Nasiot pedijatar ni kaza deka moze da se budi cesto zosto osoznava poveke i da vidi dali sme tuka. So 19 nedeli ni kaza pedijatar da vovedeme dohrana. Pocnal nekoj so dohrana na 4 meseci?
Да,од Лидл се. Нека кажат "гркинкиве" таму има Лидл. јас па реков да не е нешто расипано. Ама рок има. не ќе да е за цицање. И јас имав такви периоди на 4ти месец и сега почеток на 6ти. Си викам де ко беше новороденче првиот месец стануваше 2-3 пати сега што му е. Како го осознаваат светото а навечер во сон се од денот го "преработуваат" и веќе имаат чувства - страв лутина радост... Па им треба наша близина. Мене често ми се случува да го земам за цицање и само што ќе ја стави цицката во уста не ни повлекува туку веднаш заспива.
Моево денес полни 4 месеци и од вчера веќе почнавме со дохрана по препорака на педијатар. Неговата препорака беше да полнеме со зеленчук, попладне за време на ручек. Вчера дадов морков и го прифати супер, во план ми е уште еден ден морков па после да воведам друга намирница најверојатно брокула. Е сега мене ме интересира дали се дава компир и ако да, како го приготвувате?
Пишува во листата што би ја даде докторката дека може компир, тиквичка, морков, батат, пашканат. сите да се варени на пареа.
Мене педијатарот не ми даде листа, туку ми реле се што е означено за таа возраст ( мислејќи на купечките) кои што воедно и тој ги преферира. Затоа препрашувам за да не направам некоја утка, за мене се ова е сега научна фантастика
Zdravo majki Kako se spravuvate so nejadaci Sinceto mi e 5 meseci. Od 4 meseci pocnavme so probuvanje na vkusovi, no nikako ds pocne da jade po cela kasa, edvaj so maki po pola jade(mu gi pravam doma i gi stsvsm vo malo teglo od hipp) probav i so kupecka ne saka. Nekoj sovet za da pocne da jade. Vi blagodaram
Мало е на 5 месеци да јаде цела каша. Тек на 6 се очекува да има формирано оброк. Има мајки кои почнуваат со дохрана на 6 месеци. Ако јаде барем малку не е нејадач на таа возраст. Ако на 7 месеци не јаде цела каша е тогаш може да се размислува за нејадење, иако до година дена се толерира да не јадат по цел оброк.
можат ли вакви инстант кашички да се раствораат со вода? Конкретно го имам овој производ на на него пишува се раствора со кравјо мајчино или АД во зависност од тоа какви млеко пие бебето
За брокула рано е. 4 месеци сте. А зошто толку рано со дохрана? Не напредуваше доволно. Ние пред 6 почнавме со вкусови и рано ми беше. Брокула дадов после 6 месец. Ако убаво напредува со доење или АД не брзај мајка. Знам едвај чекате, интересно е и Ново, но бебе од 4 месеци има желудниче колку орев. Мајчиното млеко се вари најбрзо, АД за 3 часа, А замисли колку време треба брокулата да се свари. Ако рекол педијатар тогаш ок. А во спротивно жалосно е да се оптоварува мешето на бебето. Ова чисто добронамерно го пишувам од искуство на големото дете на кое му дадов дохрана многу рано. 5 месеци е мало за да јаде цел оброк. И мало тегле е многу за него. Има 120 гр, А да се добие блендирано толку, треба многу храна. Погоре во постот пишав зошто да не се оптоварува мешето на бебето. Ние сме 6 И пол месеци па бебе јаде максимум едно малечко тегле. Многу пати не го дојадува. Остатокот цица. Еве денес за да добијам 1 тегле храна изблендирав 1 морков, пола младо компирче, 4 тркалца батат, 1/3 пашканат И едно цветче карфиол. Мене ми изгледа премногу, А во теглето малку. Не сакам да бидам погрешно сфатена, но добронамерно го пишувам ова. Со што давате гриз на хип? Само со овошје? И дали гризот дава запек?
првото дете од ко почнав да му давам каша од првото лажиче ко го стави во уста додека не изеде се што му е спремено не завршува со јадење. Второво исто како твоето. Со по 2-3 лажички. Сега сме скоро 7 месеци и некогаш јаде повеќе некогаш помалку ама и јас сама не му ја давам цела каша од страв да не се прејаде,а цица пола сат сат пред каша и после каша исто околу сат време бара да цица. Мали се има време ќе јадат. И по 2-3 лажички на ден се доволни за почеток. Како наголемува ќе си јаде.
Во Бебе готвач глутен, месо и млечни производи се се воведува во 8+. Нешто не ми штима. Прво мислам дека е доцна, а и зошто се наеднаш?
Препораката е од страна на педијатар, но не бидејќи не напредува фоволно туку баш напротив, затоа штио напредува супер но е на АД... И тоа две недели воведување на зеленчук, а по две недели насабајле да почнам и со овошни кашички. И мене ми е многу, но сметајќи го Сајковски за еден од подобрите педијатри ги послушав неговите препораки за почнување со дохрана...
Значи исто и нас. Само на доење бевме и повеќе напредуваше , па педијатар ми рече да почнам пред 6 со дохрана иако јас сакав на 6 со вкусови да почнам. Ама заради железото морав. Давај компир, морков, батат, битва, пашканат, па јаболче Круша, тиква полесно ги прифаќаат и полесно се варат. Инаку Сајковски е нај педијатар Немам лично искуство но од слушано и читано. @Magic13 во мојата табела пак е месо и млечни од 7, а глутен од 8. Секаде различно. Еве сега читам еден рецепт на Инстаграм на српски, за 8+ плескавици од батат, цело јајце, чија семе и цимет. А според табелава моја белка на 12+ А чија подоцна бидејќи е енергетска бомба.
@Magic13 како што читав на форумов месо и глутен од 7+ млечни производи 8+. Мене ме интересира откако ќе проба 3-4 вкусови, ќе поминат 2 недели од прилика, после тоа за време на ручек комбинирам од пробаното а од сабајле давам нов вкус? Пр. Пробано јаболко,круша,слива,банана, ги мешам овие на ручек,количина околу 100 грама, а од сабајле давам морков 2-3 лажички за проба? Или останува доручекот во ист тајминг,а во текот на денот да проба нов вкус? Или нов вкус се дава во комбинација со веќе воведен? Ориз мелен давате? Само на хип има мелен или и друга фирма? При воведување ориз се дава само ориз или ориз+јаболко или ориз+тиквица?
Нема усогаласеност ни во табели ни кај педијатри. Секаде е различно. На нас е оставено сами да одлучиме кога е најдобро. @Sofi.ja нов вкус најдобро е да не се меша со друго. Но не може за сите намирници така, пример кромид, пашканат и сл. мора со друго да се проба. Оризот на Хип е како каша, може со вода да се подготви или АД. Јас чист го дадов првиот пат, со АД го направив. Има мелен ориз и од други фирми по маркетите, од Сончева долина имам видено.
Абе луѓе ви се има случено бебе да ви поврати од Хип Гризот? 7 месеци сме, првпат давам и тоа чист, не го ни дојаде а поврати баги во млазови