Мамички сакам да ве прашам дали некоја има приготвено количински повеќе кашички зеленчукови со мевце и дали ги вакумирала во теглички.
Ај малку хелп. После оброк обично после зеленчукова каша се навртува на цицка. А и давам и вода после јадење, ама и ќе се напие и пак цицка бара. Да не е гледна?!? знам дека бара близина ама сепак да си прашам. И уште ова дали давате секој ден житарки? За некој ден 7 месеци ќе полни. Јас давам 2-3;пати неделно. 1-2 пати со овошје пример просо со банана или палента или гриз со круша, 1-2 пати со зеленчук на пр. ориз со морков, палента со спанаќ И сл Да не треба почесто? Не смејте ми се второ дете ми е ама амнезија ме фатила. Скоро да не речам минатиот век го растев него. Вака изгледа киноа варена @marchi-cool . Јас немам дадено на бебе, но на синко му варам. Многу е здрава. Можеш да ја изблендираш. .
Здраво мајки лепотици 8м е малава(сеуште мала викам а си расте она) што им давате да грицкаат бебушите ваши значи лино смоки за миг ја јаде, банана парченца ставив ама и се лизга од прстињата а сака да чепка кога се раниме се бориме околу лажичето
@Мариаа. @marchi-cool Фала А што содржи глутен? Овесни снегулки и гриз знам, друго?? Ко од Марс сум падната
за плазмата знам дека содржи глутен од гриз пченкарниот гриз не содржи глутен ама пченичниот да. Така што и пченицата содржи глутен. Друго не можам да се сетам во моментот ама да видам што ќе каже тефтерот смешно ама без прибирање на прибелешки и информации ништо не прајме
Е ајде види и сподели тука. Читам цело време, со месеци сум активна на темава ама ете белешки немам запишувано. А требало.
Кај мене така се дојадува а воедно и внесува течности затоа што од нудење вода се откажав. Давам пола саат до саат после оброк. Мислам дека не би пречеле доколку ги има во секој оброк, дури и повеќе ќе се најадува.
Мамии, ако може некоја мамичка да сподели листа на храна, препорачана од педијатар за дохрана на бебе, за почеток, од 5-5 и пол м. па понатаму. Ви благодарам однапред.
Еве ја што ја имам од педијатар. Оваа е од 4 месеци. @Presrekna Цитрусните се 12+ во мојата, ама глутен има мн порано.
Фала ви мамички, баш ќе разгледам. Вие од кога почнавте да давате цврста храна. Читав дека е препорачливо од 5 м., затоа и пишав така.
Здраво мајки ја прочитав цела тема и никако да сватам бебе ми е 6+ од 5месеци почна со пробување на вкусови прв ден две/три лажички, фтор ден шест лажички, трет ден колко сака бебе. Така да продолжам или ако е нов вкус од прв ден да давам поголема количина по шо бебцо сака да си јаде. Ве молам за помош прво бебе ми е ко од марс да сум
Здраво на сите малава добар апетит си имала, си јаде секој ден се повеќе. Веќе е 5+. Палента смее сега да воведам? И дали таа на дивела има глутен? На опаковката не пишува
благодарам. Вчера ја дадов со јаболко денес сакам со морков. и хењда мислам дека е со глутен. Околу табелите онаа на бебе готвач е најдобра. Од толку што имам изнагледано изначитано таа е најдобра. Сакам да прашам спанаќ како да спремам? Како се воведуза за прв пат? Варена покисната во вода со што да комбинирам.... И за замрзнување дали и како се мрзне?