Да точно,ја направив пасирана со вилушка,гледав да нема парчиња ама почна да прави фаци како да се дави. Одмолзав некоја капка млеко,ставив измешав,си ја лапна за час. Да не знае некој сетовите од 3 каши на Хип што вкусови се? Едни исти се секогаш или различни? Ги висов на флаер во Стокомак за 109 ден,мн ефтино ми се виде. Една на фб споделила видео прва каша на бебето. А знам скоро правеа 40 дена,отварам бебето пред некој ден наполнило 3 месеци. Аман кај брзаш жено,во легната положба го храни
густа е бананата само пасирана. И во блендер без ништо е густа. Или мајчино млеко или вода. Јас вода ставам. Мора да разредуваш. Знаат само лапни голтни,затоа. А околу тие кашички 3 за 109 ден се сеќавам за првото еднаш или два пати дали купив така и сите три беа исто претежно од јаболко се.
Muesli, или мусли е популарно име на доручек на база на овесни снегулки, житарици и овошје. Тоа ти е микс. А житарици ти се сите тие компоненти внатре. Ти давај одвоено. Направи си свои идеи.
Житарки јас и давам навечер , не ги мешам со ништо , наутро и давам овошје Ние бевме денес на контрола , денес сме 6 месеца. Ми рече да и дадам слива во комбинација со бананата , и наизменично круша и јаболка. За вечера ми рече може да и давам и гриз , еден ден тоа друг ден оризова каша како што и давам сега. Почеток на април ми рече да и воведам зеленчук компир и морков + една лажичка маслиново масло + неколку капки лимон. А негде средина на април со зеленчукот и пилешко месо. Одвај чекам да видам како ќе ги прифати.
Мали е 5+ проба јаболко,круша,банана, следниве денови кајсија,слива,праска. Дали потоа да дадам ориз (чисто колку да го имам за комбинации со овошјето) па да продолжам со зеленчук или прво оди овошје,зеленчук па житарки?
Според мојата табела 12+за овие овошја. Гледам нови табели од 8+ се даваат.  @Sofi.ja може слободно да дадеш ориз. Па додека пробувате нови вкусови да го комбинираш. Еве @koritsaki секој ден има оризова каша на мени. @PoisonGirl дали доби одговор за тоа дали еден оброк може да се замени со вечера? И мене тоа ме интересира. Бидејќи до 10:00 часотчасот го јаде оброкот, а од вчера почнав ручек во 14:00 и потоа цело време цица, потоа кај 17:00-18:00 е погладна. И цело време бара да цица. На секој 1 час. Па за цицањето пред спиење некогаш немам млеко. А АД да дадам еднаш кај 18:00 не сака ни да помирисни. Некогаш се молзам преку ден И тоа И го давам. Ајде ако некоја знае нека пиши. Мене патронажната секогаш ми вели може повеќе пати по помалку да даваш.
Не добив одговор ама вајда може. Сепак на сабајле му давам нешто полесно , палента , гриз , овошје. Планирам утре да пробам оти денес веќе дадов појадок.
Дали првото пробување на слива мора да е во комбинација со банана? Немам дома,па дали да купам.. И дали ја ставате сливата до лушпа? Имам и суви и замрзнати(домашни) ги сварив и двете па не знам што понатаму Инаку планот ми беше кајсија да му дадам денес,ама сабајле се мрштеше го болеше меше,малку се искака,па да му помогнам со сливата.
Бебе готвач е,сликнав од кај другарка. Баш сега гледав во апликацијата ја нема оваа рецепта,всушност многу помалку рецепти има од книгата
Да се надополнам и јас ја излупив замрзнатата,сувата не можеше. Му ја дадов чиста, ме изненади од прво лажиче прифати,дали веќе е голем па се научи да јаде воопшто не плукаше. Да те прашам за оризот, колкава количина даваше првите денови?знам дека со ориз почна да воведуваш црвста храна. Нас ни е 10ти ден од пробување,па да знам колку да спремам
На кутијата пишува 200мл вода зовриена и ставам 10 лажички од оризот, за секој месец има мерка колку да даваш. Во кутијата си има специјална лажичка, тоа ми е мерник педијататот не ми кажа колку да и давам па затоа според производот се водам
Не , тие лимените кутии имаат лажиче внатре. Nounou, Milupa, Nestle, Giotis Ние сега на Нуну користиме, единствено ме нервира што остануваат грутчиња колку и да ја мешаш убаво со водата.
Не знаев дека има на Нуну креми.. Освен грутчињата, иначе добри се? Био се? Ич не знам ништо за брендов освен млекца за кафе што земам..