го поставила @The Unicorn го барав на скрутц ама никаде го нема дали во Грчка не го носат.. ако го најдете некаде обавести ме
Пробај комбинација тиква со круша на пример. Ја тиква во се му ставам и јаде. И гризот со измолзено млеко пробај, сигурно ќе ти го јаде. Не се нервирај.
Да, и јас и сопругот сме со алергии на храна, и планирам по три дена за секој случај. Се надевам нема никаква реакција да има, чисто од претпазливост.
@Yowannty кога почнав дохрана баш тука жениве ги читав, за бебињата нејадачи се фалеа дека кашата од слива и крушка на Хип им била хит во неа немало шеќер, сите други од слива испадна со шеќер да се. Ние немавме мака со јадење, се си кркаше од почеток, ама еве другарка, синчето и е 1.5 година и само прави и фрла. Цел ден на цице е, а машала батко голем е, мојава во заби може да ја носи. Не се секирај нема дете што не пројало ко ќе почнете со кисело млекце ќе видиш како ќе отвара уста. Мислам дека киселото млеко е решение за сите нејадачи
@Biljarkata овошјето гледам свежо да е, па јаболче конкретно убаво измиено, длабоко излупено и рендано па пасирано малку. Ама џабе мојава ништо не јаде. Сок и чај не давам, вода нудам и тоа се тешам дека малку од малку пивнува. @Мариаа. Каква тиква даваш? Каква да побарам? Ич не се разбирам? Од тие округлите или од тие како подолги што се?
Пробај сварено јаболко. Мене така педијатар ме има учено, друг никој сум немала да ми каже. Лупено, сечено, варено компот- ко ќе омекне, во блендер. И тиквата варена. Каква било, јас земав од тие што се крушковиден облик, вкусот и структурата им е таква како тие големите што ги имаме во мк. Ако не ти јаде од јаболкото, пробај барем водата што ќе остане од варењето, т.е. компотот. Претпоставувам треба да се навикне на вкус, поинаков од мајчино млеко, после би било полесно. Свежа само крставица имам давано. И банана. Ама почнавме со јаболка, тикви, спанаќ.
Исти се. Јас имам од тие подолги што се. Ја варам 15мин и додавам круша, јаболко било што ама и тоа малце обарено. Свежо ништо не сум дала. Освен банана. Благ вкус дава тиквата и си јадат обично. Пробај, па ќе кажеш што направи.