@Sofi.ja нека си ручка. Ако приметиш да му е тешко ќе знаеш да намалиш. Ма да мојава исто беше/е лапачка, никогаш не и беше тешко од храна. Како да не и дадеш кога бара. Колку јаде стварно не знам како не е дебелка. Манџа три тањира викендов изеде, со леб и салата. Јуфки може да не престане, па и давам пола чашче сок кога сметам дека треба да е доста, за да и го скријам јадењето. Грицки престанав да давам, зашто доволно руча, па ужинка ни е овошје. Преку ден се чуваат со баба и, дури и жената вчера ни рече не и давајте да јаде до вечера. Значи баба таква изјава да даде, еве не знам, не сум чула до сега.
Ова е готова каша на Хип,не е домашна. Пишува 3 дена дека може да стои отворена. @Мариаа. Првиот ден плукаше, втор ден не го напнував,сам кога затвори уста престанав да му давам. вчера трет ден веќе се навикна на вкусот ваљда лапа не застанува
Уште немам почнато месо да воведувам. Немам од кај да земам проверено.. се изначитав сешто.. не знам од кај да почнам да ти кажам право..
Јас во вода го варам, па пасирам. Исто како пире за нас. Сакам да прашам за АБЦ дали мора Џуниор или може и обичен? И дали ова тарана на Дивела е без јајца? Ако не е да ми кажете од која зимате?
Ако е купечка ок. Бидејќи те читав со блендерот и нутрибулентот и четвртина јаболче И мојата си јаде ама си има норма. Ни лајче плус не можам да дадам.
И ние од 2,3 лажички за проба експресно преминавме на пола, па на цела кашичка.. Сега има еден оброк и јаде и по 150 гр. Уста отвара само што ќе го седнеме во хранилка и некогаш неможам да го стигнам колку што он брзо сака ново полно лажиче, мм подобро го рани . Бебе ич не пребира зеленчук ли било, овошје ли било,се си јаде. Јас прашав на педијатар околу количината дека е многу, она ми рече си знае баткото колку сака да јаде, не му крати.
Здраво. Ние за неколку дена ке правиме полни 4 месеци. Бебето е на ад млеко. Јас се спремам само читам по форуми како и кога да почнеме со вкусови. Планирам на 5 полни месеци ако бебето продолжи да напредува супер како до сега. Прашањето ми е дали е исто кога се на доење и на ад бидејки знам дека може само на доење до 6м. Не сакам да избрзувам а за педијатар не планирам да одам поради ситуацијата со вирусите. Исто имав читано да се почне со зеленчук на пример морков за да не го одбива после. Позз
Киноа првин киснете 2 саата па после варите пола саат? ми дојде шубе од тоа токсичната материја што ја испуштала.... првпат ќе давам.. .
Леле доста не ме предомислувај, веќе ми се кисне 2 саата...немој те молам, нишо чудно просо да бапнам да се вари
Де де, ја израмнивте киноата со отров. Киноата е многу здрав намирник, пред подготовка се кисне или се мие па се вари. Девојки, мисиркино какво давате и со што го комбинирате? До сега не сум пробала ниту јас, не знам ни како да го спремам.
Абц обичниот е многу солен. Јас давам џуниор чат пат. Не е воодушевена. Јогурт и моцарела обича. @Emma2 што е работата со киноата? Мојава секој втор - трет ден ја јаде. Ни јиснам ни бутур. Тоа што е вишок јас го јадам.
Купив просо од зегин. На него пишува Без глутен. Значи немам воведено глутен? Како треба да пише? Мислење?
Кога човек прв пат слуша и гледа а сака да даде вака е Денес сакам да дадам прв пат киноа. Ја покиснав 2-3 сати водата потемни ја истурив. Ставив да се вари излезе Пења и сменив вода. Повари уште малку сменив пак. Излегоа досат лушпи и остана ова. Вака ли треба да изгледа варена киноа? Или е преварена??