Зошто се губат важните протеини што го содржи млекото Ако е замрзнато , стави го под млаз топла вода да истекува и полека ќе се одмрзне. Ако сакаш да е стоплено , стави во тенџере вода топла и стај го шишето со млекото нека постои неколку минути додека не се загрее. А директно да загреваш на рингла или во микробранова никако
Praev rucek za bebka,meso od domasno petle so zelencuk. Mi izleze mnogu. Dali moze kasata da ja staam vo teglr i da odstoi za den dva pak da dadam?
Ај неколку прашања Дали воведениот оброк секогаш го давате во исто време; пример, прв воведен оброк секогаш околу 12 часот? Или може да го дадете и во 17 да речеме? Кога се воведува втор оброк и исто, дали после двата оброка се даваат секој ден во исто време? Трето, моево мало и со цицање и со кашиве сега, не јаде многу количински и бара пак на два саати. Наместо да зголемуваме растојание меѓу оброци, ние на шест месеци уште си цицаме некогаш на 3, некогаш на 2.5, некогаш и на 2 саати. Дали грешам што и давам цице секогаш кога ќе побара? Не е воопшто “дебела” - таманска си е, 62-63см со 5700гр, но чисто како некоја “дисциплина” и режим на јадење. Некои слушам викаат Аа и да плаче, не давам на помалку од 3. И мене би ми било полесно да не станува уште ноќе на 2-3 саати за цице ама не можам на сила да ја натерам да исцица повеќе, така си јаде од старт. Дали да почнам некако да форсирам јадење на три саати или да си терам како до сега?
Ние сме 6 месеци , оброците гледам да ги давам отприлика исто време секој ден , на пр. доручек (овошје) и давам околу 8-9 саат сабајле , зависи кога ќе стане и кога ќе цица претходно. Беба секое сабајле исто време станува. Вечера (житни креми) и давам од прилика од 17:30- 19:00 часот , а од наредна недела кога ќе воведеме и ручек ќе и давам покасно вечера. Јас и давам кога ќе посака да цица. Млекото уште не ми е регулирано по 6 м доење , ако не и дадам на 3 часа , тече самото , градите тврди ги чувствувам инаку исто вечер се буди и бара да цица. Некогаш се прашувам дали е гладна или цицето и прешло во навика веќе
@EvieBabe треба да се запази времето за да има ред и со цицање. Ако даваш еден оброк во 17:00 тоа би било вечера, па ќе треба да воведуваш доручек и ручек. Сега не може до минута точно да се запази, ама од прилика да е блиску. Меѓу 2 оброка секогаш има цицање. Мојава доручкува околу 8-9, околу 11 цица и спие, ручек и е околу 13:00-14:00. Цица на 2 часа од прв ден. Во зависно од тоа кога ти заспива навечер треба да има минимум 2 часа од последниот оброк за да не и дојде тешко на стомаче оти нели заспиваат најчесто со млеко на цицка. Јас планирам вечерата најдоцна до 18:00 да ја воведам.
@EvieBabe како што ти рекоа @Yowannty I @koritsaki практикувај во исто време оброк. Обично кај нас др советуваат прв да биде доручек, па ручек па вечера кај 8 месеци. Но ова теоретски. Зависно кога почна со до храна, од бебето и од др работи. Исто и мојата независно од оброк цица на 2 часа. Само ноќе не. Станува 1-2 пати во период од 11-12 часа. После оброк цицањето и е онака колку да не помирисни и за спиење. Ама ќе тргне неколку пати. Исто и јас давам доручек кај 9-10, ручек кај 14:00 Од наредната недела ќе почнам со вечера. Гледам тој период од 18-20 часот ми е погладна и виси на цицка и понервозна е. Плус сега покасно ќе легнува. До сега во 19:30 беше заспана. Еве вечерва сега кај 20:30 заспа,со саатот што се промени. Денес за проба кај 18:00 и дадов неколку лајчиња ноќна каша и многу посмирена беше. Ако нема мака ноќеска ќе воведам и вечера.
Да , тоа гледам од прилика да се во исто време оброците. Цица на три часа од прилика , ама кога ќе се најаде од др јадење не цица сигурно 3 часа после (и давам плус вода по јадењето , знае 50жл оддеднаш да испие) и не и се цица секако а мрне ми се преполнуваат градиве ама гледам да се измолзам др нема. Ручекот ќе планирам кај 14-15 часот да го дадам , ептен некогаш ме зезнува со спиењето преку ден па затоа не и го давам оброкот во исти час
Како даваш вода? Моево нешто нејќе. Пробав со шише, цц. Со лажичка по малку ама тоа е смешна количина.
Имам сварено неколку ливчиња спанаќ од вчера и ми се на собна температура. Можам да ги искористам денес?
За чудо ептен сака вода да пие, првата ќерка воопшто не сакаше Најчесто оваа на Нук чашката сега ја користиме
Кога даваше одмолзено млеко претходно од шише даваше така? Ми е страв да не не сака од клунче да пие,да не е навикнат на шише. Или нема некоја разлика? А го меркам одамна ова на Нук,денес сакав да го купам. Инаку си пие од шише вода,,некогаш и по 80мл на ден,има желба. Ама цуцлата веќе е за менување
Житарките по кој редослед ги воведувате? Планирав откако ќе завршиме со зеленчук, да почнам со ориз,палента,просо па после гриз и другите со глутен. Дали ги давате чисти или веднаш мешате со веќе пробано? Дали давате од оние ние што јадеме (пр палента) или од специјалните на Хип baby's first...?
Кога давав одмолзено млеко, давав од шише со цуцла. Шишево со клунче лесно го прифати. Ти можеш да пробаш да му дадеш и од вакво шишенце, ако одбива , тогаш здравје понатаму За житарките почнавме со ориз , ама јас давам од овие каши што се подготвуваат со млеко/вода на Холе и сл. Сега давам плус спелта и гриз , и менувам секој ден
И јас имам купено ориз на Холе, ги видов овие на Хип намалени па затоа прашав,дали да купам. На тиквичка семките ги вадите?
Мајки на бебуши со 3 оброци. Што давате за вечера. Може и генерацијата да каже ако има план. Дали правилно давам наутро овошје со житарки, ручек зеленчук со или без месо, а вечера? Вчера дадов хип млечна каша со житарки и слива за добра ноќ риготвена со вода. Да не и е многу 2 пати житарки?! Знам за синко давам па лента со кој. млеко, К. млеко со овошје, житарки со млеко. .
Се си е ок. Само јас не би давала слива пошто ќе ја мачи меше. Барем мојата е осетлива. Давам банана, јаболко и ретко круша. Макарони, супа, палента, гриз со нешто млечно. Битно е да е 2ч пред спање за да го свари и да нема грчеви.
Генерацио, прашање за вас: почна ли некој со трет оброк? Ние 3 недели сме со втор оброк ама последниве два дена не се знае ни јадење ни пиење ни цицање. Забче е на повидок па кога давам оброк не го дојадува а приквечер е гладен и нервозен. Цица тегне па сака па неќе .. сега дадов пола купечка кашичка зашто немав ништо зготвено. Си ја излапа. Пола дадов бидејќи за еден сат ќе спие а заспива само со цицање
И ние сме скоро цел месец со воведен втор оброк. Последниве два дена насабајле правам повеќе од овошната каша и од она што ќе остане му давам навечер кај 19,30 одприлика.