@Presrekna Блазе тебе. Немам јас во близина такви јаболка. А тие шо ги порачвав такви беа како шо кажваш, испукани, не убај за око ама вкусни и здрави. Уште денес прам порачка за нови, шо сум чекала досега јас не знам... Требаше да напрајме муабет изгледа @hristinan12 побарај петле младо. Прашај на повеќе места. Иначе не знам како би ти поможила. И јас немам најдено, ама мислам можи да се најди по селата.
Аааа да полента, браво. Ги има овие уште во лидл. Значи не мора да е посебна за бебе? Ај да прашам нешто сеа, палента и бакардан исто е?
Исто е, бакардан кај нас го викаат кога се прави со свинска маст(сало) се меша со сукало и чварки му додаваш баба на крај
Хахаха ќе не блокираат од прашања. Бакардан е качамак се прави со палента. Се вари во вода со сол и се јаде со сирење. На синко омилен доручек сеуште. Јас и млеко и зденка му ставам. https://www.google.com/url?sa=t&sou...FjAAegQIChAB&usg=AOvVaw36QkU4OHpy0y41EsrqEA5m
@Yowannty да имаш право , полента , баш сега пишав на гугл и ми излезе една од Василопулос маркетот а ова го има во Лидл погоре што сте постирале? Не знам дали стално ги има или некогаш кога носат италијански производи на пример..Баш кога ќе одам ќе проверам Претпоставувам оваа крема ја имаш најдено со гриз Инаку не сум и дала ништо друго до сега освен оризови каши. Ете и ова од Холл што е баш ќе го пробам , на него пишува дека се спрема или со вода или со млеко. Има доста избор од нив на skroutz можеш да видиш
Палента јас секогаш си имав од кај нас од Мк ми носеа моите и брат ми тогаш, тука не сум ни гледала дали има, плус многу е ефтина во Мк. Е сега, пред некој ден во Σκλαβενητης видов Πολεντα имаше и мислам околу 1 евро и нешто беше од пола кило, а може и поефтина не ме држи за збор. За во Lidl таа што ја постираше девојката искрено не сум видела, може ја има, а да не сум забележала оти не сум барала до сега, ние не јадеме палента и затоа не ни забележувам тоа што не ме интересира. Баш ќе погледам кога ќе одам нареден пат дали има.
Искрено, немам видено дали ја има, а одам доста често пазарувам во Lidl. Баш ќе проверам нареден пат кога ќе идам
И јас таква давав ама ми рекоа дека содржи гмо. И купив од зегин органска, околу 80 90 денари е. Разлика во пари ич, ама во содржина многу.
Цената Дадов моцарела денес. Ја ставив во палента. Се стопи скроз, малку путер и се накркс бубуш мајкин
И јас земав на Виталија и Хељда и Киноа... Киноата ја пробав не гореше воопшто пред варење да измив само мн убаво мириса... Утре здравје Хељда ќе пробаме
Не се мешаат житарки на почеток, оти ако ви пројави алергија (да, има и алергија на житарки) нема да знаете од која е. После 10 месеци може да мешате. Хељдата се препорачува после наполнета година оти е високоенергетска житарка. И препорачливо е да не се дава за вечера.
Благодарам за советот значи Хељдата делува како кафето или зелениот чај ако го испиеме во 9вечер (не на секои смета), а најискрено би и дала за појадок Хељда или некоја друга отколку фрутолино,чоколино... Приметив нас гризот ни смета значи и го давам наутро и после цела ден подждригнува и навечер тешко ми заспива и не и давам веќе остануваме на палента,просо и Киноа, овесни снегулки .. Е тоа амарнат или како и да е не сме пробале..
Не, интолеранција на глутен и целијакија се различни работи од алергија на житарки. Всушност, тоа и не е алергија, глутенот не дава алергиска реакција, туку ги уништува цревните ресички за ресорпција на храната и затоа прави проблем. Алергијата на житарки се манифестира како и секоја друга типична алергија. И се јавува веднаш како реакција по внесувањето на житарката, па дури и само на допир може. @Мецаа91 не како кафето или зелениот чај, нема кофеин, туку е енергетска бомба како благото, најблиску до тоа. А нема шеќер сама по себе.
може да се даде 7+ (мисиркино,брокула,ориз,морков и јаболко има внатре)? Сакам да воведам мисиркино е сега дали треба по една лажичка ,или може и колку сака бебе зашто мисиркино има 8% само во кашичката?