Едниот го нарекуваат вистински цимет (Cinnamomum verum) наречен уште и цејлонски-цимет, а постои и касиа-цимет или кинески-цимет (Cinnamomum cassia). Првиот, има благ вкус со специфична нежна арома. Природно расте на Шри Ланка која во времето на британското колонијално владеење била нарекувана Ceylon оттаму и називот сејлониан т.е. цејлонски цимет. Но истиот така расте и на Мадагаскар, Сејшелите, Маурициус и Хаваи(САД). Во Скопје цејлонски цимет можете да набавите во продавниците на Био-Култ во ГТЦ (3. кат) и Capitol Mall (приземје). Пакетче е 150 ден. Вториот, тнр. касиа или кинески цимет (иако потеклото обично му е од Индонезија) е значително поефтин, најраспространет е низ продавниците во форма на стапчиња или ситно мелен прав. Има многу интензивна арома и остар, речиси лут вкус. Истиот содржи кумарин кој во мали количини може да биде лековит но во прекумерни количини може да биде штетен за црниот дроб т.е џигерот. Еве една информација плус. Превземено од фемина тема за цимет.
Може зошто да не, некогаш ќе си направам житарка па мешам со некоја кашичка. Инаку сега пред некој ден се слушнав со матичната рече по најновите препораки месо да се воведе од 6 до 7 месеци, така да слободно. Телешко свекор ми најде домашно од познат, а пилешко посигурно ми беше од тегле, ама и се гади го плука
По Кибела, купив што е таа на Рамстор и многу брзо се свари, по неа купив органска на ДМ и таа е супер. Затоа прашав баш за Кибела, а и на изглед повеќе ми личеше на обична леќа. А кога се работи за водата знам дека е ужас, преполна со хлор. Баш ќе пробам грав со купечка да варам.
Овде прашував и јас , но не добив одговор. Случајно во некоја од темите за корона имаше пишано дека може купениот спанаќ добро да се измие, да се пребрише убаво да биде сув спанаќот и потоа да се замрзне.
Јас имам слушнато дека не е препорачливо спанаќ да се конзумира кој што е замрзнат бидејки оксидирал. Сепак најдобро консултација направете си со доктор педијатар или нутриционист,сепак се работи храна која е за бебенце.
Пробување на вкус -тиква. Подобро е варена или печена? Како да прочитав негде на почеток подобро варена,а подоцна печена. Колку време варите тиква, со оглед на тоа што за печење треба 1, 1ипол час?
Мамии ве молам за совет, од кога почнавте да давате ужинка? Бебка за 10дена ќе полни годинка На сабајле пија млеко Доручек, овошје со житарици Млеко Ручек, кој ни доаѓа подоцна Вечера Млеко Дали наместо млеково после доручек да воведам ужина и што давате за ужина? Инако скоро сите оброци и се на растојание од 3ч..Фала вии
И јас варена ја давам. Ја сечам на помали коцки И варам околу 30 мин. И до тиквата е. Зависи каква сорта е пробај. Кога е Мека е готова. Целер може од 7+? @Yowannty гледам дава. Кажувајте што давате друго, некои идеи. Мојава лапачка се претвори во џимрија. Само плука и не јади. Посебно ручекот. Вчера бидна и гризот. Така варен не проаѓаше, па додадоа пола варена Круша, па така го изеде. @Мариаа. и @Septemvri ви благодарам. Вчера во погрешна тема пишев. Дали тиква со јаболко може за доручек?
@Presrekna целер е 7+ ама коренот, листовите се 12+. Јас воведов малку по малку цел. И ставам мнооооогу малку, зошто целерот е многу јак. Бебла јаде зготвено со целер, само така ми проаѓаат зеленчуци каде нема измешано батат или тиквичка на пример. Магдонос имам свеж во саксија, ама уште е мал, го чекам да порасне.
Не знам шубе ми е ја фрлив цела кеса..имало токсичен дел па требало да се измие убаво па да се попари не знам ти што, ама премногу ми е комплицирано...можда понатака...
@srekice те читам за абц дека пишуваш. Како и го даваш? Со средина од лепчето? Каков леб? Уште недела дена сме 9м. Сакам да дадам. А има 4 запчиња. 2 горе 2 долу. Муабетот ми е дека ќе можи полесно да џвака
Леб Мое дете нема ни еден заб. Не џвака воопшто. Само мазно блендирано Абц и дадов во палента и кус кус. Веќе не давам. Само јогурт користсм. И моцарела од млечни производи.
Кус кус?? Шо е то? Немам дадено повеќе намирници, морам да почнам полека да воведам дел по дел. Друго шо и даваш ти?? Некои идеи?
Кус-кус е вид тестенина. Мислам без глутен. Кога ке се сваежри е како тарана. Многу е здраво. Инаку, за, идеи не прашувај. Моево дете е јадач голем, али само на одредени намирници и комбинации. Јас секој ден вртам: ПАЛЕНТА КУС КУС ХЕЉДА КИНОА ПРОСО СЛИВА АВОКАДО ЈАБОЛКО КАЈСИЈА ВИШНА ЈОГУРТ МОЦАРЕЛА ЖОЛЧА Месото го делам на два пати. За доручек со слива и авокадо. И за ручек со палента и јогурт. Инаку че нема да јаде.
Фала Среќиче. И мојата е јадач, пу пу машала хахха Денес за ручек и направив ориз, морков и кромитче и тоа убава порција, лелле го изеде цело и уште сакаше, срце мало. А на почеток си реков абе многу да не направив хахха Нека јадат, знајш колку ги има шо мака мачат за јадењето. Благословени сме ние
Зошто во бебе готвач воведувањето на брокула е со морков (и сите други зеленчуци со морков), а на морков со круша? Нели треба еден по еден вкус,за да ги запознае?
Ај едно супер глупо прашање Ве прочитав дека замрзнувате тиква. Ја замрзнувате без кора на парчиња за да може одма да се извади и вари или со кора?