Гризот на Хип - Baby’s first semolina е без глутен. Го давам уште од 5+. Превкусен е. Обично го давам со банана и јаболко Со што ја даваш палентата? Еднаш ја дадов со морков,кромид,пашканат и брокула ама не му правеше мерак. Некако немам многу идеа за неа. Само со сирење и кисело млеко ми оди ама рано е за млечни.
Мисиркино ми го препорачаа во Веро. Секој понеделник носат кај нас, и одма го купуваат, денес имав среќа најдов, 9 и 30 часот бев Веро. Прашај во твојот град во Веро, ќе се информираш кога им носат. Пилешко од куќа ми рекоа, дома шо си чуваат, на село пример. Ама уште немам земено, ниту побарано. Телешко од добра месарница, да знаеш дека ќе е пресно, или месарот да ти е познат човек.
Извини шо упаѓам ама јас ја давам палетата со овошје и ја сака мојата. Со Слива, тиква, а со круша не ја сака, пробав и јас како блага беше многу, изгледа таква беше крушата ама оттогаш немам дадено круша
Палента со печено јаболко Палента со тиква и јаболко Палента со спанаќ Палента со Круша Покрај варена палента и давам на хип baby first corn. Мешам 3 лажици со 60-70 мл вода и додавам во овошје или зеленчук. После неколку часа редовно Кака и тоа потечно посебно кога е палента со Круша или слива или заедно. П. С. Во Стокомак 3 кашички овошни се на акција105 ден. Јас ретко давам готова каша ама мајка ми денес ми донесе.
Палента со спанаќ немам пробано. Ќе дадам овие дена. Иначе јаболка од каде купуваш?? Шубе ми е скроз... Овие на пазар 20 пати се прскани. Ич не ми се купува. Јаболко само на почеток имав порачано од човек шо си одгледува, тогаш и давав. Еве веќе 1 месец и пол немам дадено.
Ми се свиѓа комбинацијата палента со спанаќ. А никад немаше да ми текне. Тапа сум у кујна. Thanks. Имам ручек за бебе за утре. Смислено, како направено
Свекор ми одгледува јаболка и тоа голема количина. И ги прска многу пати во годината. Но има едни дрвја како диви настрана и нив не ги прска И за дома ги користиме. На лик воопшто не се убави ама се барем природни. Исто И сливи исушив така диви И од нив давам. Е сега праска И кајсија немам дадено. Лани Сварив компот од праски специјално за бебе со мин шеќер ама ми е мала некако за шеќер, плус И тие праски се прскани.
Девојки, од која палента користите? Зедов од Хип, сега таа ќе ја почнам, ама дали може од обичните како за нас, да не има примеси на глутен? И хељдата дали содржи глутен?
Да, инстант Хип, од кутиите. Со Ад е. Смееш да. Можеш да комбинираш со овошје. https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...i/hipp-mlechni-kashi-so-prebiotik/hipp-kheda/
Епа супер. Иначе да прашам уште нешто, ми бендисува едни кашички пишува дека се без шеќер, каде да ги чувам? Може на собна температура или во фрижидер? И ако не ја изеде цела, најчесто не ја јаде па пола ја фрлам, можам да ја понудам подоцна ќе стои или да продолжам да фрлам? @Presrekna и претходно ми ја спомнаа оваа кашичка од слива и круша на хип и дека е единствена без шеќер. Затоа препрашав. Живци искинав овде по аптеки ништо не можам да најдам. Баш за кашичкава ме промавтаа дека ја нема во Грција и како асортиманот на хип бил различен за секоја земја. Вечерва ја гуглав и ја најдов во онлајн аптека. Значи не знам што се дешава овде по аптекиве ништо нема. @koritsaki како е кај тебе?? И кажи ми хељда дал користиш и која? Ја и на македонски прв пат го слушам чудово. А палента користиш?
Ако не се отворени, чувај ги на соба температура. А отворени обично на секоја кашичка назначено е колку време стојат во фрижидер, зависно од состојките. Овошните на Хип мислам дека беа 3 дена добри. Инаку кај вас ептен тешко се наоѓаат Хип производи. Барем јас имам ваков впечаток. Главно Нестле е низ сите маркети и аптеки. И јас имав предрасуди кон хељда. И уште имам кон житарки кои не се ,,наши,,. Ама некаде после годинката во очај да му дадам нешто да јаде и да го бендиса му ја понудив оваа. И за чуда ја јадеше. Мислам има поблаг вкус. Амарант и остали чудби немам дадено. А и не планирам.
Овде се многу тешко се наоѓа како ми изгледа. Има Hipp, Nestle, Nutritia и Bio Bebe по супермаркети ама и од нив многу слаб избор има споредено со кај нас. Уште на фризи не ми се проверени што се има. Зел маж на фризи некоја млечна крема, ама ја прочитав млеко одма на кравјо ме асоцираше и ја стаив на страна. Утрово сфатив дека е формула, па ќе ја дадам за промена таа. А хељда прочитав дека била слатка и претходно, мојава ќе да претпочита послатко затоа прашав Амарант исто поима немам што е, не планирам да земам.
@Yowannty хељда немам дадено, има во продавниците за здрава храна а и на skroutz https://www.skroutz.gr/s/15798297/Όλα-Bio-Φαγόπυρο-500gr.html Ниту палента имам дадено,а сакам да и дадам и јас тоа, не ни знам во грчка дали има негде, @Kallias2 ќе ја тагнам ако знае да ни каже Кај мене во аптекиве исто слабо избор на Хипп, само да порачаш онлајн, по лесно ги наоѓам тие на Фризи , а баш завчера и земав една крема од Holle со спелта, е сега не знам дали можам да давам од 5+, на кутијата пишува од 4 месеци. Ти ја најде таа кремата што ја бараше пред некој ден на хип?
@koritsaki не го најдов чистиот гриз на хип - baby first semolina го нема, и на скруџ има само гриз со житарки и гриз со банана. 6+ се двете. Валда можеме да дадеме од нив?! И овес чист нема мислам.. Holle нигде не сум приметила до сеа, претпоставувам онлајн можам да ги најдам.. има од нив избор? А овесни снегулки даваш? И ако да, какви? едит. Ми се врти во глава Поледа, поледа не е палента?! Или нешто сум грешка може
@koritsaki , @Yowannty @Kallias2 сега не знам дали има немам видено, порано од Лидл за синко земав палента. Се води како polenta или corn grits. Еве вака изгледаше. Баш ќе видам кога ќе одам.