и мене ми беше за тоа. Јаки се содржат многу киселини. Лимонот го разредував во однос ⅓ лимон ⅔ вода. т.е 10 мл лимон а 20 вода. И давав по неколку капки. Секако не ја пиеше цела количина. А портокал чист го гризеше и му течеше сок ама и тоа мала количина. И давам многу ретко од тие намирници. Денес за прв пат пробавме батат и му се допадна па изеде цела тегличка од 80 мл. (Имам три теглички. Едно од 80 мл за намирници кои прв пат ги пробува па да јаде помала количина, најголемото е 125 мл за оброк со две намирници а средното е за вториот ден кога давам една чиста намирница. Демек малку повеќе од правата ден) богами и мене ми се допадна. Има вкус сличен на тиква. За големото исмешав со морков.
Лукче колку е доволно за почеток? Едно кривче? Гризот има глутен? Преку која житарица е најдобро да воведам? Дали се почнува прво со месо или млечно? Што е подобро? Педијатарката не ми се свиѓа како ме советува околу исхрана, не можам на неа да се потпирам за тоа, па советувајте тука.
Лукче уште не сум дала. Во план е за 7+. Гризот содржи глутен. Јас денес дадов прв пат. Со банана. За месо и млечно нека каже некој совет од поискусниве и јас не знам што да правам. Педијатар ми рече месо на 7+, млечни на 8+.
@Мариаа. мене педијатар на прошла контрола точно 6 кога бевме ми рече да дадам козјо кисело млеко и пилешко.. ама ми се виде рано па читав овде што даваат/давате и тоа давав. @duffi знам дека глутен може и со едно и со друго да се воведе, ама не мора да има месец разлика меѓу млечно и месо?
Според мојата листа се почнува со посни меса пилешко, мисиркино, зајачко ( за сега имам дадено само домашно пилешко), после со телешко ( и тоа имам дадено само не ми го сака ). Телешкото го варам во експрес лонец околу 25 мин да биде убаво разварено меко, и ова домашно го најдов. Или ако се готви во обичен лонец би му требало еден ипол час од прилика. По месото ке видиш д може лесно да се двои и дроби.
Немам од нигде така проверено да земам... Што е подобро во овој случај.. да земам кашички со месо или сепак да земам месо од супермаркет?
Телешко давам од почеток како за нас од локална месара. А пилешко почнав со Холе теглички чисто пилешко, само го мешав со зеленчук.
Во прво време во сите комбинации ставав батат за да го јаде, сега правам и други комбинации. Денес дадов пилешко, малку компир,млад кромид, морков и тиквица. Вчера пилешко, батат, еден лист блитва и карфиол.
Телешко во градов мој нема, има непроверено колку да ти продадат(за бебе) јунешко смеам ли? 8м е малава И мисиркино само копани замрзнато има