Овошјето давај си го за доручек, а нов вкус околу пладне за ручек - зеленчук. Така уствари јас правев, а строго пропишано правило нема. Оризот сам по себе нема ич вкус, па јас никогаш не го дадов чист. Секогаш го мешав. Наутро со овошје, за ручек со зеленчук.
Дечки просо се става да кисне пред готвење? И што комбинации можам да праам со него? Цвекло кога се воведува? И со што може да се комбинира?
Лупено просо не се кисне. Се дава и со зеленчук и со овошје. Неутрално е. Цвекло 7+. Јаболко,цвекло,морков Можеш и со зелечук. Како би го јадела ти, така комбинирај. Едноставно води се по тебе.
Дали е во ред вака си планирав јас при воведување храна, 2 недели на пример желудникот да се навикне 3 дена да пробува јаболко (прв ден четврт,втор половина,трет цело) следните три истото со круша. Или штом пробал храна може 4тиот ден цела каша јаболко а неколку лажички за проба круша? Многу конфузно ми изгледа хранењево
Дури да земите ред, не е конфузно. Како ќе си одлучиш, гледам сите различно прават. Јас 2 дена давам исто, третиот комбинирам со веќе пробано. Третиот ден не давам ново, единствено количински колку што сака и давам. А нов вкус во истиот ден не и давам, да не и биде тешко на стомачето.
А количински колку да се дава, гледам околу 100 грама јадат на почеток? Дали тоа значи од втор,трет ден откако сме почнале со вкусови треба да давам толкава количина или не толку брзо? @srekice @FreeMind @AlicaInWonderland ве читав околу 1030 страна кога сте почнувале со дохрана,па помагајте
Кога почнуваш вкус е лажичка две два до три пати на ден. Кога веќе ќе почне да јаде бебе да речеме месец дена после дохрана може да си ја јаде цела тегличка на хип. Има на нив грамажа четири месеци се околу 60, па 80, па 125гр така нешто беше. Моето 100 грама изеде до 11 месеци преку сила десет пати. Јас не сум меродавна за грамови не јадеше ни 30грама. На остаток од екипа кога стасаа и по 220 грама мојата се бореше од 10 грама до 50.
Знам те читав, стигнав до муабетот кога дошла мајка на помош Значи првиов месец да не се оптеретувам со грамажа,да нудам баш колку да проба
И Мајка ја фрли чинијата. Ич не се нервирај колку да проба со грамажа ако сака давај ако не сака вежбај нерви.
А после постигнати 125гр колку што е кашичка и се смета за оброк треба некогаш да се почне со зголемување на грамажа да се стигне до 220 пример, или?
Самото дете ќе ти покаже дека е спремно за повеќе.Нема некој филозофии стварно, ќе осетиш дека сака повеќе да ручка.
Ние почмавме со пробување вкусови на 5 месеци и една недела. И до 6ти месец, значи некаде 3 недели бевме само на пробување. Тоа значи по 2-3 лажички на ден од една намирница, и ново на секои 3 дена, некаде околу 12 часот. После во 6ти почнав еден подој да му заменувам со оброк, утринскиот околу 11-12, и тогај јадеше некои 50-60 грама. Имавме воведено некои 8-10 вкусеви и правев комбинации и продолжив исто на 3 дена да водедувам по нешто ново во кашата. 100 грама мислам дека полна да јаде еден месец одприлика и тогаш му воведов и втор оброк. И почнав да му давам колку што сака. Некои оброци беа 100, некои 150-200. Па и секој оброк не е исти, и тежината на јадењето е различна. Пример 200 грама компир и 200 грама слива не е исто овошјето е полесно и помалку држи сит и така после ќе си фатиш сама ред и ќе знаеш од око.
@Sofi.ja Еве се ти објаснила @FreeMind како што треба. Инаку, пиши кога ќе стигнете до оброк од 120 гр. Ние 4 месеци се заебаваме.
Лажички имав купено неколку видови,но,дефинитивно најубави и најискористени ми се од ДМ комплетот.Не се големи и храната лесно лизга по нив.Исто и чинивчиња од таму зедов. Инаку чинии и лажички мијам убаво и оставам да се исуши.Не стерилизирам оти нема потреба.Ако сакаш помини ги со врела вода на крај,ама ако се убаво измиени и суви, нема потреба
Мами мала консултација. Дали некоја од вас почнала со вкусови од 3 месеци. Се убедувам дома дека педијатар ни кажа после 4 и пол да почнеме, не било така свеќи на нејзини деца почнала сокови да дава после третиот. И не битно јас не давам пред 4 месеци ништо ама за недела две ќе влезе во трети месец и само тоа ќе е муабетот "Зошто не му дадеш кашичка или сокче."
Најрано што може да се почне е 4 месеци, иако се препорачува после 6месеци да се почне со вкусови. Но секое денете различно, некои имаат потреба од 4месеци да почнат со пробување некои после 6.
Бебињата имаат толку неразвиено желудниче, што е адаптирано само на млеко. Сите препораки се да се почне со полни 6 месеци. Ако нема здравствена причина за порано ништо друго не е оправдано, ама секој за себе си одлучува. А сокчињата се полни шеќери па тие воопшто не се ни препорачуваат.
Јас не сум чула некоја да почнала со цврста храна на 3+. Тоа што така правеле порано апсолутно не значи дека е правилно. Вака кога ќе прочитам нервоза ме фаќа. Како не дојде мене некој да ми каже вака