Еве ја воопшто не е проблем. Ја имам сликано до 9 месеци нека пораснат па ќе апдејтираме. @Makedonka007 кромитче младо веќе ставам во зеленчукови каши и го Сака- секако по препорака на педијатар. За железото било убаво
Случајно налетав на постов и баш сакам да прашам дали го примени ова на второто дете( ако не грешам имаш поголемо машко и 11 месечно девојче)? Девојкава знам јаде веќе се што јадете од што одбиваше каши. Чисто дали е до детето или ставот на мајката. Бидејќи има некои работи кои колку да сакам да ги давам не проаѓаат А јас пак обратно од тебе. На синко (кој е 14 год и 8 месеци) многу рано му воведов дохрана за што се каам и кај ова од страв многу претпазлива сум во врска со храна.
Хахаха се смеам бидејќи истите прашања јас на педијатар му ги поставував Прво почни со 1-2 крукчиња од младо кромитче. Ако го сака зголемувај. Ние до цело сме стигнати, а мајка не сака ни да помирисни кромид А бебе како мајстор ждрига кромид. Инаку најмногу со компир морков и ориз или станал ориз морков или брокула компир и морков го давам.
Хахха исти сме сите. И јас гледам сега прашања од членки, а пред еден месец и јас истите сум ги прашувала. Инаку за кормитчето да се надоврзам. Ти нејќеш кромид бебе јади, јас па лукче ич не јадам а уште немам дадено ама знам дека ќе си јади Читам искуства од членки дека со сласт јадат лукче Па ајде можи ќе пројдам покрај ќерка ми и јас
Здраво мајки ме интересира кога им дадовте на малите ваши риба? Некаде пишува 6-7м некаде 8-10 и каква риба давате... Друго маслинки има несолени црни крупни од кога се даваат и они..
Според мој педијатат, риба стои на 12 месеци. Заедно со белка. ( Според бабски обичаи, кога ќе прозбори)
на претходната дискусија околу просото еве со што се комбинира (ќе му се најде некому ) и еден рецепт за салата со просо и зеленчук.
Риба дадов на 10м. Морска риба после 1г друга можеш порано. Маслинки дадов 9,10м тука некаде, гледај да не се многу солени. @srekice те фанало нешто од свекрва ти
Има несолени маслинки во саламура конфи така некако беа, црни се крупни.. Им продавав на бабичките со висок притисок
Давате спанаќ? Ми рекоа во бебе готвач пиши спанаќ само ако не е третиран тс прскан Јас имам даено и поќе пати, купечки сигурно е прскан. Вие каков давате??
И до мајката е, ама и до детето е. Две деца, тотална спротивност, па и моето чукање во гради со првото падна во вода сега со второто дете. Не можам да донесам генерален заклучок, може после третото ќе успеам да најдам НЗС. Првото како бебе јадеше се, значи благо, солено, блуткаво... СЕ. И јас многу се притресував, воведување по табела, да е домашно, органско, без сол, без шеќер, житарките киснати 24 часа.... итн, итн. Месев бисквити и колачи, правев домашни пудинзи... абе со мерак! Со второто решив да бидам поопуштена околу воведувањето на намирници, да јаде повеќе месо, јајца, да не и мерам грамови и сл. Ставот околу здравата храна и органското ми беше ист и така стартував и овој пат. Ама дете нејќе да јаде за жива глава.... ништо не проаѓа, ни благо, ни солено... Правев, фрлав, правев, фрлав... За воведување и воведов се уште на 9 месеци и цело јајце и риба и цитруси... сите алергени. Ама дете си е нејадач и се помирив со тоа. Почнав да и давам од нашето, солено, зачинето... Некој на син ми да му дадеше зачинета храна или пржен компир или чоколатце пред годината ќе го отепав. А сега од очај давам зашто сакам нешто да касне тоа дете, не може да расне само од млеко. За тие работи што сум утврдила дека не ги сака не ја ни молам повеќе, за да се поштедам од нервози.
Од што им давате вода да пијат на бебињата? Знам дека доста беше фалено шишето со силиконско клунче од Нук, денес во џамбо видов речиси исто за тродупло поефтина цена. Ако може некој да ми направи споредба,ако сте ги користеле. Ние имаме на Авент стаклено шише 120мл со цуцла , го користиме за одмолзено млеко,понекогаш и вода. Цуцлата е како брадавица,па се мислам дали да му ја сменам цуцлата и од тоа да му давам или да му купам ново,добри се овие со рачка да се учи сам да држи. Дали од 5+ се почнува со клунче,да не е рано?
И jас гo меркав oва наjверojатнo ќе гo земам. На авент сега земав нoвo пoгoлемo шише самo сo две дупчиња на пoпуст вo еурoфарм.
Малово сега од оваа чашка пие, таа на Нук ја оставивме за месец два здравје ќе и ја дадам,се уште не знае баш добро да повлекува, на моменти знае и да се закашла ама не е битно со тек на време ќе научи. Силиконското клунче е по долго на Чико и полесно повлекува.Сега не и давам мн вода да пие, се уште цица по оброкот па доста и е сега за сега.
Ние ваква чашка купивме ама мн ја сака си ги Чешка непцата и добро е што не тече кога ќе ја преврти исти беа и оваа и имаше на авент... Гумено е клунчето мекичко
Истото и го купив. Ама уште не знае да влечи, со лажиче и давам. Убаво е меко клунчето. @Makedonka007 сега брзо во група на фб здрава храна, здрави деца прочитав дека во странство спанаќ се воведувал подоцна, се замислив дали да дадам во првите месеци. Наводно поради што содржел многу нитрати што е тешко за бебиња.