Леле се исти прашања имаме генерациски, сваќе! Вчера дадов вода од месо, денес месо пилешко. Се прашувам задутре да дадам или многу е? П. С офтопик честито 7 месеци на зетчето убаво мое. Да е здрав и жив да ве радува. @The Unicorn јас млечни производи од 8+ ќе дадам. Сега седми месец месо почнувам да воведувам и глутен треба, а нареден месец млечни. И тоа изварок, моцарела. Сирење потоа. И за јадењето блендирано или пасирано до детето е. Синко од 6 јадеше парчиња, а немаше заби Оваа се дави од најмала грутка. Но упорно И давам барем пасирани со вилушка, или дел пасирани имешам со блендирано.
Самото дете покажува дали е спремно. Ако јаде е ок. Да не е на сила. И се разбира да не се претерува. Мали желудничиња имаат, плус храната се вари потешко и подолго од мајчиното млеко. И кај мене појави таква незаинтересираност кога почнав со оброк. Но затоа сега на 7 месеци пак цице бара почесто И некогаш 100 гр. оброк не го дојадува. Еве 3 ден како и давам ручек но послабо јади. Ќе менува без грижи.
Мене ми е во план при крај на 7ми, сега почнав со месо, па прво тоа да испроба. Веројатно и не е многу битно со што ќе се почне, секако ќе воведуваш едно по едно. Ама нека советуваат искусни. Мене педијатарката ми рече со козјо кисело млеко да почнам. Не е козјото јако за уште сеа на почеток?
Месо и млечно дали може ист ден или нема врска? Прво телешко или пилешко се дава? Некој совет околу месово, сакам денес да дадам...
Мене ме советуваа телешко да е прво поради железото, па така почнав. А негде прочитав ако даваш месо и млечно во ист ден, да има најмалку 3-4 часа разлика меѓу оброци. Јас млечно немам уште воведено.
Млечни планирам при крај на 7 месец, да форсираме месо сега повеќе. Во листата од Др.пишува да се почне со моцарела, со поголемиот син почнав со кисело млеко. @Мариаа. Месо давам 5 дена во неделата, два дена без месо. Така давав и за првиот син така и сега ми е препораката од педијатрот.
Мајки, од која леќа земате за бебка? Ние сме 8+ може да ја воведам така? Исто и боранија сакам..имам замрзнато..мојт и тоа?
И ние сме 8+ боранија вчера прв пат и дадов со тоа телешко, и денес пак ќе дадам а за леќа и јас нз кога.. Ке почекам да ти пишат тебе...
Најискрено многупати и педијатри те не збунуваат баш погледни @srekice имаше објавено табела што да се чудиш но тоа е што е, јас никаква табела немам добиено и баш со нејзе контактирам прашувам и фала и што ми одговара... Дали риба си дала имам дилема околу тоа..
Ако даваш прв пат почни постепено па зачестувај, така препорачува нашиот педијатар јас така давам. @SINOLICKA_123
Ете да се јавам и јас генерациски Матичната на малата ме охрабри да давам секакво месо, ама не прашав колку често Кажете ми со што комбинирате пилешко на Холе?
Јас кај Драгана Емел го носам, од нејзе имам табела и по неа се водам. Риба немам дадено, планирам после 10+. Од Рамстор земав на Кибела, прв пат правам и јас. Ако сакаш ќе ти ја сликнам.
Генетацио јас вчера дадов пола од истата во комбинација со пашканат, компир, кромид и тиквица. Другата половина за утре со ориз и зеленчук ја чувам. Убаво гго прифати за прв пат. Прво и дадов неколку лајчиња чисто месо, па измешав со зеленчук. На здравје да и биди. Денес 3 ден ручек и давам и многу слабо ми јаде. Имав зеленчукова каша со пиперка, 3 пати не проба, мислев не и се допадна, па отворив кашичка на хип мала, 1/3 не јаде. После 2-3 часа пак ја понудив не сакаше. И направив ноќна каша кај 18:00 часот со 60 ми вода едвај неколку пати касна. Измеѓу цица на 2 часа. А доручекот си го јаде убаво Дали е спремна за ручек? Патронажната ми рече да И воведам И 3 оброк бидејќи сме триплирале родилна тежина и била напредна. Јас не сум за, ама И како кога ручекот не го јаде а не И вечера. @PoisonGirl прашав за доручек и вечера ми рекоа дека големо растојание ќе биде не се препорачува.