Брокула е 6+, а карфиол 7+. Така јас знам. И мој бебчо неќе зеленчук се мршти. А овошје си лапка. Домашно не толку ама кашичка знае и цела да си ја мавне. И многу мине интересен на зеленчуците на просото на работи што немаат вкус прави движења како да повраќа, се гади изгледа. Ех бебе од 6 месеци ми прави финти ами што ќе биде натаму... Батат комбинирате ли со нешто, вчера му дадов чист денес сакам со нешто да го измешам ама не знам со што.
За брокулата педијатар ми кажа да дадам 6+,и да видам реакција ако му одговара да продолжам, ако не да дадам после некој период. Кај нас не му прави проблем, и му ја имам давано во неколку комбинации.
Има ли друго бебе што не прифаќа вода или само моево е? Трет ден морковче, супер го прифати. Јаде по 2, 3 лажички, ама кога давам вода се однесува како отров да е. Прво не знае да влече од шишето, сменив неколку и со клунче земав, џабе е. Ги гризе само и ако случајно му протече, панично вриска колку што го држи глас. Му дадов и со лажичка, ја враќа и плаче се додека не го ставам на гради. Иначе, кога комбинирате? Сега кога ќе воведам уште еден вкус, дали да комбинирам од двете пред да воведам нов или да воведам прво повеќе чисти?
Јесте да. Моето е 9+. Од декември почнавме со храна. Во почеток сакаше се. Месо си лапкаше. Што и стана јас незнам. Ете, си одбира што сака. И не фурам. До една година млекото и е основна храна. Ке се научи. Тоа што го сака е хреанливо, па нека јаде. Да речев заби дека се, не се. Нема ниту еден. Непцата мирни како од раѓање Еве и вчера, пробав со батат и лус кус. Ма јок бре. Отвори уста, проба едно лажиче и се насури. И дадов палента со јогурт, со сласт мцна се. Можеби е до фамозниот 6ти скок. Ке почекаме јште некој ден.
Јас имам непијач на вода. Се гади ја плука, се мршти. И од шише пробав, и со клунче, лажичка, ништо, плаче. После на града се смирува. Ќе продолжиме да нудиме, со надеж дека еден ден ќе пропијат. За вкусовите педијатар ме советуваше барем еднаш од сите да проба чисти, за да осети вкус, па после може комбинации.
Негде кај 10ти месец почнуваат да пијат вода ич да не мислиш до тогаш. Според сзо препораки водата е после воведен трет оброк. Оние кој цицаат и после една година почнуваат да пијат. Ќе пропие летово што иде само од себе. Ти нуди си секој ден али без никакви грижи. Пробај и од чашка ракиена и метално лажиче.
Денес почнавме со тиквичка, колку за проба 3 лажички. Многу ми беше смешна, се смееше и јадеше, мислиш големо човече. Е сега да прашам, во табелите ми стои маслиново масло од 6+. Ама па и самите табели почнуваат од 6 месеци. Чекам до тогаш за да воведам? Страв ми е да не и направат зеленчуциве проблем со мешето.
Моцарела како дадовте прв пат? Со што да и дадам? Да потенцирам, само убаво, мазно, изблендирано јаде
Мајки вие што давате трет оброк во колку часот го давате првиот оброк и дали млеко оброк млеко оброк па пак млеко или како ?
Два дена давам чисто, треиот ден комбинирам со веќе пробано. Денес првпат проба ориз од Хип и го сакаше, досега најмногу од се. А ужасно ми мириса мене. За вода ќе пропие кога тогаш.
Ло бело бисквитите знаете каде ги има? Дм к.вода и џамбо нема.. на друго место?? Исто и еурофарм прашав..
Трет оброк му е млечно нешто, давам во 18,00 а во 20,00 си цица и 21,00 кревет Понекогаш давам ама не ги сака баш, не се ни трудам да форсирам сок. Пие вода и смути
Не сум доволно информирана околу водата, не знаев дека е препорака на СЗО со трет оброк. Девојчињата ми се давеа во вода, сега чудно ми е. Ќе нудам секако. Колку ќе биде успешно, не знам, а и не сум многу потресена, ете цицањето е уште главна шема. Давам 3 дена ист вкус, а може и помалку? Да скратам ако не на 2. Утре планирам тиквица. Овошјето ќе го оставам последно. Демек да го зајаде зеленчукот, погрд дека е. Сокови не нудам, ниту планирам. Друго сакав да кажам дека не блендирам, пасирам само. Му давам и да шлапа во тањирчето и си лиже прстиња, многу е смешен. И лажичка држи во едното раче, интересен е со обидите да ја стави у тањирче, па ја мава од масичка, па ја бута во уста, на крај ја фрла. После јадење, ми доаѓа да го бутнам у машина за перење со се хранилка. Исто, како ги седнувате, полулежечка или седната положба во хранилка? Моето е у седната, седи он, ама нема супер баланс за да се задржи долго. Да не му зезнам нешто страв ми е. Знам дека подоцна седнуваат стабилно, 7- ми ли 8 - ми месец беше. Не јаде ништо повеќе од 3 лажички и мислам е доволно за почеток. Е сега вие нудите пак во текот на денот или само за доручек? Јас давам три пати, по 2, 3 лажички. За вечера обично завршува на една лажичка. Многу да не му е, да не грешам? Не сакам да избрзувам, цел живот ќе јаде. Вака е задоволен и активен. Не личи на изгладнет. Знам дека прашањава ми се ко за прво дете, ама шо да праам, сум заборавила.
@Lianna Anna се си правиш како треба освен седењето нека не биде 90 степени. Полу исправена позиција е сосем доволна за дохрана. Друго се под книга
Тинекс на Јужен булевар ги имам видено. Претпоставувам и во другите има. Цвекло со што комбинирате? И за вишни ме интересира.
@Мариаа. Зборував со педијатарот за кис. млеко, ми рече до сега од 7 месеци се давало, по новите предавања од 8 месеци, па ми рече да не брзам. Бидејќи убаво напредува за 13 дена +300 грама е напредната, па да не форсирам. За брокулата и карфиол исто од +6 се давале со проба ако не прават проблем да давам слободно. Мојава ги обожава. Од зеленчук се сака. Јаде со апетит. И овошјето Го сака но преферирам зеленчук. За АД ми рече да не форсирам за бебе на доење и само еден оброк Супер напредува. За 2 оброк пак да не брзам ќе видиме ако вака тера со килажа тек после 7-8 месец. @Lianna Anna nna Anna и моево на почеток водомрзач беше. Сега единствено од шише само вода пие. По 40-50 мл. Ниту сок ниту АД. Обично после зеленчукови каши најмногу. Не брзај ќе пропие.
Кашите што ќе ги подготвиш ги чуваш до вечерта, после ја загреваш или? Ете не сум знаела дека може и така на почеток. Јас го фрлам остатокот, и секогаш до 12 саатот и давам. Инаку правилно е по 3 дена од се да проба, ама мојата после вториот ден се гади и затоа почнав на трет ден да и мешам со нешто претходно. За седење уште не ја хранам во хранилката за да не биде седната. Во транспортерот ја хранам.
Душо ако имаш од оние хранилки на три нивоа стави ја и јадите јас од 4ипол м ја ставив на трето ниво потоа сама почна да се исправа па на 2беше а сега седе сама исправена, и на кревет кога ќе ја ставам несака ништо околу ни перници ни ништо, 7+сме А за кашичките гледај свежо давај и и пази компир не не подгрева