Имам направено домашен компот од круша без шеќер и вакумирано во мали тегли. Денес пола искористив, пола ставив во фрижидер. Дали може утре од истото да и спремам кашичка или да отворам нова?
Киноата ја киснам од вечер ставам во вода, а другата ден ја мијам и подготвувам, а ако заборавиш може и два саати пред да ја готвиш
се сложувам но сакам да прашам што кога мајката треба да се врати на работа? Ко ќе сум дома ќе го цицам ама кога не сум? тоа многу ме загрижува.
Не директно мешавина со намирници кои се пробани. Обично јаболко. Туку да прашам. Нели на кутиите со инстант каши пишува после 3-4 недели по отварање да не се користат. Јас имам отворено ориз и пченка но поминаа 3 недели а ни осмина немам потрошено. Турив по половина во вакуум тегли кои ги користам, а остатокот во оригиналната кеса повторно го вакумирав. Дали може да се користи или да отварал нови? За овие мислам Во зегин на холле има 25 гр каши по 23 ден колку да пробаш дали бебе сака па да земеш цела кутија. Јас зедов од просо макар што овие 25 гр бебе ќе ги јаде на 3-4 пати
Користи ги слободно. Јас оризот го користев неколку месеци. Апсолутно ништо не му е, ист си е како почетокот. Ставен ми е во тегла и добро затворен.
за втора смена лесно е. Ова 2 сатот почнува смената до 10 вечерта. Ама прва ми е од 6 сатот а во 5 ипол превозот. Така та многу е тешко за прва смена. Дома се враќам во 2ипол. Сега наутро станува во 7 . За 2 месеци не знам како ќе биде. Ќе треба да го будам во 5 да го надојам и да заминам па ко ќе стане нека јаде каша. Да воведам кравјо уште сега нема шанси. Првото пиеше кравјо на 6 месеци ама сега не сакам бидејќи ми е во мисла да не се одбие. А АД млеко не сака да види. Давав првите 2 месеци како дохрана кога пиеше кога не. Сега пред еден месец кога бев со грипот зедов АД да давам да не дојам додека сум под дејство на инекциите и не сакаше за жива глава да пие од шише. Со лажичка многу малку пиеше.
Мора така да пишат како инаку ќе им се трошат. Бебе кое пробува вкусови нормално ке ги јаде 3-4месеци. Да е поминат рокот ај да се фрлат ама палета, гриз, ориз малце не ми е верно дека рок им е 3недели. Не е исто
Ај едно прашање за почетници Почнуваме од понеделник (вторник полни 5м ама да си ја фатиме неделата) Педијатарот ми рече да го спремам овошјето како компот и заедно со водата во која се варело да направам каша. И сега како оди пробувањето, пример, понеделник давам четврт јаболко,вторник половина,среда цело? Четврток четврт круша,петок половина круша,сабота цела круша? И во недела да ги измешам двете? Па од другиот понеделник на овој начин нови два вкуса?
Женски, приметив дека бебла сака авокадо. Обично и го мешам со други намирници ама многу е цело. Пола може да стои во фрижидер до следен ден? Приметувам дека одма потемнува па фрлам, не сум користела претходно мене не ми е вкусно, па не знам.
Потемнува ако е излупено или испасирано т.е. во допир со воздух. Така што исечи го на половина и нека си стои така нелупено и слободно искористи го утредента со тоа што можеш да го отстраниш само потемнетиот дел.
Кај што е пресечено да му ставиш стреч фолија? Јас така правам со овошја,зеленчуци, се зачувува свежината