@Yowannty пола кашички во Мк не ги носат Него да прашам, @Septemvri и @Мариаа. мислам имаат воведено глутен со гриз. Ме интересира откако воведовте колку често давате глутен во исхраната? Или откако ќе воведеш може и секој ден да е присутен?
Чисто телешко И пилешко на хип има? Ја телешко со мешавина од зеленчук давам, а пилешко или холе или домашно. Инаку @The Unicorn погоре пишав јас дадов глутен со обичен гриз. И после 2 дена денес во овошје за доручек ставив 2-3 лажици инстант каша на хипп од повеќе жита со глутен. Мислам дека може да се дава слободно штом пробаш
Само одолговлекувам со глутенот... И јас го давам телешкото со мешавина од зеленчук и тоа само со ориз и морков. Сега имам телешко сварено изблендирано и замрзнато па користам од тоа во зеленчуковиве каши. Чисто телешко и пилешко на Хип не сум нашла. @Yowannty да прати на цела генерација од Грција
И овде слабо асортиман на Хип, баш се жалев претходно по темиве. Јас кај што сум ништо нема. Нарачувам од онлајн аптеки од Солун или Атина. Ама најдов повеќе работи на Холе, па кутиите претежно на Холе ми се. И јас воведов глутен со гриз. Нема никаква реакција бебла. Давам 2-3 пати неделно. Вчера дадов прв пат овесна кашичка, ама не ја бендиса.
Јас не давам секој ден. Два-три пати неделно давам. Така ми кажа педијатар за почеток, па после може и секој ден. Да прашам јас од која палента давате?
Макарончињава ми се купени за нас а гледам на составот освен гриз од тврда пченица и вода друго ништо не пишува... Сте користеле ли за во супа или неш други за бебе?
Мајки дали ќе сакате да ми ги сликнете списоците со намирници? Мојот бебуш денес прави 5 месеци, и за недела-две сакам да почнам со пробување вкусови, ама ради вирусов не ми се оди на педијатар да се консултирам за со кои намирници да почнеме. Имам табели од интернет ама не се совпаѓаат со месеците, па вака дадено од педијатар ми е посигурно. Однапред Ви благодарам.
@Мариаа. јас од старт ја давам таа со дете на пакувањето. Некоја членка имаше пишано дека подобро било да се земе од продавнициве за здрава храна.
Ние сме 6+ по препорака од педијатар на 4 и пол месеци , почнав со морковче, па јаболко,па круша,и му давав на пр. 2 дена морковче 2 дена јаболко по 2 лајчиња (не ни сакаше повеќе) па почнав да му мешам јаболче со морков, морков со компир, па воведов банана , слива, и така пополека од се вкуси, не му давав само житарици,месо, секако не и јајце, ама од овојше и зеленчук се, малце сварен и пасиран.
Сакам да ве прашам мајки по колку ви јадеа бебушите на 6+ месеци. Јас со молење со плачки ако е мерка 1 тегличе од хип, ја јаде на два пати, ретко кога повеќе од пола јади во 1 оброк. Стварно незнам што да правам за да јаде повеќе... педијатарот е лабав ми вика колку јаде толку...
Глутен давам често од кога имам воведено, три пати неделно сигурно а некогаш и почесто @The Unicorn , @Мариаа. Палента давав од таа со детенце на сликата, сега купив од дм био палента, само забележувам дека е покрупна од претходната ама кога ке се свари не би требало да има проблем.
@Yowannty Кога сме кај Holle имаш дадено на беба твоја од кашава? Јас ја купив пред некое време ама не ја давав зошто содржи глутен. Сега веќе една недела како и воведов и глутен (таа на Нуну содржи) ама не знам како подобро оваа да и ја дадам, пишува дека се подготвува со 200 мл млеко и вода , се зезнав, требаше некоја од Холе со млеко внатре да земам
Имам ситно мелени интегрални овесни снегулки. Кога можам да дадам? Тие содржат глутен така? Не пишува ништо на пакувањето.
Не ми е при рака во моментов да сликам, но точно знам дека е вака зашто сме при крај со овој список почетен: Морков Компир Тиква/тиквичка Слива Јаболко Банана Ориз Круша Палента Јас ја рипнав сливата зашто мое бебе и така кака по 3-4-5 пати дневно, ќе ја дадам подоцна. Денес пробавме ориз и ми останува уште круша и палента од списокот. После планирам според членкиве да се водам и на кашите Хип зјапам за ориентација што пишува од 4-5-6 месеци: батат, праска, брокула, кајсија, авокадо, спанаќ, киноа...
Ја имам таа со млеко само динкел пишува. 2 пати имам дадено до сега бебе ја сака. Да ја дадеш со ад за почеток можда.. На Холе имам и гриз со банана, топиока и овес. Приметив дека ги имаат истите вкусови во две верзии, и оние што се за вечера се обавезно со млеко. Бар така е овој асортиман овде кај нас.
Каков ориз, обичен или од тој инстант на Хипп? Отприлика колку ориз стави и дали го правеше со вода или млеко? Многу прашања имам како за почеток, се надевам брзо ќе влеземе во шема
Здраво мајки да прашам Во петок ќе ни биде да и дадам 2пат цела жолчка, вчера цела си ја изручка немаше никаква реакција... Сакав да прашам дали би било во ред да и ја дадам пример со тиквичка рендана, морковче и жолчката како плескавички или омлет... Или мора варена
Прочитав овде напред во темава дека блитва,брокула,спана не се давало повеке од еднаш во 10 дена ,за да не дојде до оптеретување на бубрезите мене некогаш ми се дешава да дадам 2-3 пати во неделата некогаш еднаш неделно. Еве не сум знаела. Како давате вие?