Маж денеска донесе свеж спанаќ од био имавме нарачано. Утре ќе воведам прв пат по препорака на педијатар. За неа некое ливче, за нас останатото. Девојки, дали житарки се препорачува да се класични да ги варам или инстант? Какви давате? Што е подобро?
Глутен како е најдобро да се воведе? Гриз? И дали да биде измешано со некое овошје првиот пат или чист?
спанаќот е 7+ рано е сега за давање. Ама пошто рече дека ти е според препорака на педијатар да ти кажам дека мојот педијатар ми препорача месо да почнам да давам ко имаше 5 месеци. Така да... Не велат за џабе слушај паталец а не гаталец. Околу житарките јас не сум за инстант. Купувам чисто и го варам.
Клунчето меко е на второво? Мене педијатарот ми рече риба може од 7 месеци. Спанак од 6. Глутен може да се воведе и со некоја житарка од инстант кашите. @Larahappy колку е авент шишето на попуст?
Ни ја донесоа за нова година. Рок на траење има до 6.2020 а се гледа дека над кашата има вода. Досега во ниедна друга каша не сум видела вакво нешто. А цело време ми е во фрижидер. Да давам или да не ја давам...
Ехе колку пати и од Хип имало течност одозгора Фирмата само не ми е позната ама зошто да не а дадиш, си има рок.
@Magic13 да да и пријателка од странство ми даде забелешка. Кај нив не се препорачува воопшто пред 1 година. Ум за понатаму иако не го гледам како голема грешка. Туку ве читам за чашички за вода пишувате, а баш за то сега отворам форум да ве прашам препорака за добра чаша со клунче со лесно влечење. Само за вода ми треба. Имав порано читано дека од некои фирми бе беа задоволни, тешко се влечело. Затоа барам препорака од испробана чашичка.
Јас ја зедов таа од чико, @koritsaki има ставено слика. Ама уште не знае мојата да пие.Силиконско е клунчето, читав дека е добра посебно за почеток и за премин од доење.
Да да, ја видов, убава е и за око. @koritsaki да ми кажиш само дали за 8+ е ок, оти на неа пиши 4+. Да не има поголема за 8м?
Јас давам спанаќ по препорака на педијатар. 1-2 неделно. Земам Бејби спанаќ од кам. Само мали ливчиња се И многу е свеж. Го ставам во вода со сода бикарбона па мијам И варам. Ми го сака. Со морков, ориз Со палента Со компир и морков. Сакам со батат да пробам Јас @Мариаа. Глутен од 8 ќе дадам. Денес дадов гриз без глутен на хип ептен го бендиса ( ова чисто да најавам што сака ќеркава да знаеш што да готвиш кога ќе си ја земете)
Јас по препорака од педијатар ќе воведам глутен неколку денови пред 7м. А за снашка не е проблем, гурмани се двајцата ќе уживаат во вкусовите.
Гледам пишувате за чашки ние за 9 дена полниме 5 месеци а на шишето уште пиеме со цуцла со 1 дупче... Имаме шише на Чико па кај нас едвај најдов цуцла со 2 дупки па земав дури 2 да има резерва а малиот господин никако не а сака Па морав пак да барам со 1 ме гледаа како ненормална во аптеките Се мачи тегне на таа со 1 дупче ама не се предава незнам како да го научам да пие од цуцле со 2 дупчиња а не па од ваква чашка...
Сум немала вакво искуство. Ама упорност мислам е решение. Значи поќе пати нуди, да е во удобна положба. Јас мислам ќе почни да трга. Не се откажувај!
Бебе ми е 7 месеци ама почна навечер да се буди на 2 часа за да цица. Голем е и изгледа не се најадува доволно. Вака не се будел ни како новороденче. Смеам да му давам навечер нешто за да го држи сит подолго време и што?
Мене педијатарката ми кажа дека од 4ти месец веќе откако ќе се надојат пред спиење е доволно да ги држи цела ноќ. Веројатно се буди оти периодов му треба близина. А и читав некоја статија скоро, дека после 6ти месец неретко бебињата менуваат кога станува збор за спиење и ноќе се будат често, иако може до тогаш си спиеле цела ноќ. Девојки препорачате некој убав комплет од неколку лажички. И дали пластичните чинивчиња ги стерилизирате? И колку често?
За вечера, жито со млеко и овошје некое што не смета на меше, јаболко, банана.. Инаку сигурна ли си дека е гладен? Мојата кога ваде запчиња станува пре често, и така цицаше па и на пола час. Сега пие вода само ама пак се буди од нив.