Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    IMG_20200304_114006.jpg
    Штотуку се вратив од продавница за здрава храна. Купив просо и киноа. Ама ако знам кое е кое (facepalm) мислам просото е посветлото а киноата потемното. И ако може. Некој да ми каже како да ги спремам. Се варат се киснат.... Продавачот за киноата ми рече дека водата во која се кисне или вари се истура
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Колку оптимистички звучи ова, и јас бев така возбудена кога требаше да почнам со дохрана и оп разочарување - бебе не сакаше ни да проба, се мрштеше и плукаше цел месец пред да се навикне на вкусови. Ако е ептен јадач па од прва да прифати и јаде тогаш ќе го ограничуваш, ама најеројатно ќе проба 2-3 лажички и толку. Обично нова намирница се воведува 2 дена за да се следи да не има алергија на нешто, ама ако е алергично одма ќе покаже.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.306
    Допаѓања:
    189.926
    Не е исто, просото расте и кај нас, киноата е јужноамеричка житарица. Разлика има во хранливата вредност (наводно киноата е похранлива, ама еве сме живи и здрави и без киноа) и во тоа што киноата е без глутен. За просото не сум сигурна, или има глутен или траги од глутен, оти обично се обработува заедно со пченица.

    Ако авокадо е тоа што мислам дека е, нема да и биде многу тешко во големи количини? Нема причина зошто не би стоело во фрижидер, ама за потемнувањето не знам чаре. Пробај надвор од фрижидер чувај го, овошје е, не е месо или млеко. Имаше некој муабет и за бананите, потемнувале на ладно ако претходно биле на топло или обратно, види може некоја варијанта ќе функционира. Не знам дали има поента да се замрзнува:?:
    Во меѓувреме ја пишале и варијантата со фолија, ич не ми текна дека би можела и на пасирано да мислиш, јас мислев за цел плод се збори.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    18.644
    Јас почнав да ја листам темава од 1000 страна, стигнав до 1030, си водам евиденција во тефтер :)
    имам запишано дека
    просо се спрема 3:1 сооднос со вода, се вари 20-30 мин, со него може да се вари и зеленчук: компир, морков, брокула, тиквичка
    киноа 3:1 сооднос со вода, прво се попарува со вода да излезе горчината, се вари околу 20 мин може да се комбинира со овошје и добра житарка е за против запек :)
     
    На babydust и marchi-cool им се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    18.644
    Па добро, прво дете мора да се има некаков план и програма за исхрана :)
    Нормално е да се информираме и што се јаде и како се јаде на одредена возраст, особено за почетокот кој од оваа гледна точка изгледа како научно истражување:D
    Верувам дека после одреден период јадење цврста храна ќе охрабрам и ќе немам гајле,како што сега немам гајле да го облекувам,соблекувам,вртам наопаку бебе, што кога се родило ми било страв да не го повредам.
     
    На bela.m и lady.N им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.596
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata земам био и во пакување се 3. Користам пола од половината. Минатиот пат ја стаив половинката во кеса од оние за замрзнување и во фрижидер, ама потемне, па ја фрлив. Ич не ми текна да пробам да го пресечам горниот слој.
    За банана знам дека не треба да стои во фрижидер, никогаш не чувам. И плус продавачката во продавницата ми напомена се што пазарев да стаам во фрижидер освен бананите.
     
    На koritsaki и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Просото е од лево, киноата е потемното од десно. Јас просото го мелам во машинка за кафе (има свекрва мк од оние старите на горење) и си го складирам во тегла. Па како инстант му доаѓа за 5 минути се вари. Ама кога го варам го мешам прво во ладна вода па го додавам во вода што врие за да не се направат грутки.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Авокадо ќе смрзнеш. Исечи го на кришки, излупено. Во 100мл вода капни две капки сок од лимон. Секоја кришка помини во вода, и во плекче на хартија за печење реди. Стсви во длаоко да се сврзне. Собери го после во здела. Јас така правам и не е темно. Еве
     

    Прикачени фајлови:

    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Ај идеа со што да комбинирам батат компир? Немам идеи :?:
    @Presrekna ?:)
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Пашканат, тиквица, брокула.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Батат, банана, јаболко.
    Батат јаболко и морков
    Батат, тиквица брокула и маслиново масло
    Батат, спанаќ маслиново масло.
    Чист батат
    Сите комбинации ми ги сака
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.596
    Пол:
    Женски
    Аиии супер. Одма ќе ги средам денеска вака. Претпоставувам и одма одмрзнуваат. Фала срекиче на инфо. :f:
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.105
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Да, за пет минути се пуштаат.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    и јас ја почнав да ја чистам темава и со тефтер сум ама од 1ва стр почнав па до 82ра стасав :rofl: благодарам за информацијата. Уште да ве прашам за прв пат нели чисто се дава како и сите други намирници? Или од старт да го мешам со нешто?
    јас планирам кога ќе се свари да блендирам.
    @Yowannty за авокадото тука напред на темава читав дека во една каша пожелно е да се стави четвртина парче оти е јако. Останатото се чува во фрижидер сосе семката завиткано во фолија.
     
    На Sofi.ja и lady.N им се допаѓа ова.
  15. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Не мора чисто просо. Можеш со било што што имаш воведено да го измешаш за вкус. Пример со јаболко, банана итн.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Маслинoвo маслo oд кoга смее да се кoристи?
     
    На Magic13 и Presrekna им се допаѓа ова.
  17. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    12.939
    Пол:
    Женски
    Од +6 според мојата табела и педијатарот.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.883
    Допаѓања:
    10.399
    Мислам дека jа имаше прикаченo табелата акo не е прoблем мoже да jа прикачиш пак? Да не лутам пo пoстoви :D
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.403
    Допаѓања:
    18.644
    Според бебе готвач 6+
     
    На Presrekna и Larahappy им се допаѓа ова.
  20. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.468
    Кромидче од кога можам да давам? 8+ сме
    Ве имам читано дека и како манџички им правите и со лукче плус, ама не можам да ги барам тие постови.
    Некоја да ми посочи некоја комбинација?
    И маслиново масло немам дадено сеуште. Ама има време, не се брзам ич. Бебе си е супер, постепено и давам нови намирници.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.