Ама како така,мора да се има план и програма Шала на страна кога си сам дома,прво дете и те како ќе се информираш. Не ќе пишувам 5 до 12 овде, па дали има некој активен во моментот да ми пише,па триста прашалници во глава. Имам сапун од ДМ за флеки За утре имам план Б. Купив first apple од Хип ем да ја видам густината,ем да пробам како ќе има интерес за купечка. Купив и круша исто од хип. Баш читав за шеќер пишува дека нема. Од кои каши кајсија и праска кажавте дека се без шеќер? Лино ли беа? Фала за советот Епа зошто ќе ја прилагодуваат за 4 месеци ако не смее тогаш да се јаде? Нели има и бебиња од 4+ што почнуваат со дохрана?
Сакав да кажам дека штом е 4+ е кашест/водлеста и соодветнаа за почеток наа дохрана. Битно е да се гледа составот на овошјето/зеленчукот внатре без разлика што пишува 4+ не значи дека таа намирница може тогаш да се воведе. На пример имав за нова година кашичка со јаболко и беби бисквит. На неа пишуваше 4+, што значи дека е најситно можно подготвена, но бисквит се воведува на 7+ и значи не можам да му ја дадам таа кашичка на 4 месеци. Мислам дека сега ме разбра
јас портокал на 4 месеци дадов да проба. Исто и лимон. Овие цитрусниве се за над година ама кога матичен ми рече да давам витамин ц давав од овие. Стојам на фактот дека никогаш никој од фамилијата наша немал алергија на овие намирници што до некој степен ме "штити" е ама јас како мала сум била алергична на јаготки па тие сигурно ќе ги оставам за повеќе од 12+ месеци
Неколку лажички чиста, останато со батат му ја дадов. Не беше воодушевен од вкусот само на пиперка. Ме просветли за кашичкиве.
Марчи џабе на факти за алергија да стоиш, кога се работи за цитрусни овошја, тие се многу тешки за стомак. Дури и за возрасен човек, а тек па за бебе. Можат да го изиритираат желудничето мислам дека и не се толку алергени колку што можат да предизвикаат иритации и да ја отежнат работата на желудникот. Јагоди се високо алергени, секако се даваат после 1 година. Манго во која група спаѓа? Исто цитрусни овошки? Имам кашичка која содржи манго, стои 6+ ама да си прашам што е сигурно сигурно е. На интернет читав негде стои 6+ негде 8+..
Во Тинекс немаше овесни снегулки, па земав овесни трици на Натура. Претпоставувам дека се исти, ама некој да ми потврди да не ми е шубе Овие од линкот се: https://natura.mk/en/portfolio_page/oat-bran/
Ден 2. Мама смирена, бебе расположено Спремив цело јаболче, избленидрав во нутрибулет, густина таман, малце поретка од купечката. Бебко со желба за јадење, повеќе од половина изеде, мама горда па тоа шматкање, па лижење.... утре ќе ја понудам купечката да ја изеде, а задутре идеме со круфче
Мајки, една консултација. Бебињата мои веќе не ги држи млекце. Пијат Аптамил. За два дена здравје ќе се 5+. Дали може да почнам со кашичкиве, а во 6+ да воведувам вкусови? М? Или наопаку работа е тоа? Секој совет ми е добредојден. Исто така, сакав да прашам кога се преминува на Аптамил 2? На 6 или 7 месеци?
Мајка за млекцето не знам, ама овие ноќните каши имаат доста работи шо се воведуваат покасно така да јас не би... Житарици, гриз, какао рано ви е. Кога ќе почниш да воведуваш ќе си даваш зеленчук и овошје, па потоа оривче. Поздрав
Во право си. И јас се чудев, ама дека пишува 4+. Погоре прочитав очичка како објаснила за капите, текстурата и возраста. Ваљда чиста оризова кашичка би можела да пробам. Секако пред секој чекор ќе се потврдам со матичната.
Ајде и вие придружете ни се или од следната недела? Вчера божем да купам како вашето тањирче од томи типи, само со виолетово имаше , зелено плавото го немало повеќе.
@bela.m вечерата секако треба да биде 2 часа пред спиење. Не можеш да дадеш кашичка и да ги успиеш, ќе им ги оптовариш желудничињата. Значи треба време да помине од вечерата, за ти подоцна секако да ги успиваш со млеко. Цицка или формула. Тоа млеко дали мајчиното дали адаптираното е прилагодено да ги држи цела ноќ. Ако се будат сигурно има друга причина. Најчесто поради потреба од твоја близина. Немам искуство со формула, ама сум читала дека и порано преминуваат на 2ка. Ама за тоа нека каже некој со искуство и секако консултација со педијатар што го следи нивниот развој. Девојки, кога може да се даде таа мрежичката со парче овошје внатре за да ја шмокаат? Валда ме сфаќате за што зборам..
@bela.m На аптамил 2 се преминува со полни 6 месеци. Од овие што си ги постирала едино чистиот ориз можеш да го дадеш како за почеток. Двете каши во тегла содржат глутен и не би стартувала со нив. @Yowannty можеш да дадеш од цуцлите за овошје. Инаку тие со силиконско наместо мрежа мислам се попрактични
Види телефонски,ако е се во ред со бебка нема многу што да се каже. Ако има табела за исхрана може да ти ја прати. Мене само ми кажа овошјето како компот да го правам, да давам се освен цитрусни и шумски, по 3 дена пробување вкус од сабајле. А многу повеќе научив во темава