Сува слива немој да лупиш. Покисни ја во вода навечер. До сабајле ќе набабри. Ке ја свариш и се блендира супер. Тие љушпи што се гледаат, нека не те плашат. Не се осеќаат и нема да се задави.
Па добри се , да , и првото дете ги јадеше , и ова ги сака а за био не знам дали се , не гледам никаде да е наведено, на Фрезидерм со сигурност се
Дали телешкото мора да е бејби биф? Не можам да најдам моментално ми нудат бут. Може да давам од ова некое време?
Гледам сите со овошје сте почнале (не читав воопшто периодов, премногу бев зафатена со работа) - мене педијатарот ме советуваше да почнам со зеленчук (компир, морков, тиквичка) зашто демек потешко го прифаќале за разлика од овошјето. Демек овошјето благо без проблем го јадат, подобро почни со зеленчук. До сега пробавме морков и млади компирче со мајчино млеко блендирано - супер лапка. Утре сакам да и дадам тиква. Само ич не знам количински колку да и давам. За недела дена 6 месеци. Колку давате на оваа возраст?
И јас сува купив, ја сварив со просото и ја изблендирав. Околу 10 зрна ставив не бев сигурна дали ќе ја јаде, ама му се бендиса.
И дали треба да почнам водичка по малку да и давам сега кога почнавме со пробување вкусови? На доење сме, до сега пробавме компир, морков и тиква. Гледам одма каката погуста и стана.
Имам дома од овој ориз за благо го купив... Дали може некако да се искористи за кашички.. Јас и мм сме на диета па да не стои така пакетчево Инаку денес прв пат боранија давам со телешко и направив 8+
Да ,почни да даваш водичка,колку испие толку. И ние сме на почеток на воведување овие денови е густа каката.
Не, јас немам греано каши. Само на собна Т. Ако била претходно во фрижидер ја оставав малку да стои надвор.
Девојки мм порачал пастрмка од рибник кој што го користат исклучиво за ресторанот нивни и продаваат, малава е 8м и 8д гледам има некои кашички со риба за 8м...може ли да и дадам и нејзе? Или да купам филетиран ослич на метро, свежо кај нас има само лосос ама тој нз колку се троши барем кај нас
Ladna- препорачана од педијатри. Првите два три дена од отварање ја давам така, а подоцна ја превривам. Такво упатство имаше на таа бебешката Бебелан.