Да, моево дете нејаде, нерви искинав. Штом гледа тањир , стенка и се мршти. Ако проба а не и се свиѓа?? Циркузи. Затвара уста и крај. Со клешти нема отварање. Треба да и погодиш што сака. Пробај дај чиста палента, или со овошје кое го сака. Чисто да знаеш дали е до вкусот или стварно не јаде.
@Yowannty измеѓу подоите на 2 часа не е гладна затоа не јади. Давај после 2 - 2,5 часа после цицање кога е гладна. Подобро цицка понуди после јадење. Др ми рече ако е јадена, циценбара како за галење или како вода. И мојава чисти намирници многу не сака. И ги мешам. А банана чиста немој , запек дава. Мојава со ништо не ја сакаше а последна ја дадов како вкус. Но денес ја откривме комбинацијата банана пасирана со овес варен. Лапна за миг цела тегла. И јас како @Мариаа. се обварено и давам. До кај 9-12 месеци ми рекоа така на пареа. Само авокадо И банана свежи. @koritsaki не сте 5+? А читам 2 оброка и даваш? Или само вкусови пробате? Ние веќе 6 и пол месеци сме со еден оброк. Веќе помина месец од воведен прв оброк. Др ми вели да воведам 2 оброк И за 10-15 дена кис.млеко ама ќе си почекам до кај 7 месец. Што ми предлагате? Да не се направи џимрија. И вака убаво напредува со 1 оброк 40 мл вода И останато цицка. Утре сме за вакцина па ќе видиме. @Мариаа. Како поминавте вие со вакцината? Реакција? јас сменив бројче на пелена И повеќе И мириса. А полни пелени на 2 саати утоп е. Плус ми се мочка кога ја пресоблекувам мокрачата И е прозирна како вода не верувам од дехидрација да е. @srekice вие бевте банана мрзач како нас. Имаш пробано со овес Варен? Кај нас помина
Мене ме советуваа на почеток овошјето да е варено и блендирано со водичка и како што кажав малку млекце (мајчино или АД за да му биде вкусот на бебето познат). Потоа откако ќе почне цел оброк да јаде се преминува на свежо овошје. Тиквата гледај од тие долгнавести што се (на англиски е butternut squash). Тие се најблаги. Само исто имај во предвид дека некои деца не сакаат тиква. Моево на пример сеуште тиква не сака. Ако не сака дома готвено пробај со готови каши. Тие може да имаат различен вкус и текстура па тие да ги прифати полесно. Сега се сеќавам дека ние така и почнавме. За пробување вкусови готови кашички зашто секако пробуваат само по неколку лажички на почеток. И само без паника. Ќе пројаде ич немај гајле. Друг совет не ја рани помеѓу подои туку точно пред подој. И кога ќе завршите со ранење дај и да цица (како награда ќе и дојде).
Испечи и јаболко и крушка изблендирај и пробајте можиш о Тиква или Батат плус Слива, кајсија, праска и давам од тегле од почеток и сега кога правам нешто од тегле сеуште додавам.. На почеток кога бевме јаболко и морков купечка сакаше многу а сега не ја сака... Прпение спасение мила печи и нас така ни успеваше секогаш значи Тиква, јаболко, круша, батат секогаш печени и давав и од водичкакта нивна си разредував.... Сега сме во фаза се со кисело млеко..
И моето не сака да јаде, си сака цице и крај нема волшебен совет, само нуди секој ден колку ке лапне толку. И со првото го поминав истото еден ден ке почне да јаде.
Па слушнав на тв додека готвеа дека бил единствен компир што можело да се јаде свеж. Или па јас нешто грешка сум разбрала
Кенкав беше вчера само и тоа. Никаква друга реакција. Да не бидам офф топик. Ќе даваш кисело млеко? И мојов педијатар ми рече пред 7 да дадам ама некако рано ми е, не знам.. Ај ќе споделиш и ти што ќе направиш.
Да се јаде свеж претходно прокиснат во вода. Но на бебе не би дала свеж. Јас го варам или печам за бебе.
Бидејќи само цица, АД не сака да види ми рече да дам К. млеко за да може кога не стига моето млеко да јаде млечен оброк. Утре ќе зборнам со педијатарот од здраво бебе па ќе ти кажам. Искрено денес со цуцлата и макнав во к. млеко што јадев. Толку го бендиса што очите не ги тргаше пола час од него. Едноставно си сака да си јаде. Затоа со зетчето мое се буциња.
@Yowannty не ти спомнав, ако сака бебе тиква ( било која да земеш не е грешка- долгите мојава повеќе ги сака) можеш да и земеш ориз со тиква на хумана. Многу е вкусен. Јас со овошје или вода го правам. Ќе пробам и АД да и подметнам. Без глутен, шеќер и без млеко е
@Presrekna да 5+ сме, педијатарот ми рече така, првата недела да почнам со ориз а сега оваа со банана , па јаболче, па да ги мешам. Ми рече од нареден месец ќе ми каже за зеленчук како што
Мајки на бебињата што не сакаат цврста храна да ве прашам. Имаат ли извадено запчиња? Ќе споделам искуство со вас па се надевам дека ќе ви помогнам. Јас со моето го имав проблемот затворање уста и противење. Почнав со зеленчук. Не сакаше. Дури и 4 саати од цицање поминуваа и кога ќе му понудев храна не сакаше, давам цице сака. Имаше денови дури и слабо цицаше. Дојде на ред овошје, почна со сласт да јаде. Во меѓу време почна да му ѕирка запче и пројаде и зеленчук. Јадеше се во големи количини. Пред неколку дена намали со храната. Затвора уста и се врти. Слабо цицаше. Ми текна, отворам уста горе единица излегува. Сега по неколку дена полека се враќа во нормала. Поврзувам дека забите се виновници. И јадење кога им се спие многу, не нудете, јас од пусти страв да не легне гладен бутав со сила, ќе изеде пола тегличка со молење и остатокот го фрлав.
Знам дека многу од вас сега почнаа со дохрана и дека се малечки, треба и да научат како да јадат. Но еве @srekice има поголемо бебе и таа се жали од истото. @drugarka ако добро се сеќавам кажа дека нејзиното јаде се, а има запчиња. Ако сум грешка поправете ме. Знам дека има повеќе можности поради кои одбиваат храна, но можеби вадењето запчиња е една голема причина. Како и да е, која и да е причината, не се нервирајте, ќе помине. Секако млекцето не им бега
Ние имаме 6запчиња 7+сме предмалку за забележав 2те горе сега ќе ги вади а 1горе само што и пробија, не ми одбива со јадењето а се по 2наеднаш вади... Тоа до детето е
Така е... без нервози.. Јас веќе некое време му давам од сам да јаде. Цели парчичиња сварени овошје и зеленчук, паста (има од леќа, од наут во дм) месо на ленти, палачинки прилагодени за него, проја, ќофтиња од кус кус, киноа.... Подготвка на храна како за blw, сега се каам и првиот месец воопшто што давав каши. Ама и тогаш менував лажици. Дете супер јаде само 8+, јаде колку му е доста, сконцентриран е на храна, јаде со раце. Цица уште и навечер спие по мин 12 саати, тоа ми е знак дека е задоволен. Има работи кои ги сака има работи кои не ги сака, ама генерално е ок. Ако не јаде доручек, му давам тек кога ќе биде ручек. За второ од старт blw. Инаше мн интересно видео скоро, за џвакањето, за стимулација со тв, вчера го гледав на фб, српско, ако знае некој нека го закачи.. интересни работи кажуваа..
вероватно и даваш капа во период кога е повеќе гладна па така реагира. Ние пред да заспие цицаме а одкако ќе стане после 10тина минути давам каша. Тоа крај 11-12 сатот напладне
Значи пишав се пробав. Давав и пред редовното цицање, давав и измеѓу 2 цицања. И пред спиење и после спиење и измеѓу. Значи не ми проаѓа никако. И на утро и на пладне, и нудев и 2 пати. Ете конечно земав и купечки во надеж дека може нив ќе ги бендиса.
може не и се допаѓа вкусот. Зеленчуците немаат ама баш никаков вкус. Јас еве пред да давам каша ја пробувам и уопште не ми се допаѓа некогаш ми се гади од некои. Ама бебчо си јаде. Е има бебиња како мене кои не сакаат каша од свеж/обарен зеленчук. Пробај со каши купени. Вистина имаат додатоци и шеќери сол и такве ствари што даваат вкус ама па ќе научи дека има и нешто друго освен цицка. Кај нас карфиолот го прифати. Денес 3 ден во комбинација со морков. Првиот ден само неколку лажички,изгледа не му се допадна вкусот ама па вториот ден изеде цело тегличе од 80 мг. За брокула да прашам. Од утре таа ни е на листа за јадење а штотуку прочитав на еден српски сајт дека е за над 8 месеци. На педијатар.мк дека е за над 7 месеци а во бебе готвач 6+