Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.473
    Допаѓања:
    183.657
    Пол:
    Женски
    Магдонос од кога? И каков, свеж или сув?
     
  2. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Не би било проблем ако не е органско (за некој период) . Е сега, ми кажаа дека бејби биф е органско произведено, затоа го земам. Другото телешко не знам дали е органско во Веро. Ако некој е поупатен нека ни објасни :)
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    18.647
    Постои „органско“ месо?:smirk:
     
    На koritsaki, The Unicorn и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Хаха погрешно се изразив.
    Мислев на месо (животно) кое е одгледано со природна, органска храна, а не со концентрати. :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    18.647
    на домашно ваљда хаха
    ме збуни со органското
     
  6. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Тоа што на кашичките стои 8+ е за структурата на кашата а не за тоа дека сите тие работи се јадат на таа возраст. Малиот ми е 10 месеци и педијатарот дури сега рече дека можеме да почнеме со риба, и на почеток да почнеме со риба со "бело" месо.
     
  7. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Да де хаха
    Немај гајле, ќе прочиташ уште многу киксови од мене во лет :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    1.086
    Пол:
    Женски
    Не сум дала (најверојатно затоа што ни сама не го јадам) . Но, мислам дека ако имаш дадено целер и пашканат, можеш и магдонос. Подобро свеж.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Слива со што да комбинирам?
    Денес првпат и дадов со банана.
    Не сакам само слива бидејќи течно се кака.
    Предлог за уште 2 дена?
    @EvieBabe и јас почнав прво со зеленчук, ама изгледа нема врска пак повеќе сака овошје. Од зеленчук тиква и батат обожава.
    Тиква печена е многу повкусна од варена.
    Вода треба да и даваш.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209
    Сакам да дадам прв пат месо.
    Денес земав од веро.
    Сакам дел и да замрзнам..
    Па може да ми кажете како го приготвувате за кашичка, а како за замрзнување?
    И првиот пат како да му дадам? Чисто или може во комбинација со зеленчук...
    Колку пати неделно можам да дадам месо?
    А колку пати млечно?
     
  11. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    jas najdov domasno petle go iscistivme, go svariv, vo mali kesicki odeliv po nekolku parcinja i gi zamrznav. Si vadam kesicka po potreba go stavam vo voda i ja sporet da se zatople i voedno da odmrzne go seckam sitno zas inaku je go jade pa vo blender so izbraniot zelencuk i malku maslinovo
     
  12. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.789
    Допаѓања:
    145.332
    :D
    Не мирисаат идеално, ама ќе се навикнеш.
     
    На Мариаа., Puffy2019, Yowannty и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    5,5 месеци сме, на последната контрола педијатарот ни кажа да почнеме со пробување вкусови и ми даде листа со намирници кои кога треба да ги воведам, но нешто не ми е јасно или не можаж да разберам како треба. Дали сите намирници што се за таа возраст треба да ги проба по една лажичка по 3 дена па после 6 месец да и воведам оброк или не е така? Дали меѓу две намирници се прави пауза од некој ден или 3 дена едно, после 3 дена друго, па 3 дена трето... Два пати прашував но не можам да сватам ми вика три дена се пробува едно за да видеш дали ќе има реакција и така па ќе воведеш оброк но никако да ми каже кога и како, мене ми е прво дете и немам искуство со тоа. Ви благодарам
     
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Какво маслиново масло користите? Ние сме 7+ и баш денес гледав во еден маркет ама не пишува кое е рафинирано а кое ладно цедено
     
  15. ifv

    ifv Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    209
     
  16. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    И мене така ми кажа, јас по мое вака си сфатив, ако грешам нека ме поправи некој. Прв ден морков едно лажиче, втор ден морков 3-4 лажици, трет ден морков околу 50-60 грама од око едно морковче цело варено. После четврти ден компир една лажичка, па следниот ден компир неколку лажички, па следниот цело едно мало младо компирче (со мајчино млеко го блендав). Денес еве две лажички тиква дадов. Утре по иста шема, 4-5 лажички тиква и така натаму по списокот.
     
  17. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.149
    Допаѓања:
    6.507
    Пол:
    Женски
    Прашање до генерација (при крај на 6ти месец и почеток на 7ми :)) Кога ќе воведувате млечни и со што од млечни ќе почнете? Може и поголемите бебиња да пишат со што од млечни почнале:). Во повеќе списоци различно ми пишува. Негде прво моцарела и урда, негде прво кисело млеко па збунка сум.
     
  18. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Колку пати неделно се дава месо?
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cassiopea

    Cassiopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со кисело млеко, деновиве ќе и дадам и јогурт, мојава има 8 месеци.
    Јас давам месо 3 пати неделно сега за сега 8 месеци е.
     
    На The Unicorn и Мариаа. им се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    18.647
    Како што сум прочитала овде, 3 дена месо, два дена жолчка/јајце, два дена посни.
    Кога нема јајце мислам 4 пати месо треба.

    Ај сега јас да си прашам:D
    10 дена како воведуваме храна, до сега најмногу што му имав дадено беше јаболка,повеќе од пола купечка каша на Хип.
    Денес имав направено каша од слива,баш ја мерев испадна цело тегличе 125 грамско. Му давав додека јадеше и погодете што ја изеде цела:D
    Последно цицање пред јадење му беше околу 9и30,јадеше околу 12и30, малку закенка околу 2и30 цицаше, во 17 незаинтересирано повлече и да не ги редам уште двете времиња до вечерва,сакам да кажам малку цицаше и незаинтересирано.
    Да не претерувам со количината,да не му е рано?
    Да напоменам дека му ја дадов и водата во која се вареше сливата околу 100мл ,на 2-3 пати ја испи (имаше мака си какањето) и на последното пиење поврати..
     
    На Мариаа. и Presrekna им се допаѓа ова.