Јас без кора на коцки ја исеков и замрзнав. Туку ќе те прашував гледам млечни даваш. Како и кога почна? Гледам бебуш мој збеснува по к.млеко кога јадеме. Па да си прашам др за навечер кога не и стига цицање кај 18:00 да и сркнувам по некое лајче. И со @Мариаа. Вчера гледам имате дадено спанаќ И блитва. Денес има за ручек. По колку количина спанаќ/блитва давате. На бебе готвач гледам каша со спанаќ околу 200 гр спанаќ. Толку јас не би јала. Баш некни вагав кога И правев околу 30 гр беше. Да не е малку? Планирам 2-3 л ориз, морков И спанаќ. Фала ви
@The Unicorn јас ја имам замрзнато ислупена и на коцки. После само ја варам. @Presrekna од блитвата ставив од око, неколку листови, прв пат ни беше.
Мајка јас кога давам спанаќ ставам околу 30тина ливчиња и го мешам со пола морковче, четвртина кромидче и инстант ориз од Хип . Вака ми се полни скоро цело тегле од 190 гр.
Дали може да давам инстант ориз на хипп наместо обичниот ориз? Немам дадено обичен ориз никогаш, а вакви кутии имам неколку дома.
Да, јас за ручек и правам обичен. Инстант користам ако треба да ја згуснам некоја каша инаку благе везе нема со ориз на вкус
30тина ливчиња?? Не е многу? Уствари моја претпоставка е ова, ама јас давам околу 5 ливчиња и многу убава зелена боја си добива. Ориз обичен давам, околу една рака и пола морков.
Можеш, јас давам инстант од кога имаме воведено ориз, плус и инстантот само се раствара не му треба варење и не е таков леплив како обичниот. Мене ми е попрактичен
@Presrekna вчера дадов прв пат кравјо кисело млеко со спанаќот. На точно 7 месеци. Докторот ми пиша во текот на овој месец да воведам од млечни кисело млеко, несолено сирење и путер. За навечер можеш да го дадеш со палента на пример. Млечно - житна каша е супер за вечера. Спанаќ ставам од око. Отприлика околу 90-100грама. Минатиот пат ставив помалку и кашата ми имаше повеќе вкус на ориз отколку на спанаќ. @Мариаа. И јас нон стоп давам инстант ориз. Менувам помеѓу хип и холе. Двата се супер.
После колку време воведовте цел оброк?? Ние веќе скоро 2 недели пробуваме вкусови (5 полни месеци сме) ама незз кога да му ја давам цела кашичка(125гр)
Дали од тиква може да се појави алерија? Дали освен осип алергијата може да биде како гушење? Почна да ми прави некои звуци со грлото кога го хранев,почна уште пред да ја проба првата лажичка,па затоа мислам дека е игра ,ама нешто ме јаде да не не е игра..инаку весел,ја изеде целата кашичка. Нежна кожа има,често се исфрла од играчки,вчера попладнето (прв ден тиква) на едниот образ му се појавија 2-3 големи бубулички, во текот на денот на другиот образ во близина на увото една голема,вечерта уште една,ноќта уште една, ама ме зачуде овие три беа во иста линија,веќе сабајлево ги немаше. Ќе пратам и денес ситуација. Најмногу ме загрижува звукот како "гушење"
Дали кратко беше тоа гушење или уште трае? Не давај количински многу од нова намирница. Од храна излева прво околу усте црвенило кое треба да помине после 10,15мин, како пликови изгледа. Брунчињата се најверојатно од друго.
Не можам да кажам дека е гушeње, не поцрвене во лицето,не покажа дека не може да земе здив, туку само испушташе некаков звук со грлото... не знам што е , траеше додека јадеше, ама го направи и пред да почне да јаде. Вчера проба малку тиква, денес малку повеќе од половина тегличка, домашно направена.
Да те прашам брокулата свежа ја замрзнуваш или треба малку да се обари? Ја разделуваш на помали парчиња?
Едит: @Presrekna сега миев спанаќ за да замрзнам за бебе и баш измерив. 100гр спанаќ било многу. Дефинитивно не ставам 100гр во оброк. Околу 40-50грама. Сори за грешка.
@The Unicorn Фала ти мила. И јас мерев денес, околу 50гр И дадов. Уживај. И прашав др за млечни ми рече слободно во 7 месец. Ќе ја израдувама денес со к. млеко @Мариаа. И јас обичен ориз за ручек варам, ептен да бидам во гужва инстант ставам, инаку него за згуснување во кашичка го користам. Повеќе на почетокот сега знам колку вода да ставам. @PoisonGirl денес имаше таков ручек само со обичен ориз. Ја видов @koritsaki дека дава доручек и вечера и тоа по препорака на педијатар, а еден месец е помала бебушката нејзина. Но Грција живее што значи прави си како што налага бебе. @Septemvri те читав во мени за бебе темата. Вие ептен нејадачи сте биле. Ама ќе смени. Има многу деца додека цицаат слабо јадат. @Mia Fuentes како помина месото кај принцезата? Не те читнав можеби си пишала?