мене грав и зелка ми рекоа после година,лека во десетти месец,а мешункастите после седми.јас двапати имам дадено грашак и боранија и тоа мешано со секаков зеленчук
денес бевме на вакцина и баш ја прашував докторката што смеам да и воведам бидејќи се едно исто и правам од зеленчук и ми кажа слободно можам да и давам боранија и грашок. Малата ми има 7 месеци. Значи во денот обавезно има 3 оброци и тоа овошје, зеленчук и житарици. Има пробано банана, јаболко, круша, кајсија, слива, цреша и праска од овошните, понатаму морков, компир обичен и благ(не може да го поднесе), брокула, спанаќ, лобода, ориз, палента, телешко и житарки. Обавезно во житарките и ставам и некое овошје значи го правам екстра калорично. Инаку мака мачам со ручекот, значи ич не ми го сака зеленчукот и најчесто завршува во мојот стомак, нема везе мама ќе качува на килажа, битно некој качува нели Овие денови ќе пробам да и ставам во зеленчуковите и овошје за да видам дали можеби така ќе ги прифати. Кажете што можам уште да и воведам и од кога смеам да и давам павлака, кисело млеко и ме интересира кога се даваат продукти со глутен?
Кисело млеко и јогурт слободно може да и даваш. Павлака е накај 10-от месец, а глутенот од 8 месеци иако многу мајки и од 7-от почнуваат.
Jас глутен веќе дадов, плазма со банана, ама едвај две лажички проба. Вчера дадов и лебче, а се мислам за кисело млеко и јогурт, ама малиот се исфрли од млечните каши со гриз и ориз на Xумана и Xип. Mислам дека е во прашање алергија на млеко, и одбегнувам каши што содржат млеко, па така ни се скратува изборот на каши, особено оние со житарки што се. Има на Nеstle житарки без глутен, без млеко, ама не ги сака многу, а и никако трет оброк да воведеме. Mаки, едвај два, еден овошен и еден зеленчуков. Во зеленчуковите ставајте сол помалку, исто можете и путер или маслиново масло, јас само сол ставам, сега ќе купам и масло или путер и ќе јадат. A купечките обавезно стоплувајте ги, па и на амбалажата пишува како да се приготват. Mесо кога воведовте, доктоката ми вели од полни 8, а синко има полни 7. Ве читам од 7-ми почнувате, така?
Е супер, ќе и воведам кисело млеко и јогурт и се надевам ќе ги јаде зеленчуковите. Инаку месо и воведов крај на 6 ти, така не советуваа. Житарки користиме на nestle sinlac без млеко, лактоза, соја и глутен и ги обожава, кога и ги давам прави онакви звуци ммммммм. Сеуште не и ставам сол во кашичките, ниту пак путер или масло. Инаку начув една информација дека путерот и не е баш така здрав, пониско е рангиран и од маргаринот, така што за понатаму планирам да и додавам само маслиново масло.
Јас сум во голема дилема за солта. Многу од мајките, а и докторите некако категорично викаат сол никако до една година зошто била тешка за бубрезите. А од друга страна читав дека по неколку зрна сол не може никаков проблем да направи. Од кој месец почнавте да доставате сол во кашичките? И од која? Обичната сол или онаа со Б6 зеленото пакување? Каја доктор ви рече за од 6 месеци месо? Телешко? Најчесто викаат од 8 и месото и жолчката. Всушност со ова дохраната мозокот партал ми е уште од сега зошто за еден продукт или врста на храна секакви мислења сретнувам, а иронично е што и неколку доктори различни информации ми пласираат.
Право да ти кажам во последно време го слушам педијатаров каде што ја вакцинираат, таа ми кажа крај на 6 ти да воведам месо, да телешко, мада јас и дадов во 7 ми. За жолчката така нешто кажа во 8 ми и одкога ќе и воведам да комбинирам еден ден месо еден ден жолчка. Појма немам и јас веќе, ќе ја носам деновиве кај еден приватен доктор во кого имам 100% доверба да видам што ќе ми каже во однос на исхрана, а и да ми ја измери висина, тежина, некако детево почна да ми се поправа по 300-400 гр откако воведов цврста храна. Ќе ја прашам баш и за сол и масло да видам што ќе ми каже.
каја 11 ..... јас на мојата и воведов жолчка од 8 месец, а телешко од 7 месец. Сол и давам по малку ама калиумова онаа од Храна и вино а масло почнав дури од 10 месеци со палента кога почнавме.
Овошните каши ги сака, и ги јаде повеќе од пола. Зеленчуковите едвај 5/6 лажици. Сокчиња едно на ден обавезно. Мелен варен ориз и џиџи бебе обожува. А сега најново почнавме со hipp organic milk pap banan peach - тоа беше единствено за наша возраст.
АЈ и јас да споделам мое искуство..ќерками се разјади зеленчукови каши со малце солца и масленце...пробајте ставете во варењето малце сол и малце масло, можеби ќе има ефект.. пс..на која возраст бебето треба да има 2 оброци тврда храна? ние сме сеуште на 1 оброк, или житарици/бисквити со овошје или зеленчук? имаме скоро 6 месеци
Додека вие мака мачите со зеленчуковите кашички, ние банана да не видиме на Првата лажичка направи една фацка а на втората се стресе цел како лимон да сум му дала со јаболчето немаме мака, утре ќе видиме дали ќе сака праски. од зеленчук имам воведено компир, морков, ориз, тиква и тиквичка. А сега следно што? или да не воведуван ништо додека не појдеме на контрола?
Мамички по колку пати неделно давате месо на бебе? Моето е 7 месеци и сега ке почнеме со месо ама незнам колку пати неделно да му давам?
Zdravo dami imam edno prasanje do poiskusnite majki ovde na forumov, kako sto nekoi veke znaaat moeto since e rodeno pred vreme. Sega na 15 -ti polnime 5 meseci a koregirana vozrast sme 3, pred dve nedeli go nosevme bebusko na kontrola vo Stip i imavme moznost da se zapoznaeme so Profesor.dr Sonja Pejova od Skopje i taa ne sovetuvase kako od ovoj mesec da pocneme so kasicki davanje po malce, bananka, jabolka, morkovce, kompirce a pred mesec dena od Dr.Dvojakov od klnika za deca rodeni so rizik dobivme sovet do 6 meseci na intenzivno doenje, se konsultiram i so dr, Julija od soba za doenje taa mi rece da si pocekame, no ete so mazot mi resivme da se obidime po malku od ovosnite, za da pocne da vkusuva i naviknuva, deteto si gi rucka kasickite 5-6 lazicki i sega so mazmi sme vo spor da davame poveke, a jas velam deka e rano za da mu davame poveke posto mlekoto treba da mu e glavna hrana a toj misli deka od kazickite treba poveke.... za kasickite se oduciv posto mi cica cesto i mislam deka moeto mleko ne go drzi bas pa zatoa vikam ajde po ednas dvapati po 5-6 lazicki dosta e, pls za sovet
Јас би почнала Моето бебе поцнав да му давам сокчиња од 4 ипол и примаше,потоа од 5 кашички и кркаше Почнаа да ми викаат мало е не му давај и престанав Но до 7 ипол месеци после несакаше ништо освен цице,ни вода,се плашев како ќе тргнам на раб...и тргнав... Се јавував на секој саат дома дали плаче,дали јаде...?? Среќа почна...
"По правило" со кашички се почнува помеѓу 4 и 6 месеци,или кога детето ќе е дупло потешко од тежината што е родено,околу 7 кг.секогаш се почнува со зеленчук ( ух колку се грозни) а после одреден период се даваат и овошни.Сокчина не се препорачливи заради тоа што содржат многу шекер.
И нас педијатрата ни кажа да почекаме,имаме 4месеци и 2неддли инаку сме 3месеци. Малава добро напредува со килажа и ја гледам дека нема некоја потреба од храна. Мила доколку гледаш дека бара бебето дека сака тогашпочни малце по малце,и тоа како ти оди со килажа ако мислиш дека треба тогаш почни да даваш храна,најубаво си го познаваш бебето
pozdrav mamicki eden sovet od vas imam kerkicka stara 4meseci sakam da pocnam da ja dohranuvam i so kasicki moze sovet od vas da mi kaze nekoj po kolku obroka na den treba da i davam da mi objasni sto kako prvo dete mi e pa pojma si bemam kako idat ovie raboti i udte edno prasanje sokcinjata na hipp kako se davaat se mesaat so voda ili ! i dali sokceto se dava uz jadenje ili kako ve molam za sovet inace se izvinuvam za latinicava piduvam od telefon pozdrav do site
Кога јас почнав да му давам кашички една мала машичка од 120 грама му ја давав два дена, значи по пола. Јас не го практикував правилото да почнам прво со неколку лажички па еве фала Богу до сега немаме никаква реакција на некое овошје. Почни си со јаболко, праска, круша, кајсија. Потоа можеш да измешаш две овошја со ориз, плазма. Сокчињата незнам дали се разредуваат, но мислам дека не т.е. јас никогаш не сум ги разредувала со вода. Сокче и кашичка давам помеѓу два млечни оброци, значи тоа не смее да замени млечен оброк.
Mila na 4 meseci retko koe bebe ja jade kasickata kako obrok.Obicno probuvaat lazicka dve im treba vreme da se naviknat na strukturata na novata hrana na vkusot pocni so ovosje po tvoj izbor.obicno banana krusa jabolko.Vnimatelno si praskata nie dobivme alergija na nea.Prvo po malku ps ako nema reakcija ke ja zgolemuvas kolicinata.Sokcinjata na hipp ne se mesat so voda,no uz obrok nema potreba sok da davas samo ke go nadues meseto se nadevam pomognav